(Видео) Со ракавици и крпа покажа како се сака градот: Филип исчисти автобуска станица во Скопје
Филип Ѓоргиев, кој стои зад профилот „Кеса на 10“, спроведе нова еколошка акција во Скопје. Овојпат тој темелно исчисти автобуска станица, користејќи ракавици и крпа.Ѓоргиев редовно организира акции за собирање отпад на различни локации низ Македонија. Досега чистел во повеќе градови, меѓу кои и во Виница, а собираше отпад и од дното на Охридското Езеро.Преку иницијативата „Кеса на 10“, тој се обврза да собере по една кеса отпад за секои десет следбеници на „Инстаграм“. Неговиот профил има повеќ
Настани | пред 4 часа