Промени тема
Контакт

Неврологот Кузмановски директорувал со клиниката без лиценца за работа, уште еден сериозен скандал има зад него

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

За д-р Игор Кузмановски не е проблем само видеото кое се појави во петокот во кое зборува за купување „бело“, и на кое се гледа како гледа како подготвува „линии“ од непозната супстанца. Тој од март наваму не ја обновил ниту лиценцата за работа, заради што Лекарската комора на Македонија практично и нема што да му одземе на д-р Кузмановски. Случајот за Скопје1 го потврдија оттаму.

Лекарската комора информира дека доктор д-р Игор Кузмановски во моментов нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025, но докторот има поднесено барање за нејзино продолжување.

Во однос на последните случување поврзани со д-р Кузмановски, во овој момент може да информираме дека се разгледуваат сите аспекти и се прибираат информации и документација од надлежните институции што ќе бидат разгледани на органите и телата на Комората во најкус можен рок, по што ќе ја информираме јавноста за донесените одлуки и мерките што ќе се преземат.

И покрај тоа што неговата лиценца е неважечка повеќе месеци, од ЛКМ велат дека тој дури минатата недела поднел барање за нејзино продолжување. Засега, постапката за обновување е во тек, а неговото име не се наоѓа на официјалниот список на активни лекари објавен на веб-страницата на Комората.

— реклама —

Доктор д-р Игор Кузмановски моментално нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025 година. Тој има поднесено барање за нејзино продолжување, а Комората ги разгледува сите аспекти поврзани со последните случувања.

За да ја обнови лиценцата за работа, а за која е пропуштен рокот, д-р Кузмановски мора да има дополнителна обука и да полага стручна проверка пред комисија.

— реклама —

Директорот на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски беше разрешен во петокот, само два часа откако на социјалните мрежи се појави видеото, по што се огласи Минитерството за здравство:

— реклама —

„Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски. Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено“

Ова не е прв сериозен скандал на таа клиника. Пред д-р Кузмановски да биде именуван за директор на Неврологија, на почетокот на август, со клиниката раководеше д-р Фатмир Меџити, за кого беше обелоденето дека работи и со договор на дело во Министерството за здравство за што примаше хонорар од 1.000 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjj4i36smct19bsFRlca

Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

„Дали заслужуваат осигурениците да ги прегледува некој што користи дрога?“, Ина Многуфина за разрешениот д-р Кузмановски

Коментари | пред 10 месеци

media-library046o52eku19g5W9nxUv

„Д-р Кузмановски имал моменти на слабост, но има импозантна биографија“, премиерот Мицкоски одговори за разрешениот директор

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Колегите од Клиниката за неврологија со јавно писмо во одбрана на д-р Игор Кузмановски

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања