ФЗО

ginekolog

ФЗО и УЈП казнија 23 гинеколошки ординации: Наплаќале ПАП тест, ЕХО и други услуги што ги покрива Фондот

По бројни претставки од пациентки, Фондот за здравствено осигурување и Управата за јавни приходи спроведоа заеднички контроли во 49 приватни гинеколошки ординации ширум државата. Ова е прва ваква акција од 2012 година, соопшти директорот на ФЗО, Сашо Клековски.Контролата покажа дека речиси половина од проверените установи работеле спротивно на правилата. Вкупно 23 ординации добија санкции — дел поради наплата на услуги кои треба да бидат бесплатни за здравствено осигурените лица, а дел поради неуредно водење евиденција.Како најсериозна неправилност е утврдено наплаќањето на услуги што влегуваат во договорот со Фондот и не смеат да се фактурираат на пациенти — меѓу нив цитолошки и микробиолошки брисеви, ПАП тест, ЕХО и колпоскопија. Таква пракса била констатирана во осум ординации, а кај пет биле утврдени пропусти во документацијата.Паралелно, УЈП утврдила дека 20 приватни гинеколошки установи не издавале фискални сметки. Директорката Елена Петрова апелираше до пациентките секогаш да бараат фискална сметка за извршената услуга.За сите неправилности се изречени глоби и мерки. Контролите се спроведени во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Штип и Струмица, а целта, како што беше нагласено, е пациентките да добиваат услуги согласно законот и договорите со Фондот.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања