Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ЕВН

evn-rabotnici

Тројца арачиновци веќе шест дена не дозволуваат ЕВН да поправи дефект

Тројца арачиновци веќе шест дена не дозволуваат ЕВН да поправи дефект, а 160 соседи се без струја. Во селото Слупчане пак населението не дозволува да се реконструира електродистрибутивната мрежа на ЕВН, објави МКД.мкОд ЕВН велат дека нивните екипи веќе шести ден не можат да поправат дефект на извод на дистрибутивната мрежа бидејќи тројца мештани не им дозволуваат да работат. Поради нивното нехумано однесување, 160 жители се без струја.Тројцата арачиновци и на ЕВН и на општината им се познати по бројни злоупотреби и кражби на електрична енергија. Сите ги знаат А.Ќ., Р.С. и Д.Н., но никој ништо не им може.Екипите на ЕВН секој ден чекаат на интервенција на МВР каде што бил пријавен овој случај.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

struja-osiguraci

ЕВН објави дека денеска струја нема да има во Ѓорче, Аеродром, Тетово, Битола, Велес...

Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 05.10.2022 година, без електрична енергија ќе останат:- Во период од 09:15 до 14:30 часот, кориснциите од с. Селце, Тетовско кале, с. Лавце (општина Тетово).- Во период од 09:30 до 13:30 часот кпорисниците од ХПП Коњарка 1, ХПП Коњарка 2, ПВПП Мега Солар, Бусе мак, Ергела, Ст. Фарма Гнилеж, Стентон, Тепавци, с. Гнилеж, Бач, брод, Гермијан, Космофон Живојно, Сепарација Брод, Скочивир, Сливица, Ст. фарма с.с, Викарди, Хераклеа К.Вода, Крем.мех.работилница, Кременица Стопанство, Макминерал, Пумпи Корнер 1,2,3, с.Кременица, с.Егри, с.Гнеотино, ПВПП Торпедо Солар 1 и 2, Пумпи Корнер, Гран.П (општина Битола).- Во период од 11:00 до 13:14 часот корисниците од Којник, заедно со улиците Кузман Јосифовски П.иту, Петар Делјан, Пирин Планина и околните области (општина Велес)- Во период од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с. Чегране (општина Гостивар)- Во период од 09:00 до 12:30 часот корисниците од ул.1 ул.Ајватовци (општина Илинден).- Во период од 09:30 до 15:00 часот корисниците од с.Никодин, с.Плетвар, и с.Топлица (општина Прилеп).- Во период од 06:00 до 16:00 часот корисниците од Момин Поток, Синтекс, Стол железо, Европа 92, Електроводомонт, СИЗ Македонија ( општина Ѓорче Петров);- Во период од 08:00 до 16:00 часот корисниците од с.Челопек и с.Радиовце (општина Тетово).- Во период од 08:30 до 14:00 часот корисниците од дел од ул.Мите Богоевски, и ул.Гаврил Константиновиќ (општина Аеродром);- Во период од 09:00 до 15:00 часот корисниците од од с.Теарце, објекти кои се наоѓаат кај гробиштата, објекти кои се наоѓаат кај џамијата ( општина Тетово).- Во период од 08:30 до 15:00 часот корисниците од дел од с.Боговиње, објекти кои се наоѓаат кај горниот мост на реката и објекти кои се наоѓаат на патот за с.Селце (општина Тетово).- Во период од 10:29 до 14:29 часот корисниците од Чашка, Мв. Бистрички Лаки, с. Бистрица, с. Богомила, ХЕЦ Бабуна, с. Ореше, с. Нежилово, с.Папрадиште, план. дом. Чеплес (општина Чашка-Велес).- Во период од 09:00 до 14:00 часот корисничите од ул.Букурешка. ( општина Ѓорче Петров).- Во период од 08:00 до 13:00 часот корисниците од ул. Стив Наумов раскрсница со Кленовац (општина Битола).- Во период од 10:00 до 14:30 часот корисниците од Кавала, Стреја Нахмијас (општина Битола).- Во период од 08:50 до 14:30 часот корисниците од село Тажево, Брезница, резеват Јасен (општина Македонски Брод)

Македонија | пред 3 години

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

„ЕВН си краде и гајле си нема“, граѓаните револтирани од сметките, некои денови се плаќаат по два пати

Граѓани се жалат дека струјата за одредени денови се наплаќа по два пати. Скопјанец објави две сметки за струја, една за периодот од 23 јуни до 21 јули, а втората за периодот од 16 јули до 22 август.Како што можете да забележите, деновите од 16 до 21 јули се јавуваат во двете сметки, па едни исти потрошени киловати два пати му се наплатени.Ова тој го оквалификувал со еден збор – КРАЖБА.https://twitter.com/Fortiifikacija/status/1567206612145774593?s=20&t=uBt0zU_QHUHssPc4Ji9NUgДруг се пожали дека на неговите две сметки, ЕВН наплатиле дупло за три дена.„Ајде ова некој нека го објасни, две фактури за ист саат ама едната завршува на 21.07 а другата почнува од 19.07 што во превод значи дека ЕВН наплаќаат дупло за 3 дена. Пак ќе прашам, оној крмакон од РКЕ работи ли нешто или само ќе лапа у кафани?“, стои во објавата.https://twitter.com/ddimkooooo/status/1567160273508728837?s=20&t=4yqjYwPTYWrs80S3uB-powhttps://twitter.com/MakFalanga/status/1566882027227566081?s=20&t=4yqjYwPTYWrs80S3uB-powНо освен за дуполото наплаќање, граѓаните се бунат и за ставката „дистрибуција на електрична енергија“.„Како е можно ЕВН да прави вакви наплати за дистрибуција? Во Јуни потрошена струја 639 денари, дистрибуција за истата 340 денари. Во Јули потрошена струја 439 денари, дистрибуција за истата 628“, вели друг револтиран граѓанин.https://twitter.com/ZJG7777/status/1567102753901518848?s=20&t=4yqjYwPTYWrs80S3uB-pow

Коментари | пред 3 години

burning-lamp-hangs-dark-blurred-background

Самохрана мајка раскажа за својата голгота со ЕВН, па им даде совет како да се справат со оние кои не плаќаат

Другарчиња од ЕВН, читам во Арачиново, Грчец, Сарај, Студеничани, Крушопек и Серава, ем ви краделе струја, ем не сте можеле ни сметки да наплатите. Ама затоа пак, во другите делови на Македонија, народот го рекетирате, бидејќи, се разбира, некој мора да ви ги плати загубите кои ги имате во горе споменатите реони и тоа цели 20 години, откако борците за човекови права станаа власт, залепени и за куртовци и за муртовци, вели Виолета Аврамоска, која ја раскажува својата голота со ЕВН.„Има една македонска поговорка која вели:,, Не слушај гаталец, слушај паталец"Другарчиња од ЕВН, бидејќи јас долги години со вас бев паталец, сега ќе ви ги раскажам моите патила со вас и ќе ви дадам совет, како, според примерот со мене, да си го решите проблемот во овие реони. А, вакви примери како мене, ги има многу во оваа наша напатена Македонија, напатена од арамии и џабелебароши кои ги плаќа чесниот народ, независно од која национална припадност.Во животот се случуваат трагедии. Секој од нас се соочува со својата лична трагедија. Така и јас се соочив со, за мене најголемата загуба во животот, после која останав сама со моето малолетно, тогаш три и пол годишно дете. Оттогаш започнува мојата голгота со вас, ЕВН.Бидејќи не бев вработена и никој немаше желба да ме вработи, нормално, се вработуваат само партиски војници, од СДС и од ДПМНЕ, јас, како и многу други самохрани родители работев само сезонски и нормално доаѓав до ситуација да не можам да си ги плаќам сметките. Морав да направам избор, или храна за детето, или сметки, по што секогаш, се разбира, избирав детето да не ми е гладно.Тогаш ми стигнуваа опомени пред исклучување на струјата, но, секогаш постојат добри луѓе. Така и во ЕВН Охрид, немаа душа да остават едно мало дете без струја и најчесто се трудеа да ми помогнат, со плаќање на една сметка да не ми ја исклучат струјата. И тоа траеше 2 години.Но, потоа започна мојата голгота со вас, ЕВН , а верувам и голготата на многу други семејства. Ми го променавте броилото и оттогаш почнавте да ми ја исклучувате струјата, без опомена, дирекно од Скопје( така барем ми објаснија работниците кои го променија броилото)Оттогаш, 4- 5 години, еднаш годишно мене ми ја исклучувавте струјата и ние две со ќерка ми бевме без струја 7 - 10 дена, во зависност кога ќе успеев да побарам заем за да ги платам неплатените сметки, а потоа работејќи сезонски, го исплаќав заемот.Затоа сакам да ви дадам совет другарчиња од ЕВН, за реоните каде не можете нормално да си ја наплатите струја.СМЕНЕНЕТЕ ГИ БРОИЛАТА , СТАВЕТЕ ИМ БРОИЛО ИСТО КАКО МОЕТО И БЕЗ ПРОБЛЕМ ЌЕ МОЖЕ ДА ИМ ЈА ИСКЛУЧУВАТЕ СТРУЈАТА.На тој начин вашите работници нема да бидат нападнати од разбојниците, а нас останатите ќе не' ослободите од обврската да им ја плаќаме нивната потрошена електрична енергија и вашите загуби.Доколку се плашете дека ќе бидете нападнати додека им ги менувате броилата, побарајте да бидете обезбедени од страна на македонските политичари на власт, или од нивните сојузници НАТО војските, со кои, нели, жителите на Арачиново се стари познаници многу одамна, уште од 2001 година.Барајте некое чаре, само ние останатите, граѓаните од втор ред во Македонија, да не мораме да плаќаме повисоки сметки и да ви ги покриваме вашите загуби.Срдечен поздрав рекетари од ЕВН“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

За влезот на ЕВН во Арачиново: Ова е мал чекор за човекот, но голем за ЕВН, уште едно историско достигнување

Екипите на ЕВН денеска конечно добија можност да влезат во Арачиново и да ги отстранат дефектите во електричната мрежа поради кои големи делови од селото со недели беа без струја. ЕВН претходно одбиваше да испрати екипи да ги санираат дефектите, велејќи дека нивните вработени не биле безбедни во Арачиново, дека постојано биле вербално и физички напаѓани, а дефектите се случувале поради сеприсутните кражби на струја.Ова се дел од реакциите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/realTotoMK/status/1564171795896442881?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/boemot_mk/status/1564279633847123970?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/gorge_kocev/status/1564278395965423617?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/FidelKastro07/status/1564278026304643073?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/glinenaa/status/1564269043938459649?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/Dr_Stevo_za_se/status/1564275441627693061?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/wolf_forest_228/status/1564260351515975681?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/Analiticarot0/status/1564257357139525633?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/therealpsmst/status/1564241157042966529?s=20&t=xWmkBeey5YDBXe_eb8dAGAhttps://twitter.com/dodo__81/status/1564255226856611843?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/wolf_forest_228/status/1564288370838306823?s=20&t=rH12zGUXU1zhLoiSmZJvBAhttps://twitter.com/100deutschemark/status/1564316878167851008?s=20&t=rH12zGUXU1zhLoiSmZJvBA

Коментари | пред 3 години

EVNzgrada

ЕВН ќе работи на терен во Арачиново, а полицијата ќе постапува за кражби на струја

Министерот Крешник Бектеши вели оти е точно дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Скопје, а најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно законПовика сите да ги почитуваат законите и да нема штета на снабдувањето со електрична енергија.„Да, точно е дека има загуби на енергија, но не се само во Арачиново, и да се земе дека во Арачиново се краде електрична енергија. Во секоја општина, па и во секое семејство има некои кои не ги почитуваат регулативите. Од понеделник екипите на ЕВН ќе дојдат, ќе работат на терен и ќе наплаќа“, рече Бектеши.16.2 отсто има загуби на струја во Куманово, 12.1 отсто во Кичево, но и во Скопје и други општини. Бектеши вели дека загубите на електрична енергија се на товар на сите граѓани.Тој рече дека полицијата ќе постапува во сите општини каде има загуби на енергија. Државата ќе прогласи енергетска криза.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања