БУЈАР ОСМАНИ

MixCollage-14-Jul-2025-02-56-PM-2698

Неофицијално: Села за Струга, Таравари се враќа дома – ќе се бори за Гостивар, Бујар Османи кандидат за Чаир

Во рамки на договорот за распределба на градоначалнички кандидати во коалицијата „Европски фронт“, неофицијално дознаваме дека Зијадин Села ќе влезе во трката за Струга, додека Арбен Таравари, по пауза од еден мандат, се враќа во битката за Гостивар, каде веќе претходно беше градоначалник.Поранешниот министер за надворешни работи, инаку по професија лекар – хирург, Бујар Османи ќе се кандидира за Чаир, а како што дознаваме, коалициските партнери се согласиле ДУИ да се откаже од кандидатурата на Рамиз Мерко во Струга.Партијата на Села ќе има кандидати и во Дебар, каде во игра е Тирон Јајага, како и во Арачиново со Дритон Небиу.ДУИ пак ќе настапи со свои кандидати во повеќе општини: Еркан Арифи за Липково, Бајрам Реџепи за Тетово, Бесник Емшиу за Боговиње, Емир Сулејман за Желино, Аркин Јахији за Брвеница, Суат Шакири за Чашка и Алија Јаоски за Пласница.Таравари и неговата политичка структура ќе настапат и во Врапчиште, каде ќе го поддржат Исен Шабани, како и во општина Сарај со кандидатот Блерант Рамадани.Официјална потврда од коалицијата засега нема, но очекувањата се дека договорот наскоро ќе биде обелоденет.You said:

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

ДУИ е за отворени листи: Тоа е најправичен начин да се зајакне гласот на избирачот

ДУИ се огласи со свој став по најавите да се менува изборниот модел: една изборна единица, отворени листи, но и гласање на дијаспората како што предлага ВМРО-ДПМНЕ.Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, на својот Фејсбук-профил најави дека за следните парламентарни избори неговата партија ќе предложи отворени листи.„Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува“, напиша Османи.Според него, тоа е најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачот и да се обезбеди вистинско претставување во Собранието.

Македонија | пред 7 месеци

bujar-osmani-artan-grubi

Кои се наредните чекори на ДУИ?

Централното претседателство на Демократската унија за интеграции, денеска ќе одржи состанок на којшто ќе одлучува за следните чекори, информираше за МИА потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, откако вчера ја започнаа иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд до одржување на седницата за Законот за употреба на јазиците.– До 11 декември сигурно остануваме, а за понатаму дополнително ќе се решава. Денеска има состанок на Централното претседателство, има и координација на лидерите од Европскиот фронт каде што ќе се одлучува за следните чекори – рече Османи.Како што посочи Османи, повикот за „Стража на јазикот“ значи одбрана на мултиетничка Северна Македонија, бидејќи, како што рече, ова не е само кауза на Албанците.

Македонија | пред 1 година

IMG_4463

Османи: Евроинтегративните процеси на регионот се од најголемо стратешко значење

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со заменик министерката за надворешни работи на Грција.,,Средба со заменик министерката за надворешни работи на Грција, Александра Пападопуло, во рамки на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа.Почитувањето и целосната имплементација на Преспанскиот договор од двете страни, добрососедските односи, како и поддршката од Грција се клучни за членството на Северна Македонија во ЕУ.Евроинтегративните процеси на регионот се од најголемо стратешко значење и споделен интерес за регионалната и целокупната европска безбедност.”, напиша Бујар Османи на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

bujar-osmani-512

Османи: На амбасадорите им изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во текот на вчерашниот ден оствари средби со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија. Иако на официјалниот профил на министерот не беше објавено дека разговарале за изборниот процес, шефот на македонската дипломатија на својот приватен Фејсбук профил објави дека им се пожалил на амбасадорите за компромитирање на изборниот процес во земјава.Османи укажал и на неопходноста за почитување на Охридскиот и на меѓународните договори, како и на вложувањето во реформската агенда за евроинтеграцискиот процес на државата.Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ вчера најави дека до Управниот суд ќе ги обжали донесените одлуки на Државната изборна комисија за приговорите во врска со изборните резултати од парламентарните избори што се однесуваат на петтата и шестата изборна единица. Оттаму излегоа со став оти на членовите на ДИК им бил извршен политички притисок преку партиски инструкции во однос на приговорите, а за ова, како што рекоа, ги информирале сите надлежни институции и меѓународниот фактор.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Османи ги прекинува предизборните активности, за причините се огласи на Фејсбук

Бујар Османи ги прекинува предизборните активности поради семејни здравствени причини.[caption id="attachment_286200" align="alignnone" width="828"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Османи ги покани против кандидатите на ифтар - но не и Ванковска

Кандидатот за претседател, Бујар Османи, ги повика останатите учесници на изборите на ифтар. Меѓу поканетите, не е Билјана Ванковска од Левица. „На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател“, напиша Османи.

Македонија | пред 1 година

IMG_0969

Грција ги исвестила сите држави дека не важат македонските пасоши без „Северна“ по 12 февруари

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кажа дека Грција веќе ги известила сите држави дека пасошите без „Северна“ не важат. Личните карти остануваат валидни, а стратегијата на Владата е да се издадат се повеќе исправи, иако МВР нема ниту обрасци.„Има едно писмо со кое Грција ги има информирано сите држави дека по 12. влегува во сила обврската. Мислам дека стратегијата треба да е да се работи како да ќе нема флексибилност“, кажа Османи.Тој немаше конкретен одговор дали граници ќе можат да се поминуваат со лична карта.„Личните карти ќе бидат валидни, а тоа е комплицирано прашање дали може да се влегува во држави со кои имаме договор за поминување граница со лична карта. Имаме комуникации со државите. До 12. да сработиме се што можеме до максимум“, рече Османи.Воедно, тој посочи дека има дилема и дали важат возачките дозволи. Смета дека мора да се сменат оти тие се употребуваат за поминување на граница со возило.„Да ги потсетам граѓаните дека и сообраќајните дозволи да бидат сменети“, посочи Османи.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања