ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ДНК

Screenshot_59

Погребот на Андреј од ДНК ќе биде утре - последен поздрав во 10 часот, во капелата Бутел

Во капелата во Бутел, во 10 часот, семејството, роднините и пријателите ќе го испратат Андреј Ѓорѓиевски, вокалот на „ДНК“. Тој ќе биде погребан на гробиштата во Бутел. Информацијата ја објавија неговите пријатели.Андреј трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој според очевидци, тој излегол навремено, но влегол да спасува заглавени деца. Меѓу 59-те загинати има и малолетници.Од бендот на ДНК, засега за јавноста е познато дека починаа и клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев, придружниот вокал Сара Пројковска. Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познат како Мартин Буцо.

Македонија | пред 10 месеци

panco

Панчо од ДНК е вон животна опасност и префрлен е во Систина

Седум члена на ДНК се меѓу загинатите во трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.Пејачот на ДНК, Владимир Блажев Панчо, кој е со изгореници, но вон животна опасност е префрлен во приватната клиника Систина.Панчо е сместен на одделението за интезивна нега.

Македонија | пред 10 месеци

afgasdg

Уште двајца од тимот на „ДНК“ загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани

Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познато како Мартин Буцо, се меѓу загинатите во дискотеката „Пулс“. Вкупно, досега има шест жртви кои доаѓаат од редот на изведувачите.Од бендот на ДНК досега е потврдена смртта на клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев и придружниот вокал Сара Пројковска.Владимир Блажев-Панчо е во болница на кислородна поддршка, со изгореници по телото.

Македонија | пред 10 месеци

484801008_572687059119192_4884656761728714636_n

Сара Пројковска, пратечки вокал во ДНК, е меѓу загинатите во кочанската дискотека

Сара Пројковска, е меѓу загинатите во трагичниот настан во кочанската дискотека. Ова го потврдија од Факултетот за музичка уметност во Скопје.„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр. проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, се вели во објавата на социјалните мрежи.И Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој, според нашите информации, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот.Во пожарот животот го загуби и Горги Горгиев од ДНК, а меѓу загинатите е и Филип Стевановски, клавијтурист во ДНК и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Фестивалот за детски песни „Весело штурче“ и Александар Коларов, гитрист во ДНК.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot_59

Загина и Андреј од „ДНК“

Андреј Ѓорѓиески, познат Акако ндреј од „ДНК“, е еден од загинатите во клубот „Пулс“ во Кочани. Тој е една од 59-те жртви во страшната трагедија. Има и други лица во многу тешка состојба и за жал, се очекува оваа бројка да се искачува.Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и рацете, и е на кислородна поддршка. Тој засега е вон животна опасност.Досега потврдена е смртта и на музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК.Претходно беше објавено дека загина и тапанарот на групата ДНК.

Македонија | пред 10 месеци

filip-stevanovski-860x572-1

И Филип Стевановски, член на бендот ДНК загина во дискотеката во Кочани

Музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК, загина во пожарот во Кочани, јавува штипската телевизија Стар.Стевановски бешее продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ - Штип.Стевановски своето основно образование го завршил во Куманово. Своето школување го продолжува во „Илија Николовски – Луј“ Скопје, а подоцна своето образование го усовршува во Америка.Завршува два факултети вокално инструментален оддел класична музика и џез оддел.Филип Стевановски беше неодамна назначен и за директор на Центарот за култура во Штип.Според последните информации досега загинати се 59 лица откако пожар го зафати клубот „Пулс“ во Кочани.Од него, се прости и пејачката Бојана Скендеровски.[caption id="attachment_324391" align="alignnone" width="699"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 10 месеци

thumbnail_IMG_4447

(Видео) ДНК снимаа спот за „Чаршија“ во чаршија: гости се Мишел Трајковски и Бока Конга

Вчера на социјалните мрежи ДНК ја промовираа својата најнова песна со наслов „Чаршија“, песна на која гостуваат: познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и Бока Конга.Станува збор за уште една песна која во стилот потсетува на претходните „Ако утре ме нема” и „Животе брате”.Во ова најново музичко остварување на ДНК свој допринес даде еден од нашите најдобри хармоникаши, Мишел Трајковски и „мајсторот“ за конги, популарниот Бока Конга.„Мислам дека со Лазе уште еднаш успеавме да создадеме нешто што ќе и се допадне на публиката. Очигледно е дека го сакаат овој звук и навистина ни е драго што е така“, накусо изјавија момците од ДНК.Инаку и за оваа песна се сними видеоспот во турската чаршија во Скопје, во кој покрај Панчо и Андреј се појавува и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Irie Scratch, Nasty и други…Како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски, додека директор на фотографија беше Кристијан Теодоров.

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања