ФИНСКА

media-libraryjj34a64k8g2p7jBI44N

Сателитски снимки откриваат ново руско воено засилување близу Финска

Русија започнала со обнова на напуштена воена база во градот Петрозаводск, во Република Карелија, во непосредна близина на границата со Финска, со цел таму да смести до 15.000 војници од новоформираниот 44. армиски корпус. Ова го покажуваат сателитските снимки што ги објави финската јавна телевизија Yle, а ги пренесуваат и повеќе меѓународни медиуми.Снимките го прикажуваат просторот на поранешниот гарнизон во близина на електраната Рибка, кој бил напуштен од почетокот на 2000-тите години. Локацијата сега е расчистена од ниска и висока вегетација, а до октомври минатата година биле забележани повеќе од 50 воени камиони и други возила. Во Петрозаводск веќе постојат голема воздухопловна база и магацин за воена опрема, а паралелно се градат и нови работилници и инфраструктура.Според информации од локални руски медиуми, изградбата на нови касарни во Петрозаводск треба да започне во текот на оваа година. Русија го формирала 44. армиски корпус во Карелија уште во 2024 година, со што биле додадени околу 15.000 војници. Дел од нив веќе пристигнале во градот, што ја објаснува потребата од забрзана изградба на објекти за сместување и обука.Воениот аналитичар и поранешен фински разузнавач Марко Еклунд за Yle изјавил дека постои голема веројатност овие сили да се обучуваат за испраќање на боиштето во Украина. Истовремено, се работи и на изградба на ново воено населено место во Кандалакша, во Мурманска област, што дополнително укажува на поширока воена активност во северозападниот дел на Русија.Во меѓувреме, Финска и Шведска на 27 септември минатата година формираа заедничка бригада со околу 5.000 војници, која ќе биде стационирана во Лапонија, долж границата со Русија. Финската воена разузнавачка служба на 22 јануари годинава соопшти дека Русија не се откажала од обидите за оштетување на подводната инфраструктура во Балтичко Море, што дополнително ги зголемува безбедносните грижи во регионот.

Свет | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања