Промени тема
Контакт

(Видео) Со ракавици и крпа покажа како се сака градот: Филип исчисти автобуска станица во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Настани
media-libraryobn5ttpvb5f5cl3eaTe

Филип Ѓоргиев, кој стои зад профилот „Кеса на 10“, спроведе нова еколошка акција во Скопје. Овојпат тој темелно исчисти автобуска станица, користејќи ракавици и крпа.

Ѓоргиев редовно организира акции за собирање отпад на различни локации низ Македонија. Досега чистел во повеќе градови, меѓу кои и во Виница, а собираше отпад и од дното на Охридското Езеро.

— реклама —

Преку иницијативата „Кеса на 10“, тој се обврза да собере по една кеса отпад за секои десет следбеници на „Инстаграм“. Неговиот профил има повеќе од 31.000 следбеници, а досега се собрани над 3.000 кеси со отпад.

Со своите акции, Ѓоргиев настојува да ја подигне јавната свест за правилното одлагање на отпадот и за одговорното однесување кон животната средина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања