„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

бутел

grobista-2

Украдени две бисти од гробишта во Бутел

69-годишен скопјанец пријавил дека од гробно место исчезнале две бисти.На 20.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Л.Ф.(69) од Скопје пријави дека во периодот од април 2025 до 20.11.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел во Скопје, биле одземени две бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryujg4o8f6bhd89vh2A6X

(Фото) Комунална хигиена-Скопје колабираше? Депонии по домови во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во обајава на ФБ вели дека состојбата со ѓубрето во општината е алармантна и презеде вонредна акција.ВОНРЕДНА АКЦИЈА, КХС СКОПЈЕ КОЛАБИРАШEОд рано утрово, поради алармантната состојба, општина Бутел спроведува вонредна акција за собирање на сметот низ територијата на општината!Поради нефункционалност и целосниот колапс на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје граѓаните се соочуваат со депонии пред нивните домови.Акцијата ја започнавме со собирање на сметот од зелените канти пред домовите на нашите граѓани, а отпадот го одлагаме на депонијата Дрисла.Голема благодарност до комуналните работници за нивната ангажираност во интерес на граѓаните на општина Бутел.Продолжуваме и следните денови!, напиша Костовски

Скопје | пред 1 месец

media-librarysldi97ofvvrp3BpP55E

Костовски: Мега проект во општина Бутел, потпишан договор за нова модерна поликлиника

Во просториите на Министерството за здравство денес беше потпишан договорот за спроведување на групна набавка за изградба на нова, модерна поликлиника во општина Бутел.Договорот го потпишаа министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. По повод потпишувањето, Костовски преку објава на социјалните мрежи информираше дека ова е „историски миг за граѓаните на општина Бутел“ и дека поликлиниката ќе ги исполни највисоките стандарди за безбедност и квалитет.„Ви ветив и ќе остварам! Со овој проект нашите жители конечно ќе добијат современ здравствен центар. Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски кој стои зад овој мега проект,“ напиша Костовски.Тој најави дека новата поликлиника ќе нуди широк спектар на здравствени услуги и ќе биде лоцирана на местото на старата амбуланта, согласно деталниот урбанистички план. Изградбата треба да започне наскоро.„Со нетрпение го очекувам денот кога ќе го поставиме камен-темелникот,“ додаде градоначалникот во објавата, оценувајќи дека проектот претставува значаен чекор за општината.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarygiobrprrmfpveIpvy3Z

(Фото) Фатени во моментот кога од гробиштата во Бутел краделе бронзена биста

Лишени се од слобода четири лица од Скопје, кои биле фатени веднаш откако одзеле бронзена биста од гробиштата Бутел, Мвр најави пријава.На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје - Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата. Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 месеци

grobista-3

Украдени бронзени бисти од гробишта во Бутел

Во СВР Скопје било пријавено дека во период од три месеци од гробно место на Градските гробишта во Бутел биле одземени две бронзени бисти, а полицијата работи на расчистување на случајот.На 08.09.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Лишен од слобода малолетник во Скопје, кај него пронајдени пиштол и куршуми, се обидел да бега од полициските службеници но бил фатен

На 06.09.2025 во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје.При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство.По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен преглед, кај него бил пронајден и одземен пиштол „Ц3“ и куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-30-190226

(Видео) Костовски: Спречивме голема катастрофа, пожарот кај училиштето „Св. Климент Охридски“ е под контрола

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, соопшти дека пожарот кој денеска избувна во близина на новоизградената детска градинка во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ е ставен под целосна контрола.„Станува збор за подметнат пожар кој се доближи на десетина метри од градинката. Не сакам да поверувам дека и најмалку овој грозен чин е политички инструиран од страна на крајно неразумни луѓе,“ напиша Костовски на социјалните мрежи.Тој им оддаде признание на пожарникарите за навремената реакција, како и на командирот на полициската станица Бутел, кој прв пристигнал на местото на настанот, како и на кризниот штаб на Општина Бутел.„Спречивме голема катастрофа,“ додаде градоначалникот.

Скопје | пред 3 месеци

serava

Се чисти коритото на Серава за да се спречи излевање, во центар се дератизираат две илјади шахти

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, објави дека денеска Град Скопје го чисти коритото на река Серава.„По неколку дописи од општина Бутел до градот Скопје денеска излегоа екипи да го чистат коритото на река Серава, реката се чисти пределот каде што е под ГУП, со тоа согласно закон и надлежност на Град Скопје. Благодарност за реакцијата, со ова спасивме потенцијално излевање на реката во овој дел на Општина Бутел“, напиша Костовски.Истовремено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски објави дека почнала дератизацијата во Центар.„Почнавме со редовна пролетна дератизација во Центар. Во текот на следните две недели ќе бидат опфатени над две илјади шахти, со цел уништување на штетни глодари и инсекти, како и превенција од можни заразни болести. Дератизацијата ја спроведуваме два пати годишно, во пролет и есен, и претставува една од клучните мерки што ги преземаме за заштита на здравјето на населението“, напиша тој.

Скопје | пред 8 месеци

kosovski-bogorodica

(Видео) Градоначалникот Костовски ја видел Богородица во Бутел: Се појави во божјиот храм Св. Никола

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски сподели снимка на која тврди дека ја гледа пресветата Божја мајка, Богородица. Тој ваква објава сподели на социјалните мрежи, тврдејќи дека нејзиниот лик се појавил во Св. Никола во Бутел.„Слава на Господ. На големиот христијански празник Пречиста Богородица, Пресветата Божја Мајка се појави во божјиот храм Св. Никола во Скопје Север, Општина Бутел. Слава на Господ“, напиша Костовски.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

Кран предизвикал испад на далекувод во Бутел, имало искри, па оддекнал звук: ЕВН санирале и пуштиле струја

Во Бутел настана прекин во снабдувањето со електрична енергија поради испад на далекувод 110кВ предизвикан од страна на кран, кој не е во сопственост на Електродистрибуција, ниту пак во моментот извршувал работни активности за компанијата.Според очевидци кои се обратија до „Скопје1“, трафостаницата се наоѓала на расрсница. Имало искри, па оддекнал звук налик на експлозија. Од ЕВН велат дека веднаш се било санирано.„Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го санираа дефектот во најбрзо време. Сите корисници во овој реон веќе имаат стабилно снабдување со електрична енергија“, велат од ЕВН за „Скопје1“.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-at-22.03.16

(Фото) Автомобил пропадна во Скопје, дојде и прашање до Данела: До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва? Срам од невидени размери

„До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва?!“, прашува Дарко Костовски, градоначалник на Бутел кој објави фотографија на која се гледа како автомобил пропаднал со гумата во дупка и додава:„Со месеци се алармира до Град Скопје, Данела и ЈП Улици и патишта да закрпат една дупка на улица “Радишанска” улица која што е надлежност на градот! Ни трага ни глас, како и за се останато.Јавно посочувам дека со лични средства ќе ја поправам оваа дупка, ако Град Скопје бара кој ивестирал во нивна надлежност без нивно одобрение да знаат кого да бараат. Срамота од невидени размери!“

Скопје | пред 1 година

bankomat-12

Со експлозив разнесен банкомат во Бутел

Утрово со експлозив бил разнесен банкомат во скопската населба Бутел. Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.Полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати лоцирани во близина.

Скопје | пред 2 години

20230312085212

Нова пресметка во Бутел, двајца специјалци завршија на Ургентно

Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале, јавува „Инфомакс.мк“Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата.Според информациите на Инфомакс, во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема починати од престрелката.Најмалку пет лица се дале во бегство со возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, додека возило со другата група напаѓачи беше запрена од полицијата и задржана на лице место.Полицијата трага по избеганите, а на лице место се чека увидна екипа и обвинител.Минатата недела на само 300 метри од плоштадот во центарот на градот се случи професионална ликвидација на две лица со автоматски пушки, а сторителите се уште не се најдени.Претходно беше киднапиран внукот на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски по кого полицијата се уште трага.Фото и извор: Инфомакс.мк

Скопје | пред 2 години

328620681_1135741373780104_1355470336376853981_n

(ФОТО) Снег во Бутел, екипите на терен

Екипите за зимско оддржување заедно со општинскиот кризен штаб во текот на ноќта и од рано утрово се на терен во општина Бутел.„Навремено се исчистени сите критични места во Општина Бутел како и главните улици во Љубанци и Љуботен, сите споредни улици во населните места со цел непречено одвивање на сообраќајот.Внимаваме сите патишта да бидат проодни и безбедни за сите граѓани. Апелираме до возачите, да внимаваат и да ја прилагодат брзина согласно условите на патот❗Ги повикуваме граѓаните да нѐ контактираат доколку некаде е потребна дополнителна интервенција за расчистување на снежните наноси.Општина Бутел ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање“, вели Костовски.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Ќе се асфалтираат 30 улици во Бутел

Во престојниот перод ќе започне голема градежна експанзија со асфалтирање на улици во сите населени места во општина Бутел.„Општина Бутел без кал е наш приоритет.Ќе се асфалтираат, реконструираат и ревитализираат следните улици во населените места:ЉубанциУл.5 (пред гробиштата)Две улици како краци од ул.7ЉуботенТри улици како краци од ул.5Радишани горна зонаКрак од ул.62Крак од ул.РадишанскаКрак од ул.50Крак од ул.15Ул.58Населба РадишаниКрак од ул.Радишанска(спроти ООУ Ацо Шопов)Крак од ул.АФЖУл.СкоевскаСело РадишаниУл.20 (према манастирот)Две улици како краци од ул.18Две улици како краци на ул.14Ул.12Ул.10РасадникУл.25Љуботенски ПатУл.30Крак од ул.30Св.Климент ОхридскиКрак од ул.Хо Ши МинУл.МостарскаУл.ПребондоваПоврзување на ул.Марко Крале со Зуфер МусиќНовопроектирана ул. во н.м Св.Климент ОхридскиВизбеговоКрак од ул.2Крак од ул.3Оваа градежна епсканзија ќе се одвива етапно низ неколку фази до крајот на годината. Во правата фаза ќе бидат опфатени над 15 улици.Целата вредност која Општина Бутел ја издвои за овој голем проект е над 20.000.000 денари.Работиме посветено и чесно за решавање на проблемите на граѓаните на општина Бутел“, вели градоначалникот Костовски.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања