„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Дали заслужуваат осигурениците да ги прегледува некој што користи дрога?“, Ина Многуфина за разрешениот д-р Кузмановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Не стивнуваат реакциите за разрешениот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски. Во објава на Фејсбук, реагираше и Ина Многуфина која вели дека е очекувано докторите да дадат поддршка, колеги се, но Лекарската комора има неповторлива можност да застане сега со осигурениците и да ги заштити од доктори кои користат супстанци.

— реклама —

„ По ред скандали од вадење органи, лекарски грешки и разни трагедии, прв пат имаме црно на бело ама поише накај бело, човек кој конзумира дрога. Не му е место во јавно здравство, тука дискусија нема. Дали воопшто треба да прегледува нека се собере фелата и да процени. Кој ќе проценува треба да земе предвид дека ваквите поединци фрлаат сенка на целата фела.

Не може да ги ставиме во ист кош со оние што дрога, швалерај и мито им е заштитен знак. Тоа што бараме е една достоинствена здравствена услуга во јавното здравство каде нема да се сомневаме во проценката на докторот што не прегледал нас или наш близок. Разбирам дека докторите се држат и си чуваат грб, но за овој случај не е баш така, поделени се мислењата и се оградуваат. Така да тој тугедрнес од колегите не е баш дека е многуброен, со оглед на тоа што не се потпишани. Но, нивно право е тоа да се другарчиња. Овој народ не заслужува да го оставиме да го прегледува човек кој гледаме дека е корисник бидејќи вреди секој човечки живот“, вели инфлуенсерката.

— реклама —

Ако ни го остават во здравство, пишува таа, и одат на манифестацијата на моќ од типот на, "сложни калуѓерки и во петок мрсат" тоа ќе значи дека само директорската фотеља е битна да не се испрља, судбината на пациентите е недоволно битна поточно споредна.

„Не мислам дека треба да се гледа политички, буквално не постои ниеден политичар што ќе стави рака во оган за корисник што му носи штета во време на избори. Мене ако ме прашате, јас ќе му ги пратев господата од ентеше да видат што друго има во фиоката. Но, еве да се држиме до сегашната ситуација, дали заслужуваат осигурениците да ги прегледува некој што користи дрога? Не. Дали треба да летаат од работа сите што користат дрога, а работат со човечки животи? Да, до еден. И секој обид да ни протнат дека ако ги избркаме ќе останеме без доктори ќе биде обид да нормализираме корисници и зависници, што е обратно од законот. Освен ако не планираме да легализираме, а не планираме. Лекарска утре ќе има можност да биде од страна на осигурениците и на образот на медицинските чесни работници, пишува Ина во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2022-06-05-093843

„Изгинавме по улици од полусвет“ - во една недела загинаа двајца пешаци

Коментари | пред 8 часа

media-libraryu1mdoa04e1iq55TpJT7

„Тему не праи толку пари колку што ќе направи МВР“

Коментари | пред 1 месец

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

По трагедија, повторно немарност: Во држава каде 18.000 денари ваучер се продава без фискална, нема лекција што ќе помогне

Коментари | пред 1 месец

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

„Со вакво хоби, ни маче не треба да му оди на преглед“

Коментари | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања