Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

По невремето без струја останаа над 2.300 трафостаници, најголемиот дел од дефектите веќе се отстранети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryeqokurtcfqvcbfP1f0I

Вчерашното невреме што зафати повеќе градови низ Македонија предизвика сериозни оштетувања на електродистрибутивната мрежа, оставајќи без напојување илјадници корисници. Од Електродистрибуција информираат дека досега се санирани околу 90 отсто од дефектите.

Според компанијата, силното невреме ја оштетило дистрибутивната мрежа и на среден и на низок напон, а поради оштетувањата и неколкуте стотици паднати столбови, без електрична енергија останале 2.308 трафостаници.

— реклама —

Засилените екипи на Електродистрибуција работеле непрекинато во исклучително тешки услови и успеале да го вратат напојувањето на најголемиот дел од погодените подрачја. Во моментов, без струја сè уште се околу 300 трафостаници низ државата.

Од компанијата посочуваат дека санацијата на преостанатите дефекти е отежната поради паднатата вегетација, која на многу места целосно го блокира пристапот до оштетената мрежа. Сепак, екипите продолжуваат интензивно да работат сè до целосно нормализирање на снабдувањето.

— реклама —

Најпогодени од невремето биле делови од Скопје, Куманово, Кочани и други населени места низ Македонија.

— реклама —

Од Електродистрибуција им се заблагодаруваат на граѓаните за трпението и разбирањето и истакнуваат дека сите расположливи човечки и технички ресурси остануваат ангажирани сè додека не се отстранат сите дефекти и не се воспостави редовно снабдување со електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library69lsqvf0l6bh1e8vlp7

(Видео) Снимки од Градски парк сведочат за разорното невреме што го погоди Скопје: Огромни дрвја откорнати од корен

Скопје | пред 2 седмици

media-librarycp3pdq5kdggo6xM4Ubk

Следуваат инспекции на објектите чии кровови летнаа во невремето, ќе се формираат и комисии за процена на штетите

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryrbiqm3bvl7g64CJVoUv

(Фото) Невремето остави белег на часовникот на Музејот на Град Скопје, симболот што 62 години покажува 5:17

Скопје | пред 3 седмици

media-librarykihe5v08hu7ofyE4KYh

Скопските болници се полни по невремето: 33 повредени, двајца хоспитализирани

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања