Голем шумски пожар на грчкиот остров Евија, испратено итно СМС-предупредување до граѓаните
Голем шумски пожар избувна денеска во областа Милаки на грчкиот остров Евија, поради што властите испратија итно СМС-предупредување до жителите преку системот 112.Во гаснењето на пожарот учествуваат 28 пожарникари со девет противпожарни возила, а од воздух интервенираат седум авиони и еден хеликоптер, јавуваат грчките медиуми.Пожарот избувнал нешто по 13 часот по локално време во шумска област кај Милаки, каде што во близина има и повеќе расфрлани куќи.Во гаснењето се вклучени и цистерни со вода
Свет | пред 1 ден