Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ДОДИК

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

Изборната комисија му го одзеде мандатот на Додик – Република Српска пред вонредни избори и институционална криза

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) едногласно донесе одлука за одземање на мандатот на Милорад Додик, актуелен претседател на Република Српска, откако Судот на БиХ донесе правосилна пресуда со која тој е осуден на една година затвор и шест години забрана за политичко дејствување.Судот пресуди дека Додик одбивал да ги спроведе одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, што според измените во законите што Шмит ги наметна, претставува тешко кривично дело. Освен забраната да ја врши функцијата претседател, Додик нема да смее да обавува никаква јавна функција која има допир со јавни средства – што ги вклучува и партиските позиции финансирани од буџет.Адвокатот на Додик, Горан Бубиќ, најави дека ќе бара привремена мерка за стопирање на извршувањето на пресудата. Истовремено, Додик на мрежата X го постави провокативното прашање: „А што ако одбијам?“, со што уште еднаш ја подгреа неизвесноста околу мирната примена на одлуката.ЦИК е должен во рок од 90 дена да распише предвремени избори за нов претседател на РС. Додека меѓународната заедница повикува на почитување на владеењето на правото, раководството на Република Српска веќе најави дека ќе се „бори со сите средства, но не и со сила“ против изборите, повикувајќи граѓаните да не излезат на гласање.Во вакумот што би настанал, функцијата би ја презел потпретседателот Давор Прањиќ од ХДЗ, во јавноста познат како „Хрватот на Додик“, што дополнително ја усложнува ситуацијата.Иако не се исклучени протести на приврзаници на Додик, меѓународните мисии во БиХ се во состојба на зголемена готовност и се проценува дека Република Српска нема капацитет за сериозна институционална побуна или вооружен конфликт. Српската Влада го поддржа Додик и ја оцени пресудата како „неуставна и политички мотивирана“, а поддршка пристигна и од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.Но, внатрешнополитичкото единство е разнишано – опозициските партии во РС, меѓу кои и СДС и Народен фронт, го одбија повикот на Додиковиот СНСД за формирање на влада на национално единство. Партијата ПДП допрва треба да се изјасни.Одбраната на Додик најави дека ќе се жали до Уставниот суд на БиХ и подоцна до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но додека не се донесе поинаква одлука, тој е правосилно осуден и формално отстранет од функцијата.Иако институциите се подготвуваат за избори, клучното прашање останува: ќе се дозволи ли мирен трансфер на власта, или Додик ќе се обиде да ја блокира државата однатре?

Свет | пред 7 месеци

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

Додик за наводниот атентат: „Не се чувствувам загрозено, но мора јавно да се соопштат имињата и мотивите“

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека не се чувствува загрозено по информациите за наводна подготовка на атентат врз него, но побара итно, јавно и јасно да се обелоденат имињата и мотивите на оние кои, според него, стојат зад целата организација.„Не се чувствувам загрозено, туку многу безбедно кога ме чуваат полициите на Република Српска и Србија. Немам страв, но е индикативно што има луѓе подготвени да одвојат пари за вакви работи“, изјави Додик на прес-конференција во Бања Лука, по средбата со поранешниот гувернер на американската сојузна држава Илиноис, Род Благојевиќ.Тој тврди дека се знае кој човек во Коњиц ги собрал останатите и обезбедил еден милион евра, а потоа ангажирал лица од Нови Пазар и, како што рече, „муслимани од БиХ кои се криминогени личности“.„Имаа задача да извршат атентат врз мене на некое место на територијата на Србија. Во меѓувреме, едниот од Нови Пазар е во притвор, другиот во затвор во Риека. Сакам да знам кој е мотивот за атентат. Не можам да поверувам дека стигнавме до ова ниво, но не сакам да драматизирам“, додаде Додик, најавувајќи дека за сето тоа ќе бидат информирани безбедносните служби.

Свет | пред 8 месеци

dodik

Додик не го признава и не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска не се појави на сослушувањето во Обвинителството на Босна и Херцеговина во Сараево.Обвинителството го сомничи за напад на уставниот поредок на БиХ.Додик веќе изјави дека Република Српска не ги признава активностите на Обвинителството на БиХ на нејзина територија.Според Законот за кривична постапка на БиХ, на Додик ќе му биде испратена уште една покана за сослушување.Додик е осомничен за напад на уставниот поредок на државата, откако потпиша указ со кој се прогласуваат закони со кои се забранува работата на Судот и Обвинителството на БиХ, како и на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ на територијата на Република Српска.Покрај него, во овој случај осомничени се и премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-01-29-at-09.49.56

(Видео) Скандалозен говор: Додик го фалеше путин и ги критикуваше ЕУ и НАТО, Мицкоски се огради

Милорад Додик од свечената Светосавска академија  испрати анти ЕУ и анти НАТО пораки. Говорот предизвика реакции во македонската јавност и беше наречен „скандалозен“.„Да живее Македонија, да живее Србија, да живее Република Српска и да живее братска Русија.Путин и раководството направија се за да ги одбранат руските национални и државни интереси во вистински момент“, порача Милорад Додик.На сево ова, од првите редови сведочеа премиерот Христијан Мицкоски, повеќе функционери, како и лидерот на опозицијата Венко Филипче. Ден потоа, Мицкоски го критикуваше Додик.„Во делот на содржината на говорот којшто се однесува на анти-ЕУ, анти-НАТО и слично, категорично го отфрлам и апсолутно не се согласувам. Навистина не очекував дека ќе го злоупотреби тој настан со испраќање на такви пораки. Сепак, тоа беше свечена академија, а не место каде што се упатуваат ваков тип на политички пораки“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Додик сакаше да го прегрне и бакне Путин, но тој се тргна

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик вчера повторно се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а на средбата во Санкт Петербург го потврдија зајакнувањето на меѓусебните врски и го обвинија Западот за наводно прекршување на Дејтонскиот договор.Додик беше во Санкт Петербург на Меѓународниот економски форум организиран од руските власти, а по агресијата на таа земја врз Украина, таму речиси и да не доаѓа никој од развиените западни земји.Во делот од средбата снимен од телевизиските камери, се гледа како Путин го избегнува обидот на Додик да го прегрне и бакне. Рускиот претседател инсистирал само да се ракува и во моментот кога Додик отишол да го бакне, Путин се тргнал.

Магазин | пред 1 година

Dodik

Османи не го поканил Додик во Охрид

Српскиот политички лидер од БИХ, Милорад Додик, не доби согласност на неговото барање да присуствува на Форумот за дијалог - Преспа Форуморганизиран од Министерството за надворешни работи во Охрид од 16 до 18 јуни.Босна и Херцеговина најави присуство на Шефик Џаферовиќ, претседател на Претседателството и министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ.На Форумот за дијалог во Преспа ќе присуствуваат високи европски и светски претставници, како што се Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, Борут Пахор, претседателот на Словенија, Мирослав Лајчак (ЕУ), Стјуарт Пич (Велика Британија), Мануел Саразин (Германија) и Габриел Ескобар (Соединетите Американски Држави).Официјални лица го инфоирмирале политичкиот лидер на босанските Срби Милорад Додик дека не е добредојден на форумот во Преспа.„Стигна порака од главниот град на Северна Македонија: Извинете, не сте добредојдени“, пишува politicki.ba.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања