БУРА

sneg-amerika

Апокалипса во САД: Најмалку седум загинати, повеќе од 860.000 домаќинства без струја, откажани 12.000 летови

Зимската бура која го зафати поголемиот дел од Соединетите Американски Држави досега однесе најмалку седум животи. Повеќе од 860.000 домаќинства се без струја, а околу 12.000 летови се откажани.Тенеси пријави три смртни случаи поврзани со временските услови, две лица загинаа во Луизијана, едно во Тексас и едно во Канзас, според податоците на локалните власти пренесени од NBC News.Температурите во некои делови достигнаа до -35 степени Целзиусови.За некои области на југот на САД е прогласена опасност од силни временски непогоди, а на сила е и предупредување за торнадо за делови од Алабама, Џорџија и Флорида.Во погодените области повеќе од 860.000 корисници се без струја.Ледена дождовница паднала во делови од Џорџија, преку Северна и Јужна Каролина и средноатлантскиот регион, додека во долината на Охајо и североисточниот дел паднал обилен снег.Поради бурната зима откажани се повеќе од 12.000 летови планирани за денеска.

Свет | пред 2 седмици

media-library3ris6de2hrpl08pK26C

(ВИДЕО) Бура го парализира САД: Вонредна состојба и предупредувања за над 140 милиони луѓе

Снежна бура предизвика сериозен хаос низ Соединетите Американски Држави, поради што за над 140 милиони луѓе, односно повеќе од 40 проценти од населението, е издадено предупредување за опасни временски услови. Поради невремето, речиси 12.000 летови планирани за викендот се откажани, јавуваат американските медиуми.Предупредувањето се протега од Ново Мексико до Нова Англија, при што Националната метеоролошка служба најави обилни снежни врнежи и замрзнување на коловозите од источен Тексас до Северна Каролина. Во делови од југоисточна Оклахома, источен Тексас и Луизијана е регистрирано формирање мраз со дебелина до 0,6 сантиметри.Метеоролозите предупредуваат дека по завршувањето на бурата ќе следи екстремно ниска температура, поради што снегот и мразот ќе се топат многу бавно, дополнително отежнувајќи ја нормализацијата на состојбата. Во некои региони штетите од мразот би можеле да бидат споредливи со оние предизвикани од урагани.Гувернерите во повеќе од десет сојузни држави прогласија вонредна состојба или апелираа граѓаните да останат во своите домови. Во меѓувреме, околу 120.000 корисници останаа без електрична енергија, најмногу во Тексас, Луизијана и Ново Мексико.Авиосообраќајот е сериозно нарушен, при што сите летови беа откажани на некои аеродроми, вклучително и во Оклахома Сити, додека меѓу најпогодените се аеродромите во Далас, Нешвил и Шарлот.Особено загрижувачки се температурите на Средниот Запад, каде се измерени и до минус 40 степени Целзиусови, што носи ризик од смрзнатини за само неколку минути. Во Висконсин е измерена температура од минус 38 степени, најниска во последните речиси три децении.Американската администрација соопшти дека е во постојана координација со државните и локалните власти, а девет сојузни држави побараа прогласување вонредна состојба со цел активирање федерални ресурси за справување со последиците од екстремното невреме.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjghknjvle3nibw7l0yg

Прогласена вонредна состојба во Глифада по разорната бура

Прогласена е вонредна состојба во општина Глифада, на јужниот брег на Атина, по разорната бура што ја зафати областа , при што загина 56-годишен пешак кој бил однесен од надојдените води и останал заглавен под автомобил.Според одлука на Министерството за внатрешни работи, ќе бидат одобрени итни финансиски средства за општината, со цел да се процени обемот на штетите на улиците и инфраструктурата и да се пристапи кон неопходните санации.„Она што го доживеавме е нешто што ниту јас, ниту најстарите жители на Глифада некогаш сме го виделе“, изјави градоначалникот на општината, Ѓоргос Папниколау.„Од синоќа сме постојано на терен и непрекинато работиме“, додаде тој.„Досега отстранивме не знам колку камиони полни со камења и секаков отпад. Освен карпи, извадивме и тоалети и мијалници – сè што можете да замислите се симна од планината“, истакна градоначалникот, посочувајќи дека нелегалното фрлање отпад дополнително придонело за поплавите со затнување на коритата на потоците.Во изјава за „Катимерини“, жителите на оваа крајбрежна општина велат дека поплавите отсекогаш биле проблем во ова подрачје, но дека состојбата дополнително се влошила поради неконтролираното ширење на урбаните зони и серијата шумски пожари на планината Имитос.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања