Промени тема
Контакт

Следуваат инспекции на објектите чии кровови летнаа во невремето, ќе се формираат и комисии за процена на штетите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarycp3pdq5kdggo6xM4Ubk

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одржа координативен состанок со градоначалниците на скопските општини и со Кризниот штаб на Град Скопје, на кој биле разгледани последиците од неодамнешното невреме и мерките за помош на граѓаните чии домови претрпеле штети.

Како што соопштија од Град Скопје, било договорено сите општини да формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат штетите. По приемот на пријавите ќе следува стручна проценка во координација со Град Скопје, по што, согласно законските процедури и обезбедените средства, ќе започне исплатата на финансиска помош за санација на оштетените станбени објекти.

— реклама —

Ѓорѓиевски најави дека во наредниот период ќе бидат спроведени засилени инспекциски контроли на објектите чии кровови биле однесени или сериозно оштетени за време на невремето.

„Ќе се проверуваат сите објекти со оштетени кровови за да се утврдат причините за настанатите оштетувања, имајќи предвид дека нивното одржување е обврска на куќните совети“, изјави Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој истакна дека сите расположливи капацитети на Градот се ангажирани за справување со последиците од невремето и посочи дека Град Скопје располага со солидарен фонд од кој ќе се обезбедува обештетување за граѓаните во вакви ситуации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library69lsqvf0l6bh1e8vlp7

(Видео) Снимки од Градски парк сведочат за разорното невреме што го погоди Скопје: Огромни дрвја откорнати од корен

Скопје | пред 1 месец

media-libraryrbiqm3bvl7g64CJVoUv

(Фото) Невремето остави белег на часовникот на Музејот на Град Скопје, симболот што 62 години покажува 5:17

Скопје | пред 1 месец

media-librarykihe5v08hu7ofyE4KYh

Скопските болници се полни по невремето: 33 повредени, двајца хоспитализирани

Скопје | пред 1 месец

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

„Сите повредени во невремето се згрижени, здравствените установи работеа без прекин“, вели Клековски

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања