„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фото

1

ВИДЕО: Поплавени улици, семафори без струја - хаос во Скопје

Поплавени улиците во Аеродром, по краткиот но интензивен дожд. Вистински хаос во 10 минути настана откако се исклучија и семафорите.Поплавените улици се постојан проблем и при најмало невреме во Скопје. До сега, локалната власт не најде решение за санација на овој проблем.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2089438444512680/ 

Скопје | пред 6 години

20190702093223

(ФОТО) Воз кај Куманово излета од шините

Воз од железничката линија Куманово-Скопје, во раните утрински часови излегол од шините, јавува Алсат М.Несреќата се случила во селото Черкезе, Куманово.Покрај материјалната штета, нема дополнителни информации за други штети. Возот е од карго категорија, а пренесувал тежок челик.

Македонија | пред 6 години

IMG_7592-1

(ФОТО) Волонтери исчистија повеќе 300 тони ѓубре од дива депонија кај Куманово

Над 300 тони смет и шут беше изнесено од дивата депонија на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, пред населбата Проевце, во еколошката акција на волонтерите на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.Во чистењето се приклучи и механизацијата на ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово, кои со багери подигнаа 24 приколки од камион и 3 тракторски приколки најразличен отпад, кој несовесните граѓани го фрлаат покрај патот.Повеќе: СДК

Македонија | пред 6 години

Screenshot_10-1

(ФОТО) Еве како одат Скопјани на плажа во Охрид

На социјалните мрежи се појави фотографија на која опишува како Скопјаните одат на плажа во Охрид.„На само едно метро од водата, со кола, и после охриѓани не ги сакале скопјанчишчана. Ам како мојш да ги сакаш?“, стои под фотографијата.

Македонија | пред 6 години

120190621_224359

ФОТО: Булеварот Партизанска пренаменет во паркинг

Булеварот Партизански одреди наместо за за сообраќај, служи како паркиралиште. Колона од десетици возила се оставени на сред булевар, во делот кој е ограден. Ова се случува изминатава недела, откако отпочнаа градежните работи за замена на асфалтот.Додека автомобилите се паркирани на булеварот, возачите седат во една од локалните слаткарници. На ова не реагира полицијата, која треба да ги санкционира.Ваквата слика не е невообичаена за овој булевар. И во деновите кога сите ленти се функционални, првата е секогаш зафатена од несовесните возачи.

Скопје | пред 6 години

64623989_642086052926034_1957952681167290368_n

ФОТО: Се санира атмосферската канализација во Охрид, каде често имаше поплави

Започнаа градежните зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација на делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта.Јавното претпријатие „Нискоградба“ кое ја изведува реконструкцијата ќе постави 80 метри канализационен вод со пречник ф/300, со што трајно ќе се реши проблемот со излевање на атмосферската вода при поголеми врнежи.Поради изведување на градежните работи, сообраќајот на овој потег, целосно ќе биде затворен во периодот од 07 до 17 часот, до завршувањето на реконструкцијата.

Македонија | пред 6 години

65284201_493061521436897_6215500602881867776_n

ФОТО: По дождот, ново езеро сред Скопје

По краткиот и обилен дожд кој врнеше во Скопје, неколку улици беа поплавени. Најмногу вода и фотографии на социјалните мрежи се шират од улиците ширум скопската населба Кисела Вода.На булеварот Борис Трајковски, во близина на Цементара, улиците изгледаа како да се излеал базен или да е направено ново вештачко езеро. За тоа сведочат и фотографиите.

Скопје | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

(ФОТО) Груевски на бизнис забава на брод по Дунав

Откако пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, беше уловен од унгарски новинар кој се обидуваше без успех да му извлече одговори на неколку прашања, истиот ден Груевски бил виден на брод во Дунав. Новинарот Балеж Цеко на својот твитер акаунт објави фотографија од Груевски кој присустувал на прием на брод. Тој таму се наоѓа во друштво со неколку мажи, чиј идентитет не е откриен.https://twitter.com/balazscseko/status/1137495091818520577Според редакцијата на порталот „444“ Груевски присуствувал на бизнис настан наречен „Будимпешта бизнис забава“.Тој претходно дента се сретнал со заменик државниот секретар во унгарското МНР, Иштван Јо, во стан наводно во сопственост на двајца кинески државјани. Од Министерството за надворешни работи на Унгарија во одговор до порталот за средбата изјавиле дека нема ништо невообичаено вработен од МНР да биде во контакт со човек кој бил долгогодишен премиер на својата земја.

Македонија | пред 6 години

C9F83417-D973-45A8-8788-0B9CB212D6A1

ФОТО: Скопски ресторан ќе го носи името на Стоилов

Булевар Столе Стоилов 5, вака од денеска пишува во Кафе Ресторанот „Рустинка“, кој е во сопственост на братот на Стоилов, Стефан Стоилов.Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов по вторпат ја подигна титулата европски шампион. Нашиот репрезентативец се најде и на низа критики од многумина поради некои свои изјави, но јасно е дека Столе е омилен лик на цела македонска нација, вклучувајќи ги и сите навивачи на „црвено-црните“.

пред 6 години

BE2156F9-1972-43F9-A376-D6231E1722CC

Приведените полски навивачи објавија фото од притвор

Последните два дена, во пресрет на натпреварот од квалификациите за Европското првенство, Македонија ја пречека Полска.Навивачите на Полска уште еднаш докажаа зошто со озлогласени во низа инциденти, што со полицијата, што помеѓу себе.Дури 223 навивачи беа уапсени, а сега објавија слика како си поминаа во притворот.извор: Sport1.mk

Скопје | пред 6 години

CCCDD5D5-9178-44BA-A29E-48E3145B9005

ФОТО: Заев и син му со четирицикл се возеа по ридови

Премиерот Зоран Заев повторно ја покажа својата страст кон моторите. Овојпат Заев на Фејсбук објави фотографии на кои заедно со син му Душко го користат викендот за да се повозат во природа со квадрицикл.„Прекрасно е по ридовите за време на пролетта!“, напиша премиерот на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

61973895_2182252735226325_3704871551540133888_n

ФОТО: Пола од плоштадот во Скопје е раскопан

Половина од плоштадот во Скопје е раскопан, плочките се извадени, а просторот е ограден. Граѓаните се револтирани поради лошата слика која секојдневно ја гледаат. Последна информација беше дека се украдени пумпите за вода, но на плоштадот нема работници за поставување на нови или санирање на евентуален друг дефект.Скопјани прашуваат како е можно за доаѓањето на папата Франциск во неколку дена да се асфалтираат и улици, а не може да се поправи дефект. Според нив, ваквата состојба на плоштадот го грди лицето на Скопје.

Скопје | пред 6 години

61963291_550426715485622_7777010042938589184_n

ФОТО: Нови кампери пред Владата, бараат да им се исплатат 18 плати од државна фирма

Пред Владата се поставени четири кампови на вработени во државната фирма Еурокомпозит. Тие бараат да им бидат исплатени 18 плати. Исто така се жалат на неисплатени опремнини и бараат тоа да биде најскоро решено.„Еурокомпозит“ е дел од 10-ината фирми ќерки на некогашниот гигант „Еуроинвест 11 Октомври“, во којшто беа вработени околу 1.600 работници. По распадот на претпријатието секој од посебните правни субјекти во периодот на транзиција. „Еурофуд“, Еуроламинати“, Еуротрејд“, „Еуропрофил“, Хотел Липа и др. заминаа во стечај.Единствено „Еурокомпозит“ остана низ годините да се бори за свој опстанок. Од некогашните 550 сега остана околу 280 вработени, но нивните плати се минимални, нешто над 10.000 денари е просечна плата по работник. Поради континуираниот проблем со недостиг од работа, се случува вработените со месеци да бидат пуштени дома со 70 % плата, во очекување на некој подобар договор. Кога пак ќе се успее да склучат одреден договор за работа, тие работата и по две смени, но платите им доцнат.

Македонија | пред 6 години

sting398

(ФОТО) Стинг доби дрес од Вардар

Познатиот пеач Стинг беше меѓу првите кој му го честиташе големиот успех на македонскиот клуб Вардар.Тој пред почетокот на концертот, упати честитка за победата на Вардар. Од Аволон Продукција, Стинг доби дрес од македонскиот ракометен гигант на кој беше напишано неговото име.https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/photos/a.856057867755575/2647678218593522/?type=3

Магазин | пред 6 години

20190602152901

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, загина македонски камионџија

Македонски државјанин, возач на камион, денеска загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А3 во Хрватска. Во несреќата учествувале камион и автобус со босански регистерски таблички.Како што пренесе хрватскиот портал „Индекс.хр“, камионот се судрил со автобус од Босна и Херцеговина.Хрватските власти јавија дека возачот на каминот починал, а од автобусот полесно повредени се 10-15 патници.Во тек е полициски увид.https://www.facebook.com/24sata/videos/2828564477217155/ 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања