Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ФРЧКОСКИ

media-library8u2v229lbqr5bTPlu2n

СДСМ: Ристов во РКЕ е дел од бизнис мрежа на Мицкоски

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека изборот на Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) претставува, како што рече, „нова алка“ во бизнис мрежата поврзана со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Фрчкоски тврди дека со поставувањето на Ристов на чело на институцијата која ги носи одлуките за цените на струјата, горивата и другите енергенси, се отвора сериозно прашање за конфликт на интереси.„Станува збор за лице кое доаѓа од енергетскиот бизнис, сопственик на хидроцентрали, а сега треба да одлучува за пазарот во кој самиот учествувал“, изјави Фрчкоски.Тој посочи дека Ристов е поранешен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш и сопруг на судијка која е член на Судскиот совет, што, според него, дополнително ја проблематизира ситуацијата.Според СДСМ, сомнително е и тоа што Ристов, како што тврдат, непосредно пред преземањето на функцијата се „ослободувал“ од сопственички удели во компании поврзани со мали хидроцентрали.„Компанија што остварува значителни приходи одеднаш менува сопственик, и тоа на лице без искуство во секторот. Ова отвора сомнеж за подготвување терен за преземање функција“, рече Фрчкоски.Тој додаде дека ова, според нив, не е изолиран случај, туку дел од поширока мрежа која, како што тврди СДСМ, се протега од енергетиката до банкарскиот сектор.„Сите алки се поврзани – од производство и увоз на струја, до продажба и финансии. Прашањето е кој ќе ја плати цената – одговорот е граѓаните“, истакна Фрчкоски.

Македонија | пред 2 часа

media-library9mjf2slv8iq41uGgQx7

(Видео) Коњите на Фрчко од МВР завршија на кланица, тој си играше играчки додека бројот на наркомани растеше по сто на ден, вели Ѓурчевски

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостување во „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, посочувајќи дека набавката на коњи била „катастрофа“ и симбол на погрешни приоритети, а кога Министерството за внатрешни работи го раководеше Љубомир Фрчковски.На прашањето на водителот за т.н. „коњи на Фрчко“, Ѓурчевски одговори дека тие завршиле „на кланица и во ладилник“, оценувајќи дека проектот за коњица бил целосно промашување.„Тоа беше смрт за полицијата. Во 1994 или 1995 година Фрчковски набави коњи за да прави коњица, затоа што видел такво нешто во Англија. Тоа беше најголемата глупост“, изјави Ѓурчевски.Тој додаде дека во тој период полицијата немала основна опрема, па дури ни борбени возила за специјалните единици, додека паралелно се трошеле средства за, како што рече, „коњи, овни, уметнички слики и очила“.„Тогаш бројот на наркомани растеше по сто на ден, а системот се занимаваше со вакви работи. Тој си играше игрички“, рече Ѓурчевски.Во емисијата, тој се осврна и на, како што тврди, контроверзна изјава поврзана со односот кон полицијата.„Полицајците се аморфна маса и можам да ги обликувам како сакам. Ако немам полицајци, ќе направам полицајци“, ја пренесе Ѓурчевски изјавата, нагласувајќи дека зборува, „најсериозно“.„Од криминолошки аспект на психијатрија“, додаде тој.

Македонија | пред 5 часа

media-librarynv3a0fcjmtlb1b7Z32l

Фрчкоски: Бизнис комбинации на ВМРО и СНС, преку „Руднап“ и Адамовиќ до проектот „Белград на вода“

Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) ја објави бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката, која се поврзува со регионални бизнис интереси, офшор компании и влијателни економски проекти во регионот.Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, истакна дека оваа мрежа започнува од Душан Адамовиќ, лице кое Мицкоски го назначил за почесен конзул во Србија.„Започнува од едно име за кое Мицкоски не сака да се зборува – Душан Адамовиќ. Мицкоски го назначи за почесен конзул во Србија, а 15 дена бегаше од одговор за неговата поврзаност“, рече Фрчкоски.Тој посочи дека токму преку оваа линија се отвораат врските со енергетскиот холдинг „Руднап“.„Преку Адамовиќ, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО, доаѓаме до офшор компанијата од Кипар, од каде почнува одмотувањето на ова бизнис-енергетско клопче. Од офшор структурата на Кипар е компанијата „Altaria Research Limited“, која води до „Rudnap Group“, енергетски холдинг на српскиот бизнисмен Војин Лазаревиќ. Врската со Владата на Мицкоски е директна. Тука Мицкоски има уште еден свој човек – министерката за енергетика Сања Божиновска, која се поврзува директно со „Руднап“. Била извршен директор во „Руднап Груп“ и управител во „Руднап ДООЕЛ Скопје“, нагласи Фрчкоски.Мрежата во Србија продолжува.„Адамовиќ е партнер со „Руднап“, каде сопственик е Војин Лазаревиќ. „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“. За таков сличен проект „Скопје на вода“ се зборуваше во Македонија. Но за овој сегмент од мрежата ќе откриваме понатаму. Оваа мрежа допрва ќе се одмотува. Дали сега е јасно зошто на ВМРО-ОКГ им смета кога ги споменуваме СНС и Вучиќ?“, рече членоит на ИО на СДСМ, Јон Фрчкоски.

Македонија | пред 3 дена

media-librarypu0nbtm84vftfDQiVMt

Фрчкоски: „Руднап“ и Божиновска се клучниот линк, АКТ на СДСМ откри нов дел од бизнис мрежата на Мицкоски

Денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ открива нов дел, уште еден сегмент од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката. Ќе почнеме од таму каде што застанавме. Бизнис релациите на Адамовиќ водат до Кипар и офшор компанија поврзана со енергетиката, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.„А преку Кипар доаѓаме и до уште една компанија – „Altaria Research Limited“.Краен сопственик на Altaria Research Limited е „Руднап груп“, холдинг компанија во сопственост на Војин Лазаревиќ, енергетски магнат и српски бизнисмен.Ова е клучната компанија.Кој е поврзан со Руднап груп во Владата на Мицкоски?Сања Божиновска, министерката за енергетика.Божиновска е директно поврзана со „Руднап груп“, каде што била извршен директор и била одговорна за активности во Србија, Македонија, Бугарија и други земји во регионот.Станува збор за фирма која управува со компании во Централна и Источна Европа за трговија со електрична енергија.Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.„Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија.Од овде почнува одмотувањето на ова енергетско клопче на фирми и релации.Ова е клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.Дали сега е појасно зошто се создаде ново министерство и зошто токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика?Актуелно е и назначувањето на пензионер, пријател на таткото на Мицкоски, во РЕК овие денови.Уште една алка во мрежата. Особено што бил советник на Божиновска.Сè што граѓаните треба да знаат е дека кога РЕК Битола не работи, се увезува скапа струја. А кога се увезува скапа струја, некој профитира.Сè е бизнис за Мицкоски.Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја.Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со работа.Сè ќе објавиме“, вели Фрчкоски.

Македонија | пред 5 дена

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Целиот инженеринг со пречекот на Груби е договор меѓу ВМРО и ДУИ

Целиот инженеринг околу доаѓањето на Артан Груби е договор помеѓу владејачката ВМРО- и ДУИ, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во вечерашната дебата во емисијата „Само вистини“ на Канал 5. Тој посочи дека денешното приведување на Груби наликуваше повеќе на пречек отколку на приведување.„Да се потсетиме, Артан Груби ја напушти Македонија како кој било граѓанин кој туристички заминува од држава. Ако се сеќавам добро, камерите на граничниот премин тогаш не работеа. Беше обвинет некој службеник, случајно најден позади компјутерите на царината. И денеска, со едни фанфари како на свадба, го пречекаа во 6 сабајле, и нормално, тоа, како што личи, беше проследено од медиумите блиски до власта, од изјавите на владејачката партија, како една „церемонија“ на испраќање од граница до притвор, од притвор до обвинителство. Ништо не наликуваше на приведување, имаше видео во 6 часот наутро со камери, и не мислам дека некој станал во 6 наутро да снима природа на Блаце“, рече Фрчкоски.Во дебатата, Фрчкоски посочи дека и „приведувањето“ на Груби е дел од внимателно конструирана наметната реторика на власта која ја дефокусира јавноста од темите кои сака да ги сокрие.„Ова е дел од мантрата на ВМРО и како чаршав покрива многу теми од кои бега целиот овој период, како што се непокачувањето на минималната плата, скандалот со петте тони марихуана кој се уште нема никаква разрешница, едно чудо тендери, криминали кои СДСМ ги објавува. Така што, сѐ она што ќе следи во наредниот период ќе биде една камуфлажа со која ќе се обидат да го покријат, а преку случајот со Артан“, рече Фрчкоски.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања