ДАНЕЛА

451001856_10159908318116245_5893143132112351475_n

(Фото) Алармантно станува: На носила ти ги изнесуваат патниците од ЈСП!

Подолг период жителите на Скопје сведочат на нередовноста на јавниот превоз и гужвите во автобусите како последица на тоа. Градоначалничката Данела Арсовска исто толку време молчи за проблемот предизвикан од ЈСП, од менаџер кој таа го поставува и разрешува.Овие фотографии се од утринава. Ги објави новинарката Соња Христовска Угриновска. На патник му се слошило. Во коментари, скопјанка коментира и: „Лудило е ова. Секој ден среќа е да стигнам на работа“.„Скопје1“ неколку пати ја контактираше Арсовска која тера инат криејќи се од јавноста, не повлекувајќи се од функцијата, иако проблемите во градот се собираат. Таа не одговара на прашања од јавноста.

Скопје | пред 1 година

danela-dubai

(Видео) „Данела била да прошета во Дубаи, 16 пати во САД, со наши пари..“, вели нејзиниот екссоветник

Дали и каде шета Данела Арсовска со парите на скопјани? 🤔Нејзиниот екссоветник Мухамеди, во “Претрес со Ландов” изнесе свои тврдења. Ние побаравме од Град Скопје да демантираат ако не е така - оттаму досега молк. Молчат и за другите тврдења од Мухамеди кои можете да ги видите тука:https://www.youtube.com/live/otsAaTbFUN8

Скопје | пред 1 година

danela

(Видео) Знае ли Данела: Покривот над ГТЦ наликува на исушена нива - празни фонтани, искршени маси, сува трева

Пожолте и е во распад зелениот покрив на ГТЦ. Го отвори ексградоначалникот Петре Шилегов, додека Данела Арсовска може и слободно да го затвори. Што поради негрижа, што од немарност. Исклучени фонтани, искршени масички кои повеќе наликуваат на канти за отпадоци, сува трева. Преживеале само дрвцата, веројатно поради тоа што издржуваат без често наводнување.Ситуацијата изгледа како да нема ниту тековно одржување во време на Арсовска. Се распаѓаат бекатон плочките. И плочките кои се фасада на трите фонтани, се делумно распаднати.„Скопје1“ испрати прашања до Град Скопје, зошто покривот за кој беа платени 550.000 евра и требаше да биде место за одмор на скопјани, е во ваква состојба. Побаравме одговори и дали ќе има одговорност за секторот/лицето кое треба да го одржува овој простор. Очекуваме да ни кажат и кога Данела Арсовска, мајката на градот, ќе си даде оставка.Арсовска во предизборието ветуваше мега-паркови, куп зелени површини и хуман простор. Но не и, запустување на тоа постоечкото зеленило.

Скопје | пред 1 година

danela-avtobusi

Тешко на Скопје: Приватните автобуси во гаража, ЈСП нередовен - одново проблем со јавниот превоз откако Арсовска го води градот

Приватните автобуси во понеделник ќе бидат паркирани во гаражите, возачите нема да возат, а главниот град ќе остане без превоз, бидејќи приватниците тврдат дека не добиле пари од месец јануари.Дел од нив за медиумите тврдат дека долгот се зголемил на повеќе од 140 милиони денари, а надлежните никако да го решат проблемот.Револтот кај приватните превозници е чест откако Данела Арсовска стана градоначалничка на Скопје. И во текот на изминатата година тие протестираа и бараа да им се платат парите кои им ги должат, а Арсовска се контраше и велеше дека не должи ништо.Граѓаните речиси 2 години се жалат од јавниот превоз оти автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници.Протестот на приватните превозници доаѓа во време кога ЈСП намалува број на автобуси низ скопските улици, укинува линии, а некогаш дел од автобусите иако стојат во распоред, не се обраќаат на релациите.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska-1

„Здраво Дано, можеби те прекинувам во битна работа, хаха, се зезам, знам дека не работиш!“- иронично писмо до Данела Арсовска

Популарната инфлуенсерка, Ина Многуфина, јавно ја прозва градската мајка, Данела Арсовска. Преку ироничен коментар и порача дека жичарницата е вон функција и праша зошто ако има изменето работно време, за тоа јавноста не е известена. Ина, ѝ порача на Данела да му пренесе на директорот на ЈСП, да ѝ ги измасира нозете.„Здраво Данела Арсовска, извини може те прекинувам во некоја битна работа низ градов, хаха, се зезам, знам дека не работиш. Туку, јас не знам дали знаеш, се качувам на Водно и после се симнувам со жичара пошо ме болат коленцата. Исто така не знам дали знаеш дека жичарата има денови кога не работи, а за сите други измени во работното време треба да се известат граѓаните односно јавноста пошо вие сте во служба на јавноста затоа се викате јавни службеници.И денес Дано, одам јас, нагоре нагоре, два пати липсав, еднаш нешо ми шушкаше, со сите реков "добар ден", стигнав, крави пасеа горе, и жено замисли жичарата не работи. Отварам по социјални мрежи, отварам сегде да видам каде објавиле овие твоите, ништо. А јас знам дека ти се разбираш од дигитал и ги знаеш бенефициите и моќта од истиот како информативен канал. Како и да е Дано, седам јас и сфаќам ќе се симнувам пешки. Ми се стемни. Времето не ми е планирано за пешки, имам обврски и јас, коленцето ме боли, вода неам, а горе не работи ништо, и тргнувам јас Данче моја по уздолницата. Стигнав да не ме мислиш, све ме боли. Сега, кажи му на тој директорот на ЈСП да дојде да ми ги масира нозете додека не му кажам доста, провери си зошто не ти работат службите, веројатно со автобусине до средно имаат отидено и пензионери и родители кои џабе дошле, и еднаш засекогаш разберете дека вие сте во служба на јавноста која треба да ја информирате.Затоа сте јавни службеници. Остај што ве тапшаат по дома дека сте битни фаци. Не сте, во служба сте на народот и имате обврски према него. Утре ако уште ме болат нозете пак ќе ти пишам. А да, да не заборавам, немојте да објавите нешто од типот дека жичарата е во квар пошо не е, проверив. Следниот пат ко ќе се качам ако пак не работи, ќе те барам да го пратиш тој од ЈСП да дојде да ме земе и да ми донесе вода“.

Коментари | пред 1 година

merko-danela

Ќе ги спакуваат ли Данела и Мерко куферите за брзо: се бара итно менување на закон за да градоначалниците можат да се разрешат

Се погласни барањата измената на Законот за локална самоуправа да биде приоритет на Собранието, за да градоначалниците да можат да бидат разрешени. Ова доаѓа откако собранискиот спикер Африм Гаши кажа дека меѓу приоритетните законски одлуки ќе биде да нема предвремени избори за градоначалници во општините чии предводници ќе одлучат да влезат во извршната власт. Незадоволството од скопската градоначалничка Данела Арсовска и нејзиното работење, но и од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД – го донесоа ова барање.Овозможување да се разреши градоначалник е и едно од ветувањата во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Не се знае кога ваквите законски измени ќе се спроведат, но се знае начинот на кој градоначалник ќе може да биде разрешен.„Преку поширок политички дијалог ќе предвидиме законски измени со кои ќе се воведе можност Советот на единицата на локалната самоуправа да го отповика градоначалникот. Членовите на Советот ќе имаат можност во јасно утврдена процедура со 2/3 мнозинство да го отпочнат и да го завршат процесот на отповикување на градоначалникот“, стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.Според сегашниот закон за Локална самоуправа граѓаните немаат никаква законска форма да го отповикаат градоначалникот што го избрале на непосредни избори, доколку не се задоволни од неговата работа.Гаши смета дека итно треба да се промени законот со кој треба предвремени избори, доколку некој градоначалник, на пример, стане министер. Се споменува дека таква намера има Арбен Таравари, додека градоначалникот на Сарај Блерим Беџети веќе стана пратеник, воедно, се очекува и Тимчо Муцунски од Аеродром да оди во извршната власт.„Сметам дека е погрешно и спротивно на Уставот некој да се избира на четири години, а друг да ги добива гласовите на народот на избори со мандат од осум месеци. Сметаме дека тоа е противуставно и треба да се коригира со закон кој ќе го овозможи тоа“, кажал Гаши во интервју за РСЕ.

Македонија | пред 1 година

danela-arsovska-1

Данела пак го кара Талат: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

Кавгата на релација технички премиер Такат Џафери-скопска градоначалничка Данела Арсовска продолжува. Причина е тревата, која се уште не е искосена.Арсовска напиша: “ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае што му е работата.Знаат пред некој ден да склучат договор од 2,2 милиони евра за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор.Еве да ги потсетиме на договорот што го склучиле за одржување и косење на дворот во Влада и тоа за 330 илјади евра!✔️ За “независните” медиуми, да потенцирам не е ова расправија за тоа чија надлежност е, тоа е јасно, Владата треба да си го среди своето.✔️ За ретките медиуми кои истражија дека извесна фирма ТРИСТА ГРУП секоја година за косење и цвеќиња наплаќа МИЛИОНИ ЕВРА од државните институции, наместо да ангажираат јавно претпријатие за десет пати пониска сума.И уште еднаш, не рзнам како функционира во Форино, ама во Скопје НЕМА друг да ви го одржува дворот, тоа ќе морате сами!

Коментари | пред 1 година

8CB46BC8-E423-4068-A59A-A69D61BB59B1-960x540-1

(Фото) Арсовска тврдеше дека открила екоцид, ама нека и ја покаже некој еколошка бомба се прави од несобраниот отпад во Ѓорче

Градоначалничката Данела Арсовска со прст не мрда по низата реакции од граѓаните дека контејнерите во Ѓорче Петров остануваат затрупани во смет. Граѓаните кога немаат каде да исфрлат отпад, тоа го прават покрај нив.Комунална хигиена, јавно претпријатие со кое раководи кадар на Арсовска, го остава таму каде што е оставено. Жителите потсетуваат дека таа се изнасликала со депонија и посочувала дека открила екоцид, па ја прашуваат: „Ова што е? Еколошка бомба? Среде населени места?“.И ваква е сликата постојано. Најстрашното, според жителите, е што доаѓа лето. Ќе се фрла сѐ повеќе храна која се умирисува, а со тоа ќе се шири лоша миризба. Велат дека плаќаат постојано комунални трошоци, а добиваат игнорирање од градот во кој живеат.Без разлика на реакциите, Комунална хигиена крева раце поради хаосот во Ѓорче Петров со отпадот. Истовремено, за да не остане и да скапува отпадот, го собираат општинските служби.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2022-11-08-141044

„Да сум ко Данела ќе му појдам на Трајко со караоке звучник од Бит пазар“, сите се подбиваат со драмите во Град Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје викна полиција и го пријави претседателот на Советот Трајко Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата.Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата.Претходно Арсовска со подвижен микрофон отиде на говорницата и му рече на Славески дека е Хитлер и крадец.Еве што велат граѓаните во врска со овој случај.https://twitter.com/Revizorkata/status/1590051467800764416?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/P0KIO/status/1590007865196310529?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/5_do_12/status/1590039434627801088?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/Don_Cobe/status/1590029179898429441?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/JasTheGreaTTT/status/1590002489901821953?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/LunaBojar/status/1589987115819208706?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/MuTetka/status/1589986502045405184?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/hasawatermark/status/1589970882545344513?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/Nikola_bate/status/1589957371811737601?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/severdjandjan/status/1590036062000525312?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/natwnajubaviot/status/1589973389586096128?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/kapsarovb/status/1589975686181453824?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/P0KIO/status/1590002266920345603?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/ThePharmacistt/status/1590044169149747200?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/mufljus/status/1590038243453435905?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/TantaraPantara/status/1589993761521930242?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/Gerasim_mk/status/1589992923147665408?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ug 

Коментари | пред 3 години

DFASDFASDFASDFASDF

Од шеги до заговори: Немој да пиете шилеговача, видовте што се случува со Данела

Караницата на релација ВМРО-ДПМНЕ - Данела Арсовска не застанува. Скопската градоначалничка последно го повика Христијан Мицкоски, лидер на опозициската партија, да дојде и лично да се пресмета со неа. Тој пак, преку телевизиско интервју ги смируваше страстите посочувајќи дека ова не е војна. Сепак, се чини дека страстите се зовриени, ако се има во предвид дека секојдневно ВМРО-ДПМНЕ испраќа соопштенија до медиумите со кои ја девалвира и дискредитира Арсовска.И јавноста има свои коментари. Дел се шегуваат, на дел ништо не ми е јасно, а трети, имаат своја страна.Дел од нив, објавени на „Твитер“, во проодлжение:„Данела, сега, добра е или лоша? Не разбрав“https://twitter.com/KRodzers/status/1569741548212060162„СДСМ и се воодушевува на Данела. Каков ти е денот таква ти е годината“https://twitter.com/Schiffer_PG14/status/1570374548075290628„Ќе потврди ли сега дпмне дека Данела е Бугарка?“https://twitter.com/AnaFiljana/status/1570507059850018819„Исто како што заврши Тривке невини ќе заврши и данела без ниту еден реализиран проект...“https://twitter.com/NoStAlGicArOt/status/1570358754012499971„Фала #Данела за денешните вмровски солзи. Кралице моја. Срно моја“https://twitter.com/100deutschemark/status/1569321593557368833„Кај е шпицниот Градоначалник, кај се крие? - ДанелаЈас од Нервно:“https://twitter.com/CheGuev21277156/status/1570425607888195586„Уште 5-6 глупи мемиња со Данела и нова година“https://twitter.com/mancesterovec7/status/1570522125718659074„Данела пред поплавите да го фатеше директорчето у мед ќе и простевме“https://twitter.com/Act_A__Fool/status/1570522809310511107„Ипак ја мислам дека Данела премлада влезе у политика.. Мислења?“https://twitter.com/HerrPIPO/status/1570532535914090498„Немој да пиете шилеговача, видовте што се случува со Данела , па таа стана ШИЛЕЖЕ“https://twitter.com/WolverineNase/status/1570550762266296320„Данела решила да се справува со корупција. Сасвим нормално е дека нема да има поддршка од ниедна политичка партија“.https://twitter.com/AntovSr/status/1570648404145090561„Имајки го предвид минатото на Данела не верувам дека решила да се справува со корупција или пак да одолее на партиски влијанија. Мислам дека едноставно не сака да дели со ниту една партија“.https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1570650477527986178„Данела Арсовска вели била најдобар градоначалник до сега. За мене од почеток до сега е најголемо разочарување и промашување“https://twitter.com/Nedopirliva1/status/1570656280519540737„И после #Данела не била царица! *само да се мрчело“https://twitter.com/MKDProLet/status/1570656640063635456„Значи Данела е есдееес“https://twitter.com/PinderhughesMKD/status/1570665409262788615„Во ред е да реагира ако брцнале во градскиот мед ама таа се жешти како да брцнале внејзиниот домашен мед, која сама го направила...🙄 Данела пчелката стана оса!“https://twitter.com/ANGELa99046218/status/1570667276617273345„Мора да признаеме дека Данела и се допадна на „заедницата“ затоа што покажа твитерашки шмек, користи наши финти за кревање на рич и си лапа симп фоловери (гласачи) со навежбано „дрско“ а у ствари простачко онесување..“https://twitter.com/zoranveli/status/1570667484927365123

Коментари | пред 3 години

300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Данела Арсовска се огласи неколку часови по невремето

„Силното невреме со обилни врнежи кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, предизвика поплави на повеќе места низ градот. Свикав итен теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, во моментов екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме“, напиша Данела Арсовска.Таа додаде:Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен каде остануваме се до целосно санирање на проблемите на критичните места. Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица.Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми, но ќе се бара и одговорност за несоодветната атмосферска инфраструктура особено на ново реконструираните градски булевари каде се предизвикани најголеми штети.

Скопје | пред 3 години

B6FF44BA-C775-40A5-A72C-00F0CA0149FE

Петре се препукува со Данела: Сериозни луѓе, превенираат. Другите се “менаџери”...

Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја критикува актуелната градоначалничка Данела Арсовска.Тој пишува:За да нема нејаснотии (особено кај ботовите, со “мантрата” 😊 дека ми било криво): Град Скопје, има (или би требало да има) Кризен штаб. Тие луѓе (и Градоначалникот) секојдневно би требало да примаат информации за состојбите во градот, вклучително и за најавените невремиња.Согласно тие информации, се превземаат превентивни мерки (кои, за воља на вистината) не можат да превенираат секаква состојба, но можат сериозно да ги намалат негативните последици. Сериозни луѓе, превенираат. Другите се “менаџери” … И така …

Коментари | пред 3 години

08042020_Bekteshi_Pres_2

Бектеши ја повика Данела на дебата

Граѓаните нема да ги оставиме на цедило поради неспособноста на Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како што беа оставени изминатата зима од нејзе, вели министерот за економија Крешник Бектеши.„За да им биде на сите појасно каква е состојбата со системот за снабдување со топлинска енергија и да се увиди кој е во право во целата ситуација ја повикувам госпоѓа Арсовска на соочување во телевизиска дебата, во кој медиум таа ќе одлучи“, вели Бектеши.

Македонија | пред 3 години

Konferencija-Re-Construct-7

Арсовска го потпиша договорот за реализацијата на европскиот проект Re-Construct

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го потпиша договорот за почеток на реализацијата на европскиот проект Re-Construct, за креирање и пилотирање екосистем за имплементација на циркуларен модел за справување со градежен отпад.„Со помош на овој пилот проект за прв пат некоја единица на локална самоуправа ќе го отвори прашањето со третирањето на градежниот отпад и шут од рушење, изнаоѓање на начини за негова иновативна пренамена и негова повторна употреба. Главната цел е да се зголемат и подобрат капацитетите на Град Скопје за транзиција кон циркуларна економија и одржлива реупотреба на градежен отпад преку идентификација на диви депонии, нивно следење и интервенции за справување со градежен отпад“, изјави Арсовска на потпишувањето.Потенцираше дека со имплементацијата на овој проект се зголемува подготвеноста на градската администрација и јавните претпријатија за имплементирање на иновативни решенија за управување со градежен шут, што практично е почнување на процесот и подготвеноста за транзиција кон циркуларна економија, а истовремено се пренесуваат знаења, искуства и позитивни примери од успешни ЕУ региони во насока на градење капацитети.Од таму посочуваат дека со реализација на овој проект, Град Скопје ќе добие развиен циркуларен модел за управување со градежен отпад преку вклучување на сите засегнати страни, ќе се намали бројот на диви депонии, а ќе обезбеди и трајно решавање на проблемот со диви депонии.„Градот Скопје изминатиов период интензивно работеше на чистење на дивите депонии, а периодов работи на чистење на диви депонии и на приватни имоти. Исто така, со проектот Градот Скопје ќе добие и развиена апликација за следење и мапирање на диви депонии, како и комплетна дата база на податоци за диви депонии, чија подготовка е веќе во тек. Со реализацијата на овој проект ќе се зголеми рециклирањето на градежен отпад на територија на градот, ќе биде поставена оперативна механизација за преработка на градежниот отпад, а ќе бидат обучени 30 технички лица за управување со механизација за преработка на градежен отпад, 20 градежници за реупотреба на градежен отпад, а ќе биде изготвен и прирачник за реупотреба на материјали и градежен шут“, потенцираат од Град Скопје.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања