ДРОНОВИ

kremlj-moskva

Кремљ го гаси интернетот поради украинските дронови

Сè поинтензивните украински напади со дронови врз цели длабоко во руска територија го поттикнаа Кремљ на привремени прекини на интернет-услугите, што предизвикува нарушувања за потрошувачите, компаниите и јавните служби. Локалните исклучувања, кои ова лето траеја од неколку часа до неколку недели, се реакција на тоа што Киев користи дронови насочувани преку мобилна мрежа за напади врз руските воздушни бази.Бројот на прекини во преносот на мобилни податоци достигнал 2000 во јули и август, што е повеќе од тројно зголемување во однос на јуни. „Војната конечно стигна во Русија“, изјави Михаил Климарев, директор на Internet Protection Society, руска организација за дигитални права во егзил: „Дроновите доаѓаат, а тие вака се обидуваат да се бранат.“Телевизијата им советува на граѓаните да користат аналоген системИсклучувањата на интернетот оневозможуваат работа на каси, спречуваат автобусите да валидираат билети и ги оставаат доставувачите без можност да ги пронајдат адресите. Прекините дополнително ги зголемуваат предизвиците за руската воена економија, која покажува знаци на забавување по години западни санкции. Компаниите уште во првата половина на оваа година се соочија со проблеми во синџирите на снабдување и со рекордно високи каматни стапки.Еден час интернет-замраченост ја чини Русија 557 милиони долари на национално ниво, а 115 милиони долари само во Москва, според проценките на Internet Protection Society, кои ги пренесува Financial Times.Во август, руската државна телевизија им даваше совети на гледачите како да се префрлат на аналоген систем: „Вклучете ја функцијата near field communication во поставките на телефонот, па парите можете да ги испратите на друго лице со едноставно доближување на вашиот смартфон до неговиот. Таа технологија функционира преку радио бранови.“Гувернерот се извини на јавноста поради прекинитеИсклучувањата често се спроведуваат во области околу воени објекти, каде локалните власти ги исклучуваат мобилните мрежи за да го оневозможат насочувањето на дроновите. Во многу случаи прекините траат од неколку часа до неколку дена.Нижњеновгородската област, 400 километри источно од Москва, каде што се наоѓаат неколку воени погони, искусила прекини на мобилниот интернет и по повеќе од два месеца. Градот беше нападнат со украински дронови на секои неколку месеци во 2024 година, но оваа година ударите станаа почести.„Нашиот регион има многу индустриски и стратешки локации кои се интересни за непријателот“, напиша гувернерот Глеб Никитин во јули на руската социјална мрежа VK: „Затоа областите со слаб сигнал се големи и зафаќаат многу станбени квартови.“

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-23.08.48

Само што започна собирот во Скопје, МВР воведе забрана за снимање со дронови без објаснување - зошто?

Сите места каде ќе се маршира, вечерва станаа забранета зона за снимање со дронови. Дури на една минута по стартот на собирот и марш за настраданите во дискотеката во Кочани, а по прашањата од „Скопје1“, стигна и соопштение од Министерството за внатрешни работи со кое информираат дека вовеле забрана. Тоа е направено без никакво објаснување, па така, и на тие кои имаа дозвола, меѓу кои беше и нашата екипа – дозволата им е откажана.[caption id="attachment_325208" align="alignnone" width="1558"] Screenshot од воведената забрана[/caption]За воведувањето забрана, системот на Агенцијата за воздухопловство не испраќа известувања до тие кои веќе имаат закажани летови. Па така, ако лицата кои оперираат со дронови, не следат медиуми од минута до минута – тогаш може да добијат и казни, како што се вели во соопштението.[caption id="attachment_325209" align="alignnone" width="1367"] Screenshot од закажаните летови[/caption]„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја. Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“, стои во соопштението.Но во него, МВР не објаснуваат која е причината поради воведување на ваквата забрана. Особено, ако се има во предвид дека снимањето на дрон, ако немаше забрана, можеше да се направи согласно сите законски прописи – да не биде над толпата, да се види во радиусот кој е регистриран, да го прават оператори кои се регистрирани.„Скопје1“ побара објаснување за тоа зошто МВР донела интервентна одлука за забрана на снимање со дронови на сите локации каде е маршот, како и зошто вакви забрани се носат сега, но не и кога во време на кампањи политичките партии снимаат цели митинзи со дронови. Не добивме објаснување туку само кус одговор: „Врз основа на безбедносна проценка на институциите е донесена одлука да се воведе забрана за летање на дронови“.Инаку, во центарот на Скопје има марш организиран од организацијата „Кој е следен?“, преку кој се бара правда за загинатите во трагедијата, а се испраќаат пораки до политичарите и сите кои раководат со државниот апарат.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања