„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

евн

IMG_5104

ЕВН: Снабдувањето со електрична енергија се очекува да се нормализира за околу еден час

,,Екипите на Електродистрибуција и МЕПСО напорно работеа цела ноќ за да го поправат дефектот кој настана како резултат на вчерашното силно невреме кое го зафати Скопје.Во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои се засегнати од прекинот, а снабдувањето се очекува да се нормализира за околу еден час.ЕВН Македонија изразува голема благодарност до МЕПСО и ЕЛНОС Скопје за несебичниот ангажман и дадената поддршка во вакви кризни и итни состојби.Благодарност и до корисниците за покажаното разбирање и трпение.”, соопштија од ЕВН Македонија.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-07-18-at-20.18.41

Два далеководи оштетени, ЕВН работи на итна поправка

Денешното невреме во Скопје предизвика сериозна штета во дистрибутивната мрежа, информира ЕВН и додаваат:„Засилени екипи на Електродистрибуција се на терен.Во моментов два 110кВ далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците “Аеродром” и “Исток” се без напон“.

Скопје | пред 1 година

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Голем дел од Скопје утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (четврток) без електрична енергија ќе останат:- во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од село Радуша, село Свиларе, село Дворце, село Орашје (општина Сарај)- во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од Село Рашче, село Бојане, село Копаница (општина Сарај)- во периодот од 10:15 до 11:15 часот, корисниците од Ул.11 ,Ул.1 и Ул.9 во село Кадино (општина Илинден)- во периодот од 06:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул.Благоја Мучето (Скопје-Аеродром)- во периодот од 06:00 до 14:00 часот, корисниците од Ајватовци, Мршевци, Бучинци и фотонапонските централи ПВПП Ајватовци (Бис Оил), ТС Ајватовци, ТС Фреш Фарм, ПВПП Солант, ПВПП Симао 1, ПВПП Симао 2, ПВПП Симао 3, ПВПП Мијак, ПВПП МЕЦ Солар, ТС Мршевци 2, ТС с. Мршевци, ПВПП Го Страт (општина Илинден)- во периодот од 06:00 до 09:00 часот, корисниците од ул.Орце Николов бр.66 (општина Центар)- во периодот од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од с.Белимбегово Ул.8 (од бр.1 до бр.25) (општина Илинден).- во периодот од 06:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од с.Пакошево (општина Зеликово).

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

По невремето, без струја останаа десетици населени места - во Скопје, најпогодени се во Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија известуваат до ЦУК, дека во моментот без електрична енергија се:Скопје - Ѓорче Петров и околината, Сарај, Кондово, Волково, Граничен премин Блаце и Новоселски ПатТетово - Џепчиште, Непроштено, Једоарце, Отуње, СетолеТетово - Сарачино, ЖелиноГостивар - Дебреше,Врањовце Зубовце, Врапчиште, Пожаране и ТоплинциБитола - горно и долно Агларци , Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината.Радовиш - Богулево, Дамјан, Бучим, Коџалија, ПарналијаТимовите веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Цената на електрична енергија за 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок се зголемува за 0,4 %

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека универзалниот снабдувач ЕВН Хоме соодветно го применил тарифниот систем при изготвување на одлука за нови цени, распоредувајќи ги трошоците по блокови на начин што цената на електрична енергија за 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок се зголемува за 0,4 %.„За 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок цената на електричната енергија има корекција од 0,4%. За оние потрошувачи кои се во трет блок, а тоа се околу осум проценти од домаќинствата цената се зголемува за 0,48% и за четврт блок цената е зголемена за 0,57%. Клучно е сега универзалниот снабдувач да ја следи дадената регулаторна насока за оптимизирање на набавката на останатите 15 % за количини на електрична енергија што ЕСМ не ги понуди, и сега треба да се набават на слободен пазар . Треба да се бараат креативни решенија кои ќе бидат во интерес на граѓаните и да се размислува кон откуп на струја од домашните капацитети од обновливи извори. Неопходно е да има конкуренција и да се искористи моментумот кога цената на струја на берзите е поволна. “ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.27.6.2024

Македонија | пред 1 година

EVNzgrada

ЕВН останува универзален снабдувач со струја, понуди помала маржа од досегашната

ЕВН Хоум, останува универзален снабдувач на регуларниот пазар на кој се снабдуваат со енергија домаќинствата и малите потрошувачи со струја. Утрово на електронската аукција оваа компанија понудила најмала профитна маржа од 9,9%.По конечната одлука на Владата се очекува официјализирање на оваа информација и можно намалување на цената на струјата. Досегашната профитна маржа на ЕВН хом беше 11,5 отсто. Услов на Владата за новиот повик беше маржата да биде помала од 11,5 отсто.Универзалниот снабдувач под новиот договор треба да започне од јуни а во истиот период и Регулаторната комисија за енергетика ќе ја разгледува цената.

Македонија | пред 1 година

evn-ptici-struen1

ЕВН постигна договор со жителите од Слупчане

ЕВН и жителите на Слупчане постигнаа договор. Екипите на Електродистрибуција ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане, соопштија од ЕВН.– Постигнат е договор со мештаните на Слупчане, а гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии. Наредната недела во организација на министерот за економија и градоначалникот на Липково ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и реализација на проектот и со работа на терен ќе се започне од 9-ти август, годинава, информираа од ЕВН.Во моментов екипите се на терен и работат на санација на дефектите.

Македонија | пред 2 години

EVNzgrada

Слупчане и Оризари остануваат без струја, велат од ЕВН

ЕВН денеска известува дека селата Слупчане и Оризари во општина Липково се уште се без напојување со електрична енергија. По целовечерна работа на екипите на Електродистрибуција, струја добиле Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.Жителите на Слупчане вчера предизвикаа регионален дефект на неколку места со оштетување на опремата на ЕВН. Вчера жителите на Слупчане го блокираа патот во селото и не им дозволија на екипите на ЕВН да работат на мрежата.Од компанијата велат дека се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.–Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави без струја селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села. Дефектот на граничниот премин Табановце беше саниран вчера за кратко време, велат од компанијата.Од Слупчане бараат да им се простат долгови од по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи.

Македонија | пред 2 години

evn-rabotnici

Тројца арачиновци веќе шест дена не дозволуваат ЕВН да поправи дефект

Тројца арачиновци веќе шест дена не дозволуваат ЕВН да поправи дефект, а 160 соседи се без струја. Во селото Слупчане пак населението не дозволува да се реконструира електродистрибутивната мрежа на ЕВН, објави МКД.мкОд ЕВН велат дека нивните екипи веќе шести ден не можат да поправат дефект на извод на дистрибутивната мрежа бидејќи тројца мештани не им дозволуваат да работат. Поради нивното нехумано однесување, 160 жители се без струја.Тројцата арачиновци и на ЕВН и на општината им се познати по бројни злоупотреби и кражби на електрична енергија. Сите ги знаат А.Ќ., Р.С. и Д.Н., но никој ништо не им може.Екипите на ЕВН секој ден чекаат на интервенција на МВР каде што бил пријавен овој случај.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

struja-osiguraci

ЕВН објави дека денеска струја нема да има во Ѓорче, Аеродром, Тетово, Битола, Велес...

Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 05.10.2022 година, без електрична енергија ќе останат:- Во период од 09:15 до 14:30 часот, кориснциите од с. Селце, Тетовско кале, с. Лавце (општина Тетово).- Во период од 09:30 до 13:30 часот кпорисниците од ХПП Коњарка 1, ХПП Коњарка 2, ПВПП Мега Солар, Бусе мак, Ергела, Ст. Фарма Гнилеж, Стентон, Тепавци, с. Гнилеж, Бач, брод, Гермијан, Космофон Живојно, Сепарација Брод, Скочивир, Сливица, Ст. фарма с.с, Викарди, Хераклеа К.Вода, Крем.мех.работилница, Кременица Стопанство, Макминерал, Пумпи Корнер 1,2,3, с.Кременица, с.Егри, с.Гнеотино, ПВПП Торпедо Солар 1 и 2, Пумпи Корнер, Гран.П (општина Битола).- Во период од 11:00 до 13:14 часот корисниците од Којник, заедно со улиците Кузман Јосифовски П.иту, Петар Делјан, Пирин Планина и околните области (општина Велес)- Во период од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с. Чегране (општина Гостивар)- Во период од 09:00 до 12:30 часот корисниците од ул.1 ул.Ајватовци (општина Илинден).- Во период од 09:30 до 15:00 часот корисниците од с.Никодин, с.Плетвар, и с.Топлица (општина Прилеп).- Во период од 06:00 до 16:00 часот корисниците од Момин Поток, Синтекс, Стол железо, Европа 92, Електроводомонт, СИЗ Македонија ( општина Ѓорче Петров);- Во период од 08:00 до 16:00 часот корисниците од с.Челопек и с.Радиовце (општина Тетово).- Во период од 08:30 до 14:00 часот корисниците од дел од ул.Мите Богоевски, и ул.Гаврил Константиновиќ (општина Аеродром);- Во период од 09:00 до 15:00 часот корисниците од од с.Теарце, објекти кои се наоѓаат кај гробиштата, објекти кои се наоѓаат кај џамијата ( општина Тетово).- Во период од 08:30 до 15:00 часот корисниците од дел од с.Боговиње, објекти кои се наоѓаат кај горниот мост на реката и објекти кои се наоѓаат на патот за с.Селце (општина Тетово).- Во период од 10:29 до 14:29 часот корисниците од Чашка, Мв. Бистрички Лаки, с. Бистрица, с. Богомила, ХЕЦ Бабуна, с. Ореше, с. Нежилово, с.Папрадиште, план. дом. Чеплес (општина Чашка-Велес).- Во период од 09:00 до 14:00 часот корисничите од ул.Букурешка. ( општина Ѓорче Петров).- Во период од 08:00 до 13:00 часот корисниците од ул. Стив Наумов раскрсница со Кленовац (општина Битола).- Во период од 10:00 до 14:30 часот корисниците од Кавала, Стреја Нахмијас (општина Битола).- Во период од 08:50 до 14:30 часот корисниците од село Тажево, Брезница, резеват Јасен (општина Македонски Брод)

Македонија | пред 3 години

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

„ЕВН си краде и гајле си нема“, граѓаните револтирани од сметките, некои денови се плаќаат по два пати

Граѓани се жалат дека струјата за одредени денови се наплаќа по два пати. Скопјанец објави две сметки за струја, една за периодот од 23 јуни до 21 јули, а втората за периодот од 16 јули до 22 август.Како што можете да забележите, деновите од 16 до 21 јули се јавуваат во двете сметки, па едни исти потрошени киловати два пати му се наплатени.Ова тој го оквалификувал со еден збор – КРАЖБА.https://twitter.com/Fortiifikacija/status/1567206612145774593?s=20&t=uBt0zU_QHUHssPc4Ji9NUgДруг се пожали дека на неговите две сметки, ЕВН наплатиле дупло за три дена.„Ајде ова некој нека го објасни, две фактури за ист саат ама едната завршува на 21.07 а другата почнува од 19.07 што во превод значи дека ЕВН наплаќаат дупло за 3 дена. Пак ќе прашам, оној крмакон од РКЕ работи ли нешто или само ќе лапа у кафани?“, стои во објавата.https://twitter.com/ddimkooooo/status/1567160273508728837?s=20&t=4yqjYwPTYWrs80S3uB-powhttps://twitter.com/MakFalanga/status/1566882027227566081?s=20&t=4yqjYwPTYWrs80S3uB-powНо освен за дуполото наплаќање, граѓаните се бунат и за ставката „дистрибуција на електрична енергија“.„Како е можно ЕВН да прави вакви наплати за дистрибуција? Во Јуни потрошена струја 639 денари, дистрибуција за истата 340 денари. Во Јули потрошена струја 439 денари, дистрибуција за истата 628“, вели друг револтиран граѓанин.https://twitter.com/ZJG7777/status/1567102753901518848?s=20&t=4yqjYwPTYWrs80S3uB-pow

Коментари | пред 3 години

burning-lamp-hangs-dark-blurred-background

Самохрана мајка раскажа за својата голгота со ЕВН, па им даде совет како да се справат со оние кои не плаќаат

Другарчиња од ЕВН, читам во Арачиново, Грчец, Сарај, Студеничани, Крушопек и Серава, ем ви краделе струја, ем не сте можеле ни сметки да наплатите. Ама затоа пак, во другите делови на Македонија, народот го рекетирате, бидејќи, се разбира, некој мора да ви ги плати загубите кои ги имате во горе споменатите реони и тоа цели 20 години, откако борците за човекови права станаа власт, залепени и за куртовци и за муртовци, вели Виолета Аврамоска, која ја раскажува својата голота со ЕВН.„Има една македонска поговорка која вели:,, Не слушај гаталец, слушај паталец"Другарчиња од ЕВН, бидејќи јас долги години со вас бев паталец, сега ќе ви ги раскажам моите патила со вас и ќе ви дадам совет, како, според примерот со мене, да си го решите проблемот во овие реони. А, вакви примери како мене, ги има многу во оваа наша напатена Македонија, напатена од арамии и џабелебароши кои ги плаќа чесниот народ, независно од која национална припадност.Во животот се случуваат трагедии. Секој од нас се соочува со својата лична трагедија. Така и јас се соочив со, за мене најголемата загуба во животот, после која останав сама со моето малолетно, тогаш три и пол годишно дете. Оттогаш започнува мојата голгота со вас, ЕВН.Бидејќи не бев вработена и никој немаше желба да ме вработи, нормално, се вработуваат само партиски војници, од СДС и од ДПМНЕ, јас, како и многу други самохрани родители работев само сезонски и нормално доаѓав до ситуација да не можам да си ги плаќам сметките. Морав да направам избор, или храна за детето, или сметки, по што секогаш, се разбира, избирав детето да не ми е гладно.Тогаш ми стигнуваа опомени пред исклучување на струјата, но, секогаш постојат добри луѓе. Така и во ЕВН Охрид, немаа душа да остават едно мало дете без струја и најчесто се трудеа да ми помогнат, со плаќање на една сметка да не ми ја исклучат струјата. И тоа траеше 2 години.Но, потоа започна мојата голгота со вас, ЕВН , а верувам и голготата на многу други семејства. Ми го променавте броилото и оттогаш почнавте да ми ја исклучувате струјата, без опомена, дирекно од Скопје( така барем ми објаснија работниците кои го променија броилото)Оттогаш, 4- 5 години, еднаш годишно мене ми ја исклучувавте струјата и ние две со ќерка ми бевме без струја 7 - 10 дена, во зависност кога ќе успеев да побарам заем за да ги платам неплатените сметки, а потоа работејќи сезонски, го исплаќав заемот.Затоа сакам да ви дадам совет другарчиња од ЕВН, за реоните каде не можете нормално да си ја наплатите струја.СМЕНЕНЕТЕ ГИ БРОИЛАТА , СТАВЕТЕ ИМ БРОИЛО ИСТО КАКО МОЕТО И БЕЗ ПРОБЛЕМ ЌЕ МОЖЕ ДА ИМ ЈА ИСКЛУЧУВАТЕ СТРУЈАТА.На тој начин вашите работници нема да бидат нападнати од разбојниците, а нас останатите ќе не' ослободите од обврската да им ја плаќаме нивната потрошена електрична енергија и вашите загуби.Доколку се плашете дека ќе бидете нападнати додека им ги менувате броилата, побарајте да бидете обезбедени од страна на македонските политичари на власт, или од нивните сојузници НАТО војските, со кои, нели, жителите на Арачиново се стари познаници многу одамна, уште од 2001 година.Барајте некое чаре, само ние останатите, граѓаните од втор ред во Македонија, да не мораме да плаќаме повисоки сметки и да ви ги покриваме вашите загуби.Срдечен поздрав рекетари од ЕВН“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

За влезот на ЕВН во Арачиново: Ова е мал чекор за човекот, но голем за ЕВН, уште едно историско достигнување

Екипите на ЕВН денеска конечно добија можност да влезат во Арачиново и да ги отстранат дефектите во електричната мрежа поради кои големи делови од селото со недели беа без струја. ЕВН претходно одбиваше да испрати екипи да ги санираат дефектите, велејќи дека нивните вработени не биле безбедни во Арачиново, дека постојано биле вербално и физички напаѓани, а дефектите се случувале поради сеприсутните кражби на струја.Ова се дел од реакциите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/realTotoMK/status/1564171795896442881?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/boemot_mk/status/1564279633847123970?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/gorge_kocev/status/1564278395965423617?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/FidelKastro07/status/1564278026304643073?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/glinenaa/status/1564269043938459649?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/Dr_Stevo_za_se/status/1564275441627693061?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/wolf_forest_228/status/1564260351515975681?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/Analiticarot0/status/1564257357139525633?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/therealpsmst/status/1564241157042966529?s=20&t=xWmkBeey5YDBXe_eb8dAGAhttps://twitter.com/dodo__81/status/1564255226856611843?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/wolf_forest_228/status/1564288370838306823?s=20&t=rH12zGUXU1zhLoiSmZJvBAhttps://twitter.com/100deutschemark/status/1564316878167851008?s=20&t=rH12zGUXU1zhLoiSmZJvBA

Коментари | пред 3 години

EVNzgrada

ЕВН ќе работи на терен во Арачиново, а полицијата ќе постапува за кражби на струја

Министерот Крешник Бектеши вели оти е точно дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Скопје, а најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно законПовика сите да ги почитуваат законите и да нема штета на снабдувањето со електрична енергија.„Да, точно е дека има загуби на енергија, но не се само во Арачиново, и да се земе дека во Арачиново се краде електрична енергија. Во секоја општина, па и во секое семејство има некои кои не ги почитуваат регулативите. Од понеделник екипите на ЕВН ќе дојдат, ќе работат на терен и ќе наплаќа“, рече Бектеши.16.2 отсто има загуби на струја во Куманово, 12.1 отсто во Кичево, но и во Скопје и други општини. Бектеши вели дека загубите на електрична енергија се на товар на сите граѓани.Тој рече дека полицијата ќе постапува во сите општини каде има загуби на енергија. Државата ќе прогласи енергетска криза.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања