Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот“, вели Фрчкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 минути -

Македонија
media-libraryp11p36sp24dtdyKMm6g

На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека врши притисок врз Обвинителството и се обидува да го прикрие случајот со Алта банка, за која партијата тврди дека е поврзана со српскиот претседател Александар Вучиќ.

— реклама —

Фрчкоски изјави дека гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, признал оти одлуката за Алта банка ја донел во консултации со Мицкоски. Според Фрчкоски, постојат сомневања за перење пари и криминално потекло на капиталот на банката.

Тој потсети дека СДСМ поднела кривични пријави против Славески и други инволвирани лица, барајќи од обвинителот Савески да постапи по нив. Од партијата бараат да се испитаат и потеклото на капиталот на сопственикот Давор Мацура, како и постапката за одобрување на преземањето на банката и спроведениот надзор.

— реклама —

Фрчкоски побара Обвинителството да преземе мерки, меѓу кои и привремена забрана за вршење на должноста на Славески, наведувајќи дека треба да се спречи можно влијание врз сведоци и уништување докази.

— реклама —

Од СДСМ обвинуваат дека Мицкоски се меша во прашања за кои нема надлежност, вклучително и во разговорите за продажба на банката. Партијата тврди и дека јавни претпријатија ги префрлиле своите средства во Алта банка, а граѓаните сега се соочуваат со ограничен пристап до нивните пари по воведувањето присилна управа.

„Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат“, порача Фрчкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynb6uf2vf8epm7Ml4uGK

Фрчкоски: Владата склучила договор за хотелски услуги од 380.000 евра

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarynb6uf2vf8epm7Ml4uGK

(Видео) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Македонија | пред 2 месеци

media-library8u2v229lbqr5bTPlu2n

Фрчкоски: Мицкоски создава медиумски мрак

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykg24020v87n51YenRDh

Фрчкоски за водата во Гостивар: „Четири недели граѓаните пиеја вода со фекалии, мора да има одговорност“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања