Андреј Ѓорѓиески, познат Акако ндреј од „ДНК“, е еден од загинатите во клубот „Пулс“ во Кочани. Тој е една од 59-те жртви во страшната трагедија. Има и други лица во многу тешка состојба и за жал, се очекува оваа бројка да се искачува.
Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и рацете, и е на кислородна поддршка. Тој засега е вон животна опасност.
Досега потврдена е смртта и на музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК.
Претходно беше објавено дека загина и тапанарот на групата ДНК.
Струмица се простува од сограѓанинот Ѓорѓи, тапанар на ДНК, кој загина во дискотеката во Кочани
Младиот талентиран музичар Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој се истакнуваше со својот музички талент, го загуби животот во трагичниот пожар што избувна во градот Кочани.„Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку сво
Македонија | пред 1 година