Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЃОКОВИЌ

Screenshot-2024-08-05-at-12.36.45

Ѓоковиќ уверен: Алкараз има сѐ за да го сруши мојот рекорд од 41 победа – но клучот е во телото

Новак Ѓоковиќ оцени дека Карлос Алкараз има реални шанси да го надмине неговиот рекорд од 41 победа во една сезона, поставен во 2011 година, нагласувајќи дека младиот Шпанец поседува „сѐ што е потребно“ за таков подвиг – игра, приспособливост на различни подлоги, кондиција и брзо закрепнување.Изјавата доаѓа од Индијан Велс, каде што Ѓоковиќ го отвори настапот со победа над Григор Димитров и воедно зборуваше за сериите што се граделе со месеци, но се одржуваат меч по меч, под силен притисок и со минимален простор за грешка.„Тој може да го направи тоа. Има сѐ што е потребно – игра, приспособливост на различни подлоги, кондиција и опоравување… Мора да го чува своето тело. Ако го чува телото, толку е добар што може да освои кој било турнир на кој игра“, порача Ѓоковиќ.Според Ѓоковиќ, токму физичката грижа и распоредот се пресудни во трката по ваков тип рекорд, бидејќи долгиот победнички низ не е само прашање на форма, туку и на мудро дозирање на напор, патувања и ризик од повреди. Тој потсети дека и самиот имал неколку почетоци на сезони со над 25 победи, но дека да се помине границата од 40 е „исклучително барано“.Алкараз, кој ја продолжи победничката серија на стартот на сезоната, призна дека дури кога ќе се стигне до двоцифрен број триумфи станува јасно колку е тежок патот до историски бројки, затоа што тогаш следуваат најголемите турнири и најтешките мечеви, каде што секој ривал има дополнителна мотивација да ја прекине серијата.„Тоа е сериозен предизвик… Тогаш сфаќаш колку е импресивно тоа што го постигна Новак“, истакна Алкараз.Во математиката на рекордот, потенцијалната титула во Индијан Велс би го подигнала сезонскиот биланс на Алкараз на 18 победи, што значи дека би му останале уште 23 триумфи до границата од 41 – задача што во пракса подразбира уште неколку големи турнири со речиси совршен учинок.Ѓоковиќ, сепак, подвлече дека токму менталниот моментум е она што може да ја „влече“ серијата: со секоја победа расте самодовербата и чувството дека следниот меч е нова можност за зацврстување на формата. На крајот, тој му посака на ривалот уште многу успех, оценувајќи дека она што Алкараз го прави е важно и „извонредно“ за тенисот.

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryjrkgfsovir1m8pARFa5

Карлос Алкараз е новиот шампион на „Австралија опен“, Ѓоковиќ застана на чекор до рекордот

Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија опен, откако во финалето во Мелбурн го совлада Новак Ѓоковиќ и ја спречи неговата мисија за освојување на рекордната 25. гренд-слем титула.Клучниот гем од мечот донесе жестока размена на удари, во која Карлос Алкараз успеа да ја искористи грешката на Ѓоковиќ и да ја преземе контролата. Српскиот ас возврати со препознатливата магија, напаѓајќи на мрежа по втор сервис и освојувајќи поен со два прецизни волеја, но потоа следуваше нова неизнудена грешка која му овозможи предност на Алкараз.По силен ритерн, Алкараз стигна до две меч-топки и ја искористи првата, со што го запечати триумфот и ја освои титулата на Австралија опен.Со овој триумф, шпанскиот тенисер уште еднаш ја потврди својата доминација на најголемата сцена, додека Ѓоковиќ остана без ново историско достигнување, и покрај силниот отпор и борбата до самиот крај на финалето.

Спорт | пред 1 месец

gjokovic

Ѓоковиќ за провокациите од трибините: Повеќе ми е смешно отколку што ме вознемирува

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се осврна на провокациите што често ги добива од трибините за време на натпреварите, истакнувајќи дека тие сè поретко му пречат.За време на егзибицискиот натпревар против Френсис Тиафо, од публиката можеше да се слушне довикувањето „Ајде, Роџер“, но Ѓоковиќ вели дека ваквите ситуации повеќе не го вознемируваат како порано.„Тоа е некаков нормален тек на настаните и сигурно не е ни прв, ни последен пат да го доживеам тоа на терен. Сега повеќе ми е смешно отколку што ме нервира. Зависи и од тоа во кој момент од мечот се случува. Каква ти е психичката состојба, таква ќе биде и реакцијата – или ќе ја има, или не. Многупати сум го регистрирал тоа и едноставно поминува низ едното и излегува низ другото уво, а понекогаш реакциите знаат да бидат малку поостроумни или подрски, сè зависи како ќе ме погоди во тој миг“, изјави Ѓоковиќ.Српскиот ас во моментов има точно 100 победи во Мелбурн, бројка која, како што призна, не му била целосно во фокусот.„Навистина? Па да, не знаев дали сум веќе на таа бројка. Кога сме веќе толку блиску, зошто да не се заокружи на 100, па и повеќе. Би било убаво. Њујорк е искрено далеку“, додаде Ѓоковиќ.Новак Ѓоковиќ повторно ќе излезе на терен во четврток, кога во второто коло ќе се соочи со Италијанецот Франческо Маестрели.

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања