„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фото

zz

ФОТО: Заев маскиран во оган, сопругата Зорица во мраз

На традиционалниот маскембал кој се одржа во 2013 во Струмица, премиерот Зоран Заев беше маскиран во оган, а неговата сопруга Зорица Заев во мраз. Тие беа учесници на манифестација, за разлика од оваа година кога само гледаа, но не се маскираа.[caption id="attachment_30426" align="alignnone" width="397"] Заев во 2013 година[/caption]Заева тогаш рече дека маската на премиерот е погодена затоа што тој има топла душа и зрачел со енергија. На Струмичкиот карневал се игра, пее и се прават шеги на сопствена, но и туѓа сметка. Во 2013 година, Заев беше градоначалник на Струмица.

Магазин | пред 6 години

40365847133_ed7090183a_o

ГАЛЕРИЈА: Заев со сопругата, Филипче и Анѓушев беа на журка во Струмица

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев присуствуваше на годинашното издание на Струмичкиот карневал, како еден од 7-те најатрактивни зимски настани во Европа, кој го обезбеди своето место на листата на 20-те најдобри улични карневали во светот.Премиерот Заев заедно со сопругата, и со членови на Владата на Република Северна Македонија, на покана на градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, присуствуваа на централниот настан од карневалските свечености и ги проследија стотиците групни и индивидуални маски во духот на традицијата што со децении ја гради оваа манифестација.Со бројните гости од земјата и од странство како учесници или како посетители, карневалот во Струмица и оваа година потврдува дека е значајна алка во градењето мостови на соработка преку културата и традицијата со сите збратимени градови коишто и оваа година испратија свои делегации на карневалот.

Македонија | пред 6 години

maska-dimitrov-zaev-zbogar

ФОТО: Димитров од карневал со порака до Жбогар

Со маска „Обединета Европа” – амбасадоре, има тука порака, ова синоќа на Фејсбук профилот напиша шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, кој заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар, со премиерот Зоран Заев и со струмичкиот градоначалник Коста Јанев се фотографираа со маската „Обединета Европа“.Гости на премиерот на синоќешниот Струмички карневал му беа повеќе министри и амбасадори кои иако не носеа маски, се сплотија меѓу нив и заиграа, поведени од атмосферата на плоштадот во Струмица.

Македонија | пред 6 години

2-4

ФОТО: Гори ли гори Скопјево наше

Гори ли гори Скопјево наше, депонијата во Шутка веќе две и пол недели, Вардариште во Гази Баба стандардно, во Сарај кај Лека, Крушопек исто, загадувачи колку сакаш, реагираат од О2 Иницијативата, објавувајќи и фотографии.Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:Одговорите од надлежните се:„Не палете отпад“ – Казни видовме? Колку? Кој е казнет? Како се очекува тие што палат да престанат?! Нешто се припотресоа еве гледаме, па гори цело Скопје.„Не можеме да стражариме цело време“ – Па, ако во град каде живее пола од државава ви гори депонија повеќе од две и пол недели, не стража, туку цела екипа треба да работи нон-стоп за да се исчисти тој дел и почне итен процес на рекултивација. За Варадриште да не збориме, Сарај, Лека, Крушопек…„Непознат сторител“ – Камерите за што се? Има камери по улициве, а на местата каде постојано се пали, поставете камери да го покријат теренот за да има познат сторител. Во Парк-шума Водно и во други шумски и заштитени подрачја, поставете камери и систем за итно реагирање, за екипи да се пуштат веднаш, на самиот почеток, а не откако ќе букне, па тешко се гаси

Скопје | пред 6 години

53333215_2523334147741987_6244356589768146944_n

ВИДЕО: Падна кров на тоалет во скопски студентски дом, студентите исплашени и револтирани

Во студентскиот дом “Стив Наумов” во Скопје, вчеравечер паднала цела кровна конструкција во еден од тоалетите кои ги користат студентите.Паднатата конструкцијат уништила и дел од инвентарот во тоалетот, но и личните работи на студентите. Засега нема информации за повредени лица, но, доколку некој ја користел просторијата, случајот можел да заврши трагично.Студентите се револтирани поради овој случај и велат “Ова не е во ред”. Според нив, лошите услови во студентскиот дом стануваат неподносливи и ги повикаа надлежните од ресорното министерство да реагираа на време, пред ова да се повтори и случајот да заврши трагично.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2323690754318364/

Скопје | пред 6 години

52700580_305090023484417_6604545024090701824_n

ФОТО: Баба одела во маркет да чита книга која не можела да ја купи, вработените ја изненадиле

Читањето, според многу научни истражувања, може навистина да направи чуда кога се во прашање нашите ментални способности, нашето расположение и нашите чувства.Бабичка вљубеник во книгите секдневно одела во книжара да прочита по некоја страница. Воодушевени продавачите од желбата на бабата чита и направиле и катче, во кое ќе може да седне и подолго време да чита.Оваа бабичка треба да е пример за многумина.https://www.facebook.com/interesantnofficial/photos/a.139083933418361/305090020151084/?type=3&theater 

Македонија | пред 6 години

53110767_2216612731718260_1488360348799991808_o

Поставени две платоа за смирување на сообраќајот

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве на улица „Тодор Александров“ пред основното училиште „Кочо Рацин“ поставија две платоа за смирување на сообраќајот.о Овие платоа најчесто се поставуваат пред пешачки премини во близина на училишта со цел намалување на брзината на возилата и зголемување на безбедноста на учениците.Градот Скопје изминатиот период постави платоа за смирување на сообраќај на улицата „Козле“ и на улицата „Борис Сарафов“, а во иднина ќе продолжи поставувањето и на други локации.

Скопје | пред 6 години

DSC_0013

Акција за чистење на насипот на реката Вардар во Ѓорче Петров

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска започна акција за чистење на пешачката и велосипедската патека на насипот на реката Вардар, во скопската општина Ѓорче Петров.„ ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје со дваесет работници на терен и со сета потребна механизација денеска ќе го исчисти непрописно одложениот отпад на оваа локација наменета за спорт и рекреација, а од граѓаните очекуваме да ја сочуваат и да ја одржат чиста, бидејќи тоа е за општо добро.“- изјави помошник -директорот Кемал Муслиу во оваа прилика.Акцијата ја поздрави и претставникот од Секторот за урбанизам при општината Ѓорче Петров, Никола Лазаревски, којшто нагласи дека природата ни припаѓа на сите и наша должност е преку правилното одлагање на отпадот да ја заштитиме животната околина.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Скопје се гуши - денеска на второ место на листата на најзагадени градови во светот

Главниот град на Македонија, Скопје во моментов е втор град по загаденост во светски рамки. Индексот на загадување во Скопје изнесува 164. На оваа листа пред Скопје се наоѓа само Дака во Бангладеш.Според податоците од 7 часот утрово најзагадено, било во Карпош, во подрачјето кај Ректоратот и во Центар, додека воздухот немал висока загаденост, во населбите Гази Баба и Лисиче.Сепак останува нејасно кои се официјалните податоци за загаденоста во Лисиче и Гази Баба, затоа што мерните станици веќе подолг период не ја мерат концентрацијата на ПМ10 честичките. 

Скопје | пред 6 години

1-14

(ФОТО) Изгореа три автомобили на полигонот за мали спортови во Охрид

Околу 1 часот по полноќ на полигонот за мали спортови во Охрид изгореле 3 автомобили од кои еден делумно.Веднаш интерневнирала противпожарната служба .Неофицијално причина за пожарот била неисправна инсталација.

Македонија | пред 6 години

51733870_383795752178621_507196879872720896_n

(ФОТО) Првата табла со ново име ќе се постави на ГП Богородица

Таблата на која е испишано Северна Македонија е на граничниот премин Богородица. Се очекува истата да биде поставена во текот на утрешниот ден.Официјална Атина очекува уште утре Скопје да почне со исполнување на обврските да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име.Фото: 24 инфо 

Македонија | пред 6 години

h_54828099-202427

(ФОТО) Хаос на улиците во Париз: Жолтите eлеци запалија воено антитерористичко возило

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастане на социјалната мрежа Твитер објави дека е згрозен од тоа што „Жолтите елеци“ го запалиле военото антитерористичко возило за време на протестите во Париз.Жолтите елеци вчера го запалија возилото пред Ајфеловата кула.„Секој ден војска ги штити нашите сонародници од ризик од тероризам. Ваквите напади се недозволиви“, напиша Кастане.https://twitter.com/CCastaner/status/1094274000887431168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1094274000887431168&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3203425%2Fzuti-prsluci-zapalili-vojno-antiteroristicko-vozilo-ministar-policije-zgrozen-31-demonstrant-uhapsen-foto-videoИсто така француската полиција соопшти дека 31 демнострант е уапсен за време на вчерашните протести.Еден од учесниците  при фрлање на експлозивна направа, нејасно е дали солзавец или шик бомба  си откинал 4 прсти на  раката.https://twitter.com/sahouraxo/status/1094249494315704322?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1094249494315704322&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3203425%2Fzuti-prsluci-zapalili-vojno-antiteroristicko-vozilo-ministar-policije-zgrozen-31-demonstrant-uhapsen-foto-video

Свет | пред 6 години

1-1-1

(ФОТО) СКАНДАЛ: На работното место доктори за медицина примени лица кои воопшто ги немало на ранг листата

На Фејсбук страницата Асоцијација на специјализнати и млади лекари се појави фотографија на која на работното место доктори за медицина во О.Е. Интерно одделение се примени лица кои воопшто ги немало на ранг листата.„Властите, ЛКМ и ЗЛС молчат, ние не!Каков е овој скандал и неправда!Првата слика е ранг листата а втората примени кандидати, срамота!Бараме одговорност за овој фашизам“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

51440599_248807682679932_4662359335370752000_n

(ФОТО) Цевката ја поправија, патот остана раскопан

По поплавата која на булеварот Илинден се случи на 4 февруари , во делот кај трговскиот центар „Сити мол“ во Капрош 4 остана закрпен булевар.Причина за поплавата беше пукната голема цевка, но цевката ја поправија, а патот остана раскопан.Вака изгледа булеварот Илинден по поправањето на дефектот. 

Скопје | пред 6 години

25-1

ФОТО: Груевски во Унгарија без венчалната бурма

По објавувањето на интервјуто со екс премиерот Никола Груевски, се анализира секој детал на снимката. Од тоа како изгледа, како седи, што носи, како се однесува, кои гестикулации ги прави, како зборува... и ред други детали. Се отиде до таму што се забележа и еден детал. Тој повеќе не ја носи бурмата која додека беше во Македонија не ја вадеше од прст.Прашање кое се наметнува, дали додека беше премиер протоколот внимаваше до секоја ситница па екс премиерот носејќи бурма на некој начин покажуваше хармоничен брак ( и покрај тоа што бурмата во денешно време не е мерило за тоа) или пак можби Груевски кога бегал од Македонија не успеал да ја земе.Инаку прв пат по десетина години, Никола Груевски во првото интервју по неговото бегство, се појави без венчалната бурма. Експремиерот живее сам во Будимпешта, како што рече во интервјуто згрижен од пријатели. Дома во Скопје, се неговата сопруга Боркица и двете ќерки.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања