Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Кинески хакери со години ги прислушувале мобилните телефони на британски функционери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
7f6d9550-1dc6-4a6f-bd7b-833085f63194

Кинески државни хакери со години имале пристап до мобилните телефони на високи функционери на британската влада во Даунинг стрит, открива британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извори запознаени со истрагата. Според објавените информации, станува збор за сериозна шпионска операција што значително ја загрозила безбедноста на британската влада и му овозможила на Пекинг увид во приватните комуникации на највисоките државни претставници.

— реклама —

Како што наведува весникот, мета на нападите биле блиски соработници на поранешните премиери Борис Џонсон, Лиз Трас и Риши Сунак, во периодот од 2021 до 2024 година. Иако засега нема потврда дека мобилните телефони на самите премиери биле компромитирани, извор близок до истрагата предупредува дека упадот одел „директно во срцето на Даунинг стрит“.

— реклама —

Американски разузнавачки извори информирале дека кинеската сајбер-шпионска операција, позната под името „Солт тајфун“, и натаму е активна, што отвора можност и актуелниот британски премиер Кир Стармер, како и неговите најблиски соработници, да биле изложени на прислушување. Откривањето на аферата доаѓа во чувствителен политички момент, во пресрет на најавената посета на Стармер на Кина, прва посета на британски премиер на таа земја од 2018 година, чија цел е зајакнување на трговските и инвестициските односи.

Безбедносни извори наведуваат дека хакерите имале можност да читаат пораки, да прислушуваат телефонски разговори или, во најмала рака, да прибираат метаподатоци, односно информации за тоа кој со кого комуницирал, колку често и од која локација. Поранешната заменик-советничка за национална безбедност на САД, Ен Њобергер, изјавила дека хакерите можеле „по сопствена волја да снимаат телефонски разговори“.

— реклама —

Нападите врз Даунинг стрит биле дел од поширока глобална шпионска операција насочена и кон Соединетите Американски Држави, како и кон останатите членки на разузнавачкиот сојуз „Пет очи“ – Австралија, Канада и Нов Зеланд. Иако упадите започнале уште во 2021 година, разузнавачките служби ги откриле дури во текот на 2024 година.

Кинеското Министерство за надворешни работи претходно ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и без докази. Британските власти, пак, тврдат дека домашните телекомуникациски мрежи се подобро заштитени благодарение на Законот за безбедност на телекомуникациите од 2021 година, но еден висок американски функционер оцени дека станува збор за „една од најуспешните шпионски кампањи во историјата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 1 ден

— реклама —
media-librarye7nhaeo7c3nfeJcyUBe

(Видео) Пловечки мост во Кина долг 500 метри се наоѓа на само неколку сантиметри над водата

Вирално | пред 3 дена

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Кина ја засилува употребата на арктичкиот коридор: Испораките до Европа се скратуваат до 25 дена

Свет | пред 4 дена

media-library4r1bae2krivj7ZG8yTf

(Видео) Катастрофален земјотрес во Кина: Најмалку 16 загинати, стотици куќи урнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања