Неврологот Кузмановски директорувал со клиниката без лиценца за работа, уште еден сериозен скандал има зад него
За д-р Игор Кузмановски не е проблем само видеото кое се појави во петокот во кое зборува за купување „бело“, и на кое се гледа како гледа како подготвува „линии“ од непозната супстанца. Тој од март наваму не ја обновил ниту лиценцата за работа, заради што Лекарската комора на Македонија практично и нема што да му одземе на д-р Кузмановски. Случајот за Скопје1 го потврдија оттаму.Лекарската комора информира дека доктор д-р Игор Кузмановски во моментов нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025, но докторот има поднесено барање за нејзино продолжување.Во однос на последните случување поврзани со д-р Кузмановски, во овој момент може да информираме дека се разгледуваат сите аспекти и се прибираат информации и документација од надлежните институции што ќе бидат разгледани на органите и телата на Комората во најкус можен рок, по што ќе ја информираме јавноста за донесените одлуки и мерките што ќе се преземат.И покрај тоа што неговата лиценца е неважечка повеќе месеци, од ЛКМ велат дека тој дури минатата недела поднел барање за нејзино продолжување. Засега, постапката за обновување е во тек, а неговото име не се наоѓа на официјалниот список на активни лекари објавен на веб-страницата на Комората.Доктор д-р Игор Кузмановски моментално нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025 година. Тој има поднесено барање за нејзино продолжување, а Комората ги разгледува сите аспекти поврзани со последните случувања.За да ја обнови лиценцата за работа, а за која е пропуштен рокот, д-р Кузмановски мора да има дополнителна обука и да полага стручна проверка пред комисија.Директорот на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски беше разрешен во петокот, само два часа откако на социјалните мрежи се појави видеото, по што се огласи Минитерството за здравство:„Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски. Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено“Ова не е прв сериозен скандал на таа клиника. Пред д-р Кузмановски да биде именуван за директор на Неврологија, на почетокот на август, со клиниката раководеше д-р Фатмир Меџити, за кого беше обелоденето дека работи и со договор на дело во Министерството за здравство за што примаше хонорар од 1.000 евра.
Македонија | пред 2 месеци