Промени тема
Контакт

(Видео) Британската телевизија GBN за мигрантите: „Ќе ве стационираме во Северна Македонија, таму може да работите и да изградите живот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryh57kke7mmg81dqHWxoh
YouTube/Print Screen

Темата за мигрантите деновиве е во фокусот на македонската јавност. Во програма на британската телевизија Great Britain News беше емитувана дискусија во која новинари и гости зборуваа за можност мигранти, за кои Велика Британија нема правна основа да ги задржи или врати во нивните земји, да бидат пренасочени кон Северна Македонија како работна сила.

Во студиото, новинарката Линда Доберли објасни дека Британија се соочува со ситуација во која ниту може да ги задржи овие лица, ниту да ги депортира, поради безбедносни ризици во земјите од кои доаѓаат.

— реклама —

„Ние не можеме да ги држиме овде, велиме не можете да останете во Обединетото Кралство, но не можеме ниту да ги вратиме од каде што се дојдени. Затоа им велиме дека ќе бидат стационирани во Северна Македонија, каде што ќе можат да работат, каде што има потреба од работна сила и да изградат живот таму. Тоа не е скапо за нас, поскапо е да ги оставиме овде“, рече пратеникот, Бери Гардинер

— реклама —

Во продолжение, пратеникот Бери Гардинер ја образложи тезата дека Македонија би можела да биде земја-домаќин за лица кои немаат право на престој во Британија, но не може да бидат вратени назад.

— реклама —

„Шемата за Македонија е да ги праќаме луѓето за кои ќе одлучиме дека немаат правна основа да останат во Велика Британија. Но не можеме да ги вратиме, зашто таму каде што би ги вратиле е преопасно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library18is0v5m70uvdiDcyVe

Речиси 500 мигранти за еден ден пристигнаа во Британија

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library56hl32788bjf1UUxLSW

Во британско пристаниште запленети 2,9 тони кокаин во кутии со банани

Свет | пред 1 месец

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Четири Британки пријавиле сексуално злоставување во воено училиште за тинејџери

Свет | пред 1 месец

media-librarybke2m538m6upbYXVYmk

Британската МИ6 прогласена за најдобра разузнавачка служба во Европа

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања