БРИТАНИЈА

7f6d9550-1dc6-4a6f-bd7b-833085f63194

Кинески хакери со години ги прислушувале мобилните телефони на британски функционери

Кинески државни хакери со години имале пристап до мобилните телефони на високи функционери на британската влада во Даунинг стрит, открива британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извори запознаени со истрагата. Според објавените информации, станува збор за сериозна шпионска операција што значително ја загрозила безбедноста на британската влада и му овозможила на Пекинг увид во приватните комуникации на највисоките државни претставници.Како што наведува весникот, мета на нападите биле блиски соработници на поранешните премиери Борис Џонсон, Лиз Трас и Риши Сунак, во периодот од 2021 до 2024 година. Иако засега нема потврда дека мобилните телефони на самите премиери биле компромитирани, извор близок до истрагата предупредува дека упадот одел „директно во срцето на Даунинг стрит“.Американски разузнавачки извори информирале дека кинеската сајбер-шпионска операција, позната под името „Солт тајфун“, и натаму е активна, што отвора можност и актуелниот британски премиер Кир Стармер, како и неговите најблиски соработници, да биле изложени на прислушување. Откривањето на аферата доаѓа во чувствителен политички момент, во пресрет на најавената посета на Стармер на Кина, прва посета на британски премиер на таа земја од 2018 година, чија цел е зајакнување на трговските и инвестициските односи.Безбедносни извори наведуваат дека хакерите имале можност да читаат пораки, да прислушуваат телефонски разговори или, во најмала рака, да прибираат метаподатоци, односно информации за тоа кој со кого комуницирал, колку често и од која локација. Поранешната заменик-советничка за национална безбедност на САД, Ен Њобергер, изјавила дека хакерите можеле „по сопствена волја да снимаат телефонски разговори“.Нападите врз Даунинг стрит биле дел од поширока глобална шпионска операција насочена и кон Соединетите Американски Држави, како и кон останатите членки на разузнавачкиот сојуз „Пет очи“ – Австралија, Канада и Нов Зеланд. Иако упадите започнале уште во 2021 година, разузнавачките служби ги откриле дури во текот на 2024 година.Кинеското Министерство за надворешни работи претходно ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и без докази. Британските власти, пак, тврдат дека домашните телекомуникациски мрежи се подобро заштитени благодарение на Законот за безбедност на телекомуникациите од 2021 година, но еден висок американски функционер оцени дека станува збор за „една од најуспешните шпионски кампањи во историјата“.

Свет | пред 4 дена

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп ги прозва Британците за „голем идиотизам“, Лондон возвраќа дека договорот останува

Изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, со која одлуката на Обединетото Кралство да го предаде архипелагот Чагос на Маврициус ја оцени како „голем идиотизам“, нема да влијае врз спроведувањето на постигнатиот договор, порача британската влада.Во изјава за Sky News, главниот секретар на премиерот и член на потесното раководство на британската влада Дарен Џонс истакна дека договорот со Маврициус е веќе склучен и законски уреден. Според него, Велика Британија ги договорила условите со властите во Порт Луис, донела соодветна законска рамка и го потпишала спогодбениот документ, со што процесот е завршен.Џонс нагласи дека договорот претставува начин да се обезбеди функционирањето на британско-американската воена база на островот Диего Гарсија за наредните сто години, потенцирајќи дека токму ова било клучната цел на британската дипломатија. Тој потсети дека и Соединетите Американски Држави претходно позитивно се изјасниле за договорот, а поради сложениот меѓународно-правен статус на архипелагот било неопходно да се најде трајно решение со кое ќе се заштитат воените капацитети.Запрашан дали пристапот на британскиот премиер Кир Стармер, кој настојува да одржи блиски односи со Трамп, дава резултати, Џонс одговори дека британскиот лидер бил критикуван затоа што не реагирал со јавни навреди или остри пораки. Според него, наместо тоа, владата се одлучила за сериозна и тивка дипломатија, што, како што рече, ја ставило Велика Британија во подобра позиција од која било друга држава во односите со новата американска администрација.Во меѓувреме, лидерот на партијата Reform UK Најџел Фараж, кој важи за близок до Трамп, застана во одбрана на американскиот претседател. Во објава на социјалната мрежа Икс, Фараж напиша дека е благодарен што Трамп, како што наведе, „ставил вето на предавањето на архипелагот Чагос“, дополнително заострувајќи ја политичката дебата околу ова чувствително геостратешко прашање.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryh7cqfsgbejjgaVJdFvc

Британија, Франција и Германија: Руското користење на „Орешник“ е ескалација

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија го оценија руското користење на балистички проектил со среден дострел „Орешник“ во западна Украина како „ескалирачко и неприфатливо“, се наведува во соопштението од разговорот што во петокот го објави кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер.Стармер во петокот разговарал за состојбата во Украина со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, при што тројцата лидери изразиле загриженост поради последните потези на Москва.Русија потврди употреба на „Орешник“Русија потврди дека употребила проектил со среден дострел „Орешник“ во напад врз западна Украина, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија. Ова е втор ваков напад врз Украина во кој е користено ова оружје.Москва тврди дека нападот е изведен како одговор на, како што го нарекува, „терористички напад“ на Киев врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин на 29 декември 2025 година. Украинските власти ги негираа овие обвинувања, оценувајќи ги како лажни тврдења чија цел е да се оправдаат нападите врз владини објекти во Киев.ЕУ: Обид за заплашување на сојузницитеНеколку дена по самитот на кој европските земји се обврзаа да понудат трупи за Украина во случај на прекин на огнот, а САД поддржаа обезбедување безбедносни гаранции за Киев, Европската унија порача дека Русија се обидува да ги заплаши украинските сојузници.„Извештајот за руската употреба на ракетата ‘Орешник’ претставува јасна ескалација против Украина и е наменет како предупредување до Европа и САД“, напиша високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, на социјалната мрежа Икс. Таа повика на зајакнување на противвоздушната одбрана и на „зголемување на цената на оваа војна за Москва, вклучително и преку построги санкции“.Проектил со можност за нуклеарна боева главаРусија првпат ја употреби ракетата „Орешник“ во ноември 2024 година, кога беше погоден украинскиот индустриски град Днипро. Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека западните системи за противвоздушна одбрана не се способни да ја пресретнат оваа ракета и предупреди дека таа може да погоди цели и во западна Европа.Западни воени аналитичари, пак, предупредуваат дека „Орешник“ е способен да носи нуклеарна боева глава, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедносната состојба во регионот.

Свет | пред 3 седмици

media-librarytjj59i3bf36n2pUGqc6

(Видео) Силна олуја ја погоди Франција и Британија, снимките се застрашувачки

Силни ветрови денеска ја погодија Франција и Велика Британија, додека олујата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домаќинства без електрична енергија. Во Франција, околу 380.000 домаќинства останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија „Енедис“.Во текот на ноќта беа регистрирани налети на ветер со брзина поголема од 150 километри на час во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 километри на час во Барфлер. Железничкиот оператор СНЦФ го прекина железничкиот сообраќај меѓу Париз и регионот Нормандија.Во Велика Британија, 57.000 домаќинства останале без струја, според „Нешнл Грид“, откако олујата Горети донесе дополнителни снежни врнежи и цела недела ледено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и во делови од централна Англија, кои се особено тешко погодени од олујата.Железничките оператори во тие делови од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а дел од железничките линии се целосно суспендирани.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryn7r84urjc2tqeNCIeT9

Преку Grindr намамувале жртви и ги ограбувале во нивните домови: двајца мажи осудени на затвор во Лондон

Двајца мажи кои преку апликацијата за запознавање Grindr намамувале жртви во нивните домови со цел да ги ограбат, се осудени на затворски казни во Велика Британија. Рахмат Кан Мохамади (23) и Мохамед Билал Хотак (27) користеле разработена и однапред испланирана метода за кражба на мобилни телефони и банкарски податоци од своите жртви низ Лондон, објави Sky News.Според обвинението, двајцата, кои се бегалци од Авганистан, преку Grindr договарале средби со жртвите, а откако ќе влезеле во нивниот дом, барале да пуштат музика на YouTube. На тој начин обезбедувале телефонот да остане отклучен. Потоа, користеле различни начини за одвлекување на вниманието – барале жртвата да се истушира, да подготви пијалак или прашувале каде е тоалетот – со цел таа да ја напушти просторијата. Во тој момент го земале телефонот и заминувале.По кражбата, уредите биле користени за онлајн и бесконтактни плаќања, а во одредени случаи и за префрлање пари на нивни лични сметки. Мохамади на ваков начин ограбил 11 жртви во периодот од октомври 2024 до март 2025 година, додека Хотак учествувал во нападите меѓу октомври и декември 2024 година.На Крунскиот суд во Isleworth, Мохамади беше осуден на пет години затвор, а Хотак на три и пол години. Судјката Аденике Балогуњ при изрекувањето на пресудата истакна дека ги земала предвид психолошката траума и вознемиреноста што жртвите ги претрпеле откако ги пуштиле обвинетите во својот дом. „Ги поканиле во својот приватен простор, а за возврат биле злоупотребени“, нагласи таа.Обвинителството тврдеше дека станува збор за злосторства од омраза, бидејќи жртвите биле целени поради нивната сексуална ориентација. Сепак, судјката оцени дека жртвите биле избрани поради нивната перципирана ранливост, а не поради непријателство кон нивната сексуалност. Таа додаде дека Grindr претставувал лесен начин за пристап до домовите на жртвите и дека постои сомнеж оти обвинетите сметале дека дел од жртвите нема да го пријават кривичното дело.За време на судењето беа изнесени и потресни сведоштва. Една од жртвите раскажа дека претрпела тешка психолошка траума, особено поради губењето на фотографии од починати членови на семејството, кои биле зачувани на украдениот телефон. Друга жртва опиша како била одведена во мрачен парк доцна навечер и понижувана пред да ѝ биде одземен телефонот, по што изјавила дека и денес се плаши да запознава луѓе преку интернет.Поротата го прогласи Мохамади за виновен по 10 точки за провала, девет за измама со лажно претставување и една за кражба, додека Хотак беше осуден по пет точки за провала, пет за измама и една за кражба. Надзорникот Овен Реновден од Метрополитен полиција ги опиша нивните дела како бездушни, пресметани и однапред планирани, нагласувајќи дека последиците врз жртвите биле разорни и долготрајни.

Свет | пред 1 месец

kriumcharenje-migranti

Опозицијата обвинува: Пари од Британија за железница, а зад нив – мигрантски договор

Од СДСМ денеска обвинија дека проектот за изградба на брза железница низ Македонија е директно поврзан со договорот со Велика Британија, кој, според нив, вклучува и обврски за прифаќање мигранти.Како што наведуваат од опозициската партија, ваквите тврдења дополнително се потврдени со денешната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој посочил дека изградбата на брзата железничка линија од Србија до Грција, која минува низ Македонија, е дел од договорот со Британија.„Ова е уште една потврда дека договорите за, како што велиме, распродажба на Македонија преку мигранти за пари се реалност“, соопштија од СДСМ.Од партијата тврдат дека кредитот од шест милијарди евра од Велика Британија е условен со прифаќање мигранти, повикувајќи се на објави во британските медиуми. Според нив, секојдневно излегуваат нови докази кои ја потврдуваат оваа теза.СДСМ ја поврзува оваа тема и со, како што велат, „предавството во Собранието“, алудирајќи на гласањето за контрарезолуцијата, а дополнително обвинува дека Владата мигрантите ги претставува како „економски работници“.„Сценариото е јасно – избори, па мигранти за пари“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека граѓаните ќе стават крај на, како што ги нарекуваат, криминалните политики.Од Владата засега нема официјален одговор на овие обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh57kke7mmg81dqHWxoh

(Видео) Британската телевизија GBN за мигрантите: „Ќе ве стационираме во Северна Македонија, таму може да работите и да изградите живот“

Темата за мигрантите деновиве е во фокусот на македонската јавност. Во програма на британската телевизија Great Britain News беше емитувана дискусија во која новинари и гости зборуваа за можност мигранти, за кои Велика Британија нема правна основа да ги задржи или врати во нивните земји, да бидат пренасочени кон Северна Македонија како работна сила.Во студиото, новинарката Линда Доберли објасни дека Британија се соочува со ситуација во која ниту може да ги задржи овие лица, ниту да ги депортира, поради безбедносни ризици во земјите од кои доаѓаат.„Ние не можеме да ги држиме овде, велиме не можете да останете во Обединетото Кралство, но не можеме ниту да ги вратиме од каде што се дојдени. Затоа им велиме дека ќе бидат стационирани во Северна Македонија, каде што ќе можат да работат, каде што има потреба од работна сила и да изградат живот таму. Тоа не е скапо за нас, поскапо е да ги оставиме овде“, рече пратеникот, Бери ГардинерВо продолжение, пратеникот Бери Гардинер ја образложи тезата дека Македонија би можела да биде земја-домаќин за лица кои немаат право на престој во Британија, но не може да бидат вратени назад.„Шемата за Македонија е да ги праќаме луѓето за кои ќе одлучиме дека немаат правна основа да останат во Велика Британија. Но не можеме да ги вратиме, зашто таму каде што би ги вратиле е преопасно.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhqpkd1vl91ca42EYNKZ

Масовни протести во Бугарија: Стотици илјади граѓани бараат оставка од владата

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во среда навечер во Софија и во десетици други градови низ Бугарија и во странство, барајќи оставка од владата. Демонстрациите, кои се оценуваат како едни од најмасовните во последните години, опфатија широк сегмент од населението – од студенти до пензионери.Во главниот град Софија, демонстрантите го исполнија просторот од булеварот Витоша до Ректоратот на Софискиот универзитет. Студентите од неколку универзитети официјално се приклучија на протестот, кој потоа се спои со големиот собир на Плоштадот на независноста. По повеќе од три часа, протестот заврши мирно, но демонстрантите најавија дека ќе продолжат со притисок доколку нивните барања не бидат исполнети.Полицијата постави 19 контролни пунктови и спроведе засилени безбедносни мерки. Според софиската полиција, приведени се над 40 лица. Кај дел од нив биле пронајдени бомби, ножеви и други опасни предмети, а едно лице е приведено врз основа на распишана потерница. По завршувањето на протестот, краток инцидент беше забележан кај споменикот на Васил Левски, кога групи облечени во црно запалиле канти за отпадоци, но ситуацијата брзо била ставена под контрола.Настаните во Софија беа следени од голем број меѓународни медиуми, меѓу кои и Ројтерс и Агенцијата Франс Прес.Антивладините демонстрации се одржаа и во повеќе од 20 градови низ земјата. Во Благоевград студенти и жители протестираа против, како што велат, нелегитимната влада и ниските приходи. Во Варна илјадници маршираа по централните булевари, а протестот заврши на Плоштадот на независноста, без инциденти, но под силно полициско присуство.Во Бургас, централниот плоштад и околните улици беа преполни со демонстранти кои скандираа „Оставка!“ и „Мафијата надвор!“. Поради инциденти со фрлање експлозивни направи, уапсени се 10 лица. Организаторите ги идентификуваа провокаторите и ги пријавија на полицијата.Мирни, но масовни протести се одржаа и во Велика Трново, Видин, Враца, Габрово, Гоце Делчев, Добрич, Казанлак, Крџали, Ќустендил, Ловеч, Монтана, Пазарџик, Петрич, Плевен и други градови. На повеќето места протестите прераснаа во маршеви кои накратко го блокираа сообраќајот.Еден од најмасовните собири се одржа во Пловдив, каде според организаторите над 50.000 луѓе излегоа на улиците. Од плоштадот Саединение колоната се движеше по главните булевари, минувајќи го мостот над Марица и стигнувајќи до Меѓународниот саем. Илјадниците демонстранти бараа оставка од владата, крај на корупцијата, предвремени избори и системски реформи.„Сите ние сме презаситени од корупцијата. Не само младите – сите граѓани“, изјави еден демонстрант во Пловдив. Друга учесничка додаде: „Во 1997 година бевме тука со нашите деца. Сега сме со нашите внуци. Промените ги нема.“Протестите, кои засега минуваат без масовна ескалација, најавуваат долготрајна политичка криза и засилен притисок врз актуелната влада.

Свет | пред 1 месец

500-evra

Британец мора да врати 28.640 евра по 11 години: земал повисока пензија а не пријавил

Пензионираниот британски државен службеник Дерек Ричи (63) се соочува со барање да врати 28.640 евра што ги примал во изминатите 11 години поради погрешена пензиска пресметка од 2014 година, објавија надлежните служби во Обединетото Кралство.Во писмото што му било испратено во март, институциите му се извиниле „за евентуалните непријатности“ и го информирале дека сумата може да ја врати со еднократен трансфер или преку рати, пишува „Гардијан“.Ричи веднаш побарал детално објаснување за начинот на кој е утврдена преплатата, но, како што наведува, одговор сè уште не добил.

Свет | пред 1 месец

media-librarysnbrbsu4u109fhe6YBq

Велика Британија ги укина санкциите за сирискиот претседател

Велика Британија денеска ги укина санкциите за сирискиот претседател Ахмед ал Шара, еден ден по истата одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации, во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп следната недела. Европската унија потврди дека ќе го следи истиот чекор.Во соопштението објавено на официјалната интернет-страница на британската влада се наведува дека санкциите се укинуваат и за сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. И двајцата претходно беа подложени на финансиски ограничувања насочени против Исламската држава и Ал Каеда.Портпарол на Европската унија изјави дека одлуката на Обединетите нации ќе се одрази и на мерките на ЕУ. Велика Британија во април укина дел од санкциите кон Сирија, додека Европската унија го направи тоа во мај, но ограничувањата поврзани со оружје и безбедност остануваат во сила.Шара, порано познат под името Абу Мохамед ал Џулани, стана претседател на Сирија во јануари, откако бунтовничките сили предводени од групата Хајат Тахрир ал Шам (HTS) го соборија Башар ал Асад во брза офанзива.Шара, кој некогаш бил висок функционер во HTS и претходно поврзан со Ал Каеда, беше под санкции на ОН и Велика Британија од 2014 година – кои вклучуваа забрана за патување, замрзнување на имот и ембарго на оружје.Советот за безбедност на ОН вчера ги укина овие мерки, наведувајќи дека нема активни врски меѓу HTS и Ал Каеда. Одлуката доаѓа непосредно пред средбата на Шара со Трамп во Белата куќа за три дена.

Свет | пред 2 месеци

prva-1

Кралска драма во Виндзор: Принц Ендрју одбива да се исели од резиденцијата и покрај наредбата на кралот Чарлс

На имотот во Виндзор се наоѓа раскошна резиденција со 30 соби, во која принцот Ендрју живее од 2003 година. Но, според пишувањата на The Telegraph, кралот Чарлс му наредил да се исели, тврдејќи дека со години не плаќа кирија.Принцот, меѓутоа, одбива да се исели и да се пресели во помал објект, а бидејќи има долгорочен закуп од 75 години, кралот моментално нема законска основа да го исели. Пријатели блиски до семејството велат дека Ендрју, заедно со своите ќерки – принцезите Беатрис и Евгенија – верува дека Чарлс сака Кралската ложа да стане официјална резиденција на кралицата Камила, доколку таа го надживее.Според нив, тоа би било слично на ситуацијата со мајката на кралицата Елизабета II, која по смртта на кралот Џорџ VI живееше во истата ложа. Од палатата категорично негираат дека постои таква намера, но принцот останува убеден дека таа идеја е реална.Изворите додаваат дека кралицата Камила најверојатно не би сакала да живее сама во толку голем имот, особено бидејќи ја има својата омилена куќа Ray Mill во Вилтшир – историски објект кој го купила по разводот од првиот сопруг, Ендрју Паркер Боулс. Таа куќа и денес е нејзино омилено засолниште, а таму годинава беше направен и нејзиниот официјален портрет за 78. роденден.Во март, кралот Чарлс го купи соседниот имот Old Mill, со цел да спречи да се претвори во свадбен објект кој би ја нарушил приватноста на кралицата.Извештаите дека Чарлс сака да го исели својот брат се појавија уште пред последните скандали поврзани со пријателството на принцот Ендрју со осудениот педофил Џефри Епстајн и наводните контакти со кинески шпиони. Но, приказната повторно се актуализирала откако било откриено дека принцот со години не плаќал кирија.Ендрју, сепак, тврди дека има целосно право да остане во имотот, бидејќи во 2003 година платил еден милион фунти за долгорочен закуп и сам финансирал реновирање вредно повеќе од 7,5 милиони фунти, со што, според него, ја заштедил државната каса.Тој инсистира дека со тоа всушност заштедил пари на даночните обврзници, бидејќи го одржувал имотот од сопствени средства. Сепак, дел од пратениците во британскиот парламент сметаат дека фактот што принцот живее без кирија претставува трошок за јавноста.Принцот Вилијам, кој останал во добри односи со своите братучетки Беатрис и Евгенија, наводно сакал прашањето со Кралската ложа да се реши пред тој да стане крал, за да не се пренесува натаму семејниот спор.Во меѓувреме, претседателот на Комитетот за јавни сметки во британскиот парламент, сер Џефри Клифтан-Браун, најави дека ќе побара од Министерството за финансии и Крунската комисија детални информации за закупот и трошоците околу имотот. „Нашата задача е да осигуриме дека парите на даночните обврзници се трошат рационално и ефикасно,“ изјави тој.Бекингемската палата засега не го коментира случајот, а јавноста во Велика Британија внимателно го следи новиот семеен конфликт во монархијата кој, како што изгледа, допрва ќе се развива.

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryc96r15v2mbnm8Lh2S6I

(Видео) Син на британски милионери уапсен во Бангкок – во куфер му пронашле 9 килограми дрога, му се заканува смртна казна

Тајландската полиција уапси 23-годишен британски државјанин под сомнение дека се обидел да прошверцува голема количина наркотични средства.Џорџ Вилсон од Бакингемшир бил приведен во хотел во Бангкок, каде што, според полицијата, во неговиот куфер биле пронајдени 9,1 килограм кристален метамфетамин – дрога позната и како „ајс“. Пакувањата биле сокриени во алуминиумски кеси со ознаки за чај.Тајландската метрополитенска полиција соопшти дека против него е поднесена обвинителна пријава за поседување наркотични средства од прва категорија со намера за продажба. Во Тајланд ваквото кривично дело се казнува со доживотен затвор или дури со смртна казна.Официјално е наведено дека полицијата претходно добила дојава за можна примопредавање на дрога во хотелот кој го следеле, по што била спроведена рација и Вилсон бил уапсен. Снимките од апсењето прикажуваат како тој негира дека знаел што има во куферот.Британското Министерство за надворешни работи потврди дека е во контакт со тајландските власти по апсењето на својот државјанин, но засега нема дополнителни информации. Семејството на уапсениот и неговите адвокати сè уште не се огласиле.Медиумите во Британија јавуваат дека Вилсон потекнува од исклучително богато семејство, чии родители се занимаваат со организација на големи концерти и поседуваат имот вреден милиони евра.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryno037vac74656h6Kqe3

Израелски министер ја нападна Британија: Трпиме жесток бран на антисемитизам

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Са'ар изјави дека е „згрозен од утринскиот ‘убиствен напад’ во Манчестер“.„Стојам зад прекрасната еврејска заедница во Британија, која во моментов трпи ужасен бран на антисемитизам“, рече тој. „Треба јасно да се каже вистината: отвореното и распространето антисемитско и антиизраелско поттикнување омраза, како и повиците за поддршка на теророт, неодамна станаа широко распространета појава на улиците на Лондон, во градовите низ Британија и на универзитетите.Британските власти не презедоа потребни чекори за да го запрат тој отровен бран на антисемитизам и всушност му дозволија да продолжи.Од владата на Стармер очекуваме повеќе од само зборови. Очекуваме и бараме промена на насоката, ефикасни мерки и спроведување на законот против распространетото антисемитско и антиизраелско поттикнување омраза во Британија“, порача израелскиот министер за надворешни работи.Нападот со автомобил и нож пред синагогата во Манчестер, во кој беа убиени две лица, е прогласен за терористички инцидент. Повеќе лица се повредени, а нивната состојба е непозната.Антитерористичката полиција изјави дека две лица се уапсени по нападот пред синагогата Heaton Park Hebrew Congregation во Крампсол, Голем Манчестер, откако напаѓачот бил застрелан од страна на полицијата.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryn0l9secodhhh7zuRHsw

Британскиот екс-премиер ги критикува младите поради реакциите за смртта на Кирк

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во својата колумна за Daily Mail изрази загриженост поради реакциите на дел од студентите на Универзитетот во Оксфорд кои јавно изразиле задоволство поради убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк.Кирк беше убиен со снајперски истрел за време на јавен собир на Универзитетот во Јута Вали на 8 септември 2025 година. Неговиот убиец, 22-годишниот Тајлер Робинсон од Јута, веднаш беше уапсен и обвинет за тешко убиство, а обвинителството бара смртна казна за овој целен напад.Џонсон во својата колумна нагласува дека не повикува на санкции или ограничување на слободата на изразување, бидејќи таа е основа на универзитетскиот живот и на Оксфорд, каде различни ставови мора да се слушнат, без разлика колку некои можат да бидат „имбецилни“. Но, она што го нарекува „безбожно веселје“ поради смртта на 31-годишниот татко на две деца, за Џонсон е алармантно. Според него, тоа произлегува од уверувањето кај младите дека ставовите на Кирк за абортус, трансродови права, феминизам, имиграција и расни прашања биле толку штетни што неговото убиство било „заслужено“.„Денешната младина се плаши да вози, да пие и да има односи“, пишува Џонсон, објаснувајќи дека оваа генерација е премногу чувствителна и често подготвена да прифати насилство наместо да се соочи со мислење што го смета за навредливо.Тој го гледа ова како дел од пошироката „woke“ култура, каде што чувствата и политичката коректност се ставаат пред отпорноста и способноста за дијалог.Иако ги опишува младите како „многу добри и грижливи“, Џонсон смета дека нивната претерана заштитеност ги прави ранливи и помалку подготвени за животни предизвици. Тој потсетува на примерот од 1933 година, кога студентите од Оксфорд изјавија дека нема да одат во војна за кралот, предизвикувајќи голема контроверзија, но подоцна во Втората светска војна „храбро ја бранеа земјата“.Џонсон предупредува дека идните генерации мора да ја одржат борбената решителност, затоа што „потенцијалните противници, како Владимир Путин, не смеат да ја гледаат Британија како земја што тоне во прекалкулирана чувствителност, политичка коректност и општа бојазливост“.

Свет | пред 4 месеци

media-library14ctmi4qqg7ifSy5dwn

Британија ја осуди Русија за нарушувањето на воздушниот простор на Естонија

Велика Британија се приклучи на осудите за руското нарушување на естонскиот воздушен простор. Шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер, изрази солидарност со Естонија, нарекувајќи го инцидентот „уште еден непромислен упад на Русија во воздушниот простор на НАТО“.„Мораме да продолжиме да го засилуваме притисокот врз Путин, вклучително и преку спроведување на новите економски санкции што во последните денови ги најавија Обединетото Кралство и Европската унија,“ изјави Купер, пренесе The Guardian.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања