(Видео) „Пијана“ – Песната со која Дани Димитровска се врати на „Макфест“
„Пијана“ е новата песна на нашата поп рок дива, Дани Димитровска која по неколку години повторно застана на сцената на Макфест и му подари на 39-то издание на овој фестивал уште еден хит. „Пијана“ вибрира љубовно - пијанство од љубов и среќа е најубавиот поздрав кој може да го посакаме некому“. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а за аранжманот стои Јордан Манов.„...немам време да мразам на луѓе да газам“ нека е добро утро секој ден, за да ни тргне денот со посвета на себе“, порачува Дани
Магазин | пред 1 година