Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

БУТЕЛ

bankomat-12

Со експлозив разнесен банкомат во Бутел

Утрово со експлозив бил разнесен банкомат во скопската населба Бутел. Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.Полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати лоцирани во близина.

Скопје | пред 2 години

20230312085212

Нова пресметка во Бутел, двајца специјалци завршија на Ургентно

Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале, јавува „Инфомакс.мк“Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата.Според информациите на Инфомакс, во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема починати од престрелката.Најмалку пет лица се дале во бегство со возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, додека возило со другата група напаѓачи беше запрена од полицијата и задржана на лице место.Полицијата трага по избеганите, а на лице место се чека увидна екипа и обвинител.Минатата недела на само 300 метри од плоштадот во центарот на градот се случи професионална ликвидација на две лица со автоматски пушки, а сторителите се уште не се најдени.Претходно беше киднапиран внукот на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски по кого полицијата се уште трага.Фото и извор: Инфомакс.мк

Скопје | пред 2 години

328620681_1135741373780104_1355470336376853981_n

(ФОТО) Снег во Бутел, екипите на терен

Екипите за зимско оддржување заедно со општинскиот кризен штаб во текот на ноќта и од рано утрово се на терен во општина Бутел.„Навремено се исчистени сите критични места во Општина Бутел како и главните улици во Љубанци и Љуботен, сите споредни улици во населните места со цел непречено одвивање на сообраќајот.Внимаваме сите патишта да бидат проодни и безбедни за сите граѓани. Апелираме до возачите, да внимаваат и да ја прилагодат брзина согласно условите на патот❗Ги повикуваме граѓаните да нѐ контактираат доколку некаде е потребна дополнителна интервенција за расчистување на снежните наноси.Општина Бутел ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање“, вели Костовски.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Ќе се асфалтираат 30 улици во Бутел

Во престојниот перод ќе започне голема градежна експанзија со асфалтирање на улици во сите населени места во општина Бутел.„Општина Бутел без кал е наш приоритет.Ќе се асфалтираат, реконструираат и ревитализираат следните улици во населените места:ЉубанциУл.5 (пред гробиштата)Две улици како краци од ул.7ЉуботенТри улици како краци од ул.5Радишани горна зонаКрак од ул.62Крак од ул.РадишанскаКрак од ул.50Крак од ул.15Ул.58Населба РадишаниКрак од ул.Радишанска(спроти ООУ Ацо Шопов)Крак од ул.АФЖУл.СкоевскаСело РадишаниУл.20 (према манастирот)Две улици како краци од ул.18Две улици како краци на ул.14Ул.12Ул.10РасадникУл.25Љуботенски ПатУл.30Крак од ул.30Св.Климент ОхридскиКрак од ул.Хо Ши МинУл.МостарскаУл.ПребондоваПоврзување на ул.Марко Крале со Зуфер МусиќНовопроектирана ул. во н.м Св.Климент ОхридскиВизбеговоКрак од ул.2Крак од ул.3Оваа градежна епсканзија ќе се одвива етапно низ неколку фази до крајот на годината. Во правата фаза ќе бидат опфатени над 15 улици.Целата вредност која Општина Бутел ја издвои за овој голем проект е над 20.000.000 денари.Работиме посветено и чесно за решавање на проблемите на граѓаните на општина Бутел“, вели градоначалникот Костовски.

Скопје | пред 3 години

Kostovski-09.04

Костовски: Бутел добива модерно игралиште, а наскоро ќе се отвори и уште едно во Радишани

Добредојдовте на овој убав настан, на мое задоволство, пред се на граѓаните на Општина Бутел. Општина Бутел добива ново, ултра модерно игралиште за баскет во населеното место Бутел 1, Свети Климент Охридски, поточно во училиштето Св. Климент Охридски. Станува збор за едно ултра модерно игралиште во износ од четири милиони и 200 илјади денари, изјави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.„Ова игралиште ќе може да го користат сите ученици на основното училиште, но секако и сите граѓани на територија на општина Бутел. За многу кусо, следната недела отвораме уште едно исто вакво игралиште во населеното место Радишани, поточно во Основното училиште „Ацо Шопов“ и вкупно овие две игралишта ќе чинат негдека околу шест и пол милиони денари.Чисто, би сакал да споменам една ситуација во овој момент, дека исто едно вакво игралиште во минатото, во претходните четири години чинеше околу шест и пол милиони денари. Ние сега изградивме две игралишта за истата сума.Некаде за три недели од сега, отвораме трето слично игралиште, но во населеното место Расадник и само за неколку месеци, три ултра модерни игралишта на територија на општина Бутел. Таа по својата структура е една од најспортските општини, согласно успесите на територија на Македонија, но сега, искрено, јас и мојот тим се бориме да биде и по инфраструктура спортски една од нај успешните. Но, не само спортска, туку и на секаков начин инфраструктура.За многу кусо, на десетина метри од оваа игралиште, од мене ќе почне изградба на новата градинка на територија на општина Бутел, која што ќе го носи името по училиштето Свети Климент Охридски, за нови 150 дечиња. Исто така, и тоа беше едно од нашите предизборни ветувања и многу други проекти во следи, кои што беа наши ветувања и надвор од нашите ветувања работиме и се трудиме да ја промениме сликата и Бутел да стане една модерна општина на територија на Градот Скопје.Во оваа прилика би сакал да истакнам голема благодарност и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски, кој што како општина ни дава огромна поддршка со совети и не мотивира дополнително да работиме. И за тоа сум навистина благодарен и ми преставува чест. Така да, во таа смисла да не должам премногу, било тоа по однос на овој денешен настан и уште еднаш голема благодарност за големото присуство на вас новинарите и медиумите“, додава тој

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања