„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фото

pavle-bogoevski

(ФОТО) Богоевски: Ме снимал таксистот додека разговарам

Пратеникот Павле Богоевски тврди дека разговорот кој вчера беше објавен од него, го снимил всушност таксист додека тој се возел во такси.Ова го обелодени самиот пратеник одговарајќи на прашања во коментари на неговиот Фејсбук профил.Тој претходно потврди дека е негов гласот на снимката, но дека не нарачувал кокаин, туку масло од канабис.„Очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата“, напиша претходно Богоевски.

Македонија | пред 6 години

hgngjn

(ФОТО) Снег во северниот дел на Црна Гора

Во северниот дел на Црна Гора падна снег, и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.На Жабљак и утрово паѓа снег, а температурата во градот во седум часот изнесувала нула степени, јавија локалните медиуми.Во наредните денови се очекува нестабилно време со врнежи, додека, според проценките на метеоролозите, стабилизација на времето и пораст на температурите ќе има во петок.

Свет | пред 6 години

Screenshot_5-2

(ФОТО) Детали за страшната сообраќајка во Драчево

Пет лица ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа на влезот од скопската населба Драчево која се случила синоќа околу полноќ.При судирот на автомобил и камион загинаа на лице место три лица, а две починале на скопските клиники.Како што информира „Магазин“во несреќата настрадал поранешен полицаец од полициската станица Драчево заедно со своето семејство. Неофицијално меѓу загинатите има и деца.Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.Според очевидци, автомобилот се движел со поголема брзина при што изгубил контрола.ФОТО: Press24

Скопје | пред 6 години

60163964_800211170376358_8030209471823216640_n

Жителите на скопско Петровец на протести: Загрозени се нашите животи и сигурност

Со неприлагодена брзина се вози низ општината Петровец во Скопје. Жителите тврдат дека возачите за да не платат патарина, возат низ нивната општина и создаваат метеж.“Загрозени се нашата безбедност, лична сигурност и живот. Ваквата состојба е предизвикана поради непочитување на сообраќајните прописи на регионалниот пат”, пишува во јавниот повик за протести.Нивното незадоволство го изразуваат и на протести, но институциите молчат и не го слушаат нивниот апел.Тие сметаат дека со масовност и истрајност на собирите, ќе се изборат да бидат чуени од институциите од кои бараат да го решат овој проблем.

Скопје | пред 6 години

aircraft-15265671280-830x0-620x350

(ФОТО) Комбе удри во авионот на Меркел

Комбе марка „рено“, без возач, се заби во авионот на германската канцеларка, Ангела Меркел, пренесуваат германските медиуми. Според пишувањето на весникот „Билд“, пред инцидентот канцеларката седела во комбито на аеродромот во Дортмунд и разговарала со жената којашто го возела. Се претпоставува дека од преголема возбуда од средбата со Меркел, жената по излегувањето заборавила да го закочи.За кратко, возилото што останало на аеродромот, тргнало и удрило во предниот дел на владиниот авион.Леталото е оштетено, но нема повредени. Се очекува Меркел да се врати во престолнината со хеликоптер.

Свет | пред 6 години

f3f759ca-859d-4315-ba84-f1f5a2bf2d23

(ФОТО) Уништена спомен плочата кај Карпалак

Искршена и искорната е спомен плочата за загинатите војници во масакрот кај Карпалак кој се случи за време на конфликтот во 2001, пишува Лидер.Фотографиите кои граѓани ги доставија до редакцијата на Лидер, покажуваат дека малата спомен плоча поставена на банкината од Автопатот Скопје – Тетово, е извадена и веќе не е единствен потсетник за масакрот.

Македонија | пред 6 години

467847

(ФОТО) Официјалната веб страна на претседателот е во изработка

На официјалната веб страна на претседателот на државата пишува дека истата е во изработка, но исто така стои и името на новиот претседател.Вчера на веб страната стоеше старото име на државата и стариот претседател. По написите во медиумите, администраторите ги прават неопходните чекори за да го обноват сајтот.Со ова на страната на претседателот стои новото уставно име на државата, со оглед на тоа што Иванов одбиваше да го примени до крајот на својот мандат.

Македонија | пред 6 години

120190507_182104

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Струшката литија најмасовна до сега

Традиционално и годинава во Струга, еден ден по празникот Ѓурѓовден, на 7 мај се одржи десеттата по ред струшка литија.Овогодинешната литија е најмасовна досега. На литијата се прикажаа моштите на светиот великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона.Пред присутните прво дефилираше коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, а молитвената поворка се движи низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Великомаченик Георгиј.Литијата има огромно национално значење и е дел од културното наследство на нашата земја.Видеото погледнете го ТУКА.

Македонија | пред 6 години

59612263_10218705293803409_1849471930508247040_n

(ФОТО) По папата, ѓубре на плоштадот: Тоа се тие јаки верници

По литургијата на папата Франциск, верниците оставија куп отпад. Ова беше доволна причина за на социјалните мрежи да се критикува. Новинарката Јадранка Ивановска-Јоци искоментира „тоа се тие јаки верници“.„Тоа се тие јаки верници. Културни, воспитани, морални, чисти душички, создадени и предодредени за рајските градини со своите манири. Просто преслатки. Да посака атеист секој ден со нив да оди и во кревет“, напиша новинарката Ивановска-Јоци.

Скопје | пред 6 години

opozicija-696x522

ФОТО: Силјановска со блажена насвмевка беше на миса кај папата

На скопскиот плоштад, мисата на папата Франциск ја следеше и Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија, која беше поразена во неделните избори од Стево Пендаровски.Силјановска беше заедно со генералниот секретар Игор Јанушев, потпретседателот Владо Мисајловски и со други членови на ВМРО-ДПМНЕ.„Позитивната мисла и добрината да бидат водилка насекој еден од нас. Посета на Папата Франциск“, напиша Мисајловски на својот профил на Фејсбук откако ја објави фотографијата.

Македонија | пред 6 години

59906726_10156420778226158_1365236310872162304_n-768x702-696x636

ФОТО: Иванов со уникатен поклон за папата

Претседателот Ѓорге Иванов за време на денешна средба во вилата на Водно на папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на земјава.-Станува збор за албум со авторски фотографии, избрани лично од претседателот Иванов, а врз основа на концепт на релевентни македонски експерти од областа на духовното и културно-историското наследство на Македонија. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар. Албумот содржи 153 фотографии низ кои е претставен дел од милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија. Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири, соопшти кабинетот на Иванов.

Македонија | пред 6 години

59157508_10215260048469220_7872377528298504192_n

ФОТО: „Југо“ поминало на црвено и прегазило девојче во Влае, кое го влечело 20 метри

Доцна попланево на раскрсницата помеѓу населбата Влае и Хром било прегазено девојче, од патничко моторно возило „југо“. Според очевидци, возачот на автомобилот поминал на црвено светло, го удрил девојчето и го влечел 20 метри.Очевидците додаваат дека ударот бил на пешачки премин, а автомобилот едвај застанал. Работите од прегазеното девојче, кои ги носела со себе, биле разлетни на сите страни.Според неофицијални информации, девојчето е во Клиничкиот центар во Скопје и е во добра здравствена состојба.  

Скопје | пред 6 години

58818379_10157359810329726_5837775533621903360_n

ГАЛЕРИЈА: Езерото Треска претворено во депонија

Пластични шишиња, остатоци од храна и сокови, салфети, се само дел од отпадот кај езерото Треска. Смрдеата која се шири наоколу дополнително покажува дека никој не се грижи за ова излетничко место. Фотографиите споделени од актерката и активистка Ирена Ристиќ, говорат за лошата слика таму.Ова е проблем што опстојува веќе со години, а граѓаните што редовно се рекреираат од другата страна на Треска, во паркот во Сарај, потврдуваат дека ова е секојдневие. Ова е проблем што опстојува веќе со години, а граѓаните што редовно се рекреираат од другата страна на Треска, во паркот во Сарај, потврдуваат дека оваа слика е секојдневна. 

Скопје | пред 6 години

58375955_1212313772267263_4666432068173955072_n

(ФОТО) Македонското знаме е симнато од јарболот на врвот на Водно

Македонското знаме е симнато од јарболот на врвот на Водно над Скопје. Во врска со тоа, професорот д-р Љубомир Цуцуловски иронично коментира на Фејсбук:„Откако го симнаа/отстранија државното знаме од врвот на Водно (Крстовар) не можам да видам од каде дува ветрот. Можеби тоа е целта?“– прашува Цуцуловски.https://www.facebook.com/LjubomirCuculovski/photos/a.708280512670594/1212313768933930/?type=3&theater

Скопје | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

(ФОТО) Груевски со љубовен статус на фејсбук

Поранешен премиер Никола Груевски, на својата Фејсбук страница објави линк, од статија со наслов „Кога маж прегрнува жена“, а на статијата споделена со срциња пишува и дека „Ништо не е поважно од едноставна прегратка од саканите“.Речиси еден час по објавата на емотивниот пост истиот беше избришан.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања