Промени тема
Контакт

(Видео) Коњите на Фрчко од МВР завршија на кланица, тој си играше играчки додека бројот на наркомани растеше по сто на ден, вели Ѓурчевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library9mjf2slv8iq41uGgQx7

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостување во „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, посочувајќи дека набавката на коњи била „катастрофа“ и симбол на погрешни приоритети, а кога Министерството за внатрешни работи го раководеше Љубомир Фрчковски.

На прашањето на водителот за т.н. „коњи на Фрчко“, Ѓурчевски одговори дека тие завршиле „на кланица и во ладилник“, оценувајќи дека проектот за коњица бил целосно промашување.

„Тоа беше смрт за полицијата. Во 1994 или 1995 година Фрчковски набави коњи за да прави коњица, затоа што видел такво нешто во Англија. Тоа беше најголемата глупост“, изјави Ѓурчевски.

— реклама —

Тој додаде дека во тој период полицијата немала основна опрема, па дури ни борбени возила за специјалните единици, додека паралелно се трошеле средства за, како што рече, „коњи, овни, уметнички слики и очила“.

„Тогаш бројот на наркомани растеше по сто на ден, а системот се занимаваше со вакви работи. Тој си играше игрички“, рече Ѓурчевски.

Во емисијата, тој се осврна и на, како што тврди, контроверзна изјава поврзана со односот кон полицијата.

„Полицајците се аморфна маса и можам да ги обликувам како сакам. Ако немам полицајци, ќе направам полицајци“, ја пренесе Ѓурчевски изјавата, нагласувајќи дека зборува, „најсериозно“.

— реклама —

„Од криминолошки аспект на психијатрија“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynb6uf2vf8epm7Ml4uGK

(Видео) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Македонија | пред 3 дена

media-library8u2v229lbqr5bTPlu2n

Фрчкоски: Мицкоски создава медиумски мрак

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykg24020v87n51YenRDh

Фрчкоски за водата во Гостивар: „Четири недели граѓаните пиеја вода со фекалии, мора да има одговорност“

Македонија | пред 3 седмици

media-library38dfj7nibud6eeqrUWU

Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните*

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања