Промени тема
Контакт

(Видео) Син на британски милионери уапсен во Бангкок – во куфер му пронашле 9 килограми дрога, му се заканува смртна казна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryc96r15v2mbnm8Lh2S6I

Тајландската полиција уапси 23-годишен британски државјанин под сомнение дека се обидел да прошверцува голема количина наркотични средства.

Џорџ Вилсон од Бакингемшир бил приведен во хотел во Бангкок, каде што, според полицијата, во неговиот куфер биле пронајдени 9,1 килограм кристален метамфетамин – дрога позната и како „ајс“. Пакувањата биле сокриени во алуминиумски кеси со ознаки за чај.

— реклама —

Тајландската метрополитенска полиција соопшти дека против него е поднесена обвинителна пријава за поседување наркотични средства од прва категорија со намера за продажба. Во Тајланд ваквото кривично дело се казнува со доживотен затвор или дури со смртна казна.

— реклама —

Официјално е наведено дека полицијата претходно добила дојава за можна примопредавање на дрога во хотелот кој го следеле, по што била спроведена рација и Вилсон бил уапсен. Снимките од апсењето прикажуваат како тој негира дека знаел што има во куферот.

Британското Министерство за надворешни работи потврди дека е во контакт со тајландските власти по апсењето на својот државјанин, но засега нема дополнителни информации. Семејството на уапсениот и неговите адвокати сè уште не се огласиле.

— реклама —

Медиумите во Британија јавуваат дека Вилсон потекнува од исклучително богато семејство, чии родители се занимаваат со организација на големи концерти и поседуваат имот вреден милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd2qv29lk03b524QwGRx

(Видео) Нови детали од меѓународната акција: Запленети 324 килограми марихуана

Македонија | пред 1 седмица

IMG_4639

Европа алармира: Секоја недела се појавува нова дрога, синтетичките опиоиди носат смртоносен ризик

Свет | пред 2 месеци

media-library6325v6d2tpncaPYopjS

Во Германија запленети 636 килограми кокаин, уапсени повеќе лица од меѓународна нарко-мрежа

Свет | пред 2 месеци

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Лишен од слобода кумановец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања