Мерц незадоволен од овациите за Рубио: Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека би станал
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази незадоволство поради овациите што американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио ги доби на Минхенската безбедносна конференција.„Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека би станал“, рече Мерц во политичкиот подкаст Machtwechsel.Мерц напомена дека говорот на Рубио не бил конфронтациски како оној што минатата година на истата конференција го одржа американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Сепак, додаде дека содржината на говорот сè уште ја одразува политиката на претседателот Трамп, само во „пријателско пакување“.Канцеларот реакцијата на публиката ја објасни со фактот дека присутните уживале што пред нив се обраќа Американец кој сè уште зборува како пријател.„Тоа само по себе предизвика одредена емоција. Мене тоа не би ми било доволно, но очигледно во салата беше“, рече Мерк.Рубио во Минхен се заложи за ревитализација на трансатлантското партнерство, но јасно даде до знаење дека таквата соработка ја гледа исклучиво под услови што ги диктира администрацијата на Трамп.Говорот на Рубио во бајарската престолнина, во кој нагласи дека „САД и Европа припаѓаат едни на други“ и дека судбините на двата континенти „секогаш ќе бидат испреплетени“, беше дочекан со силен аплауз од публиката.Повеќепати истакнувајќи дека Вашингтон сака соработка со Европа, Рубио предупреди дека сојузот треба да се поправи.„Не сакаме слаби сојузници и не сакаме да бидеме пристојни и тивки чувари на пропаста на Западот“, порача тој.
Свет | пред 1 седмица