„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ѓорче

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.31

Претрес кај ѓорчепетровец

На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров-Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ј.(42) од Скопје.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

policija-3-640x382

Морбидно: Најдени остатоци од скелет на човек во Ѓорче Петров

На 25.09.2022 во 14.07 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во канал покрај пругата во близина на ул.„Радушка“ биле пронајдени остатоци од човечки скелет завиткани во крпа.Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.59

Малолетник „пакостел“ во Ѓорче Петров, полицијата со детали

На 12.09.2022 во 21.15 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров лишиле од слобода малолетник од с.Чајлане-скопско.Тој се сомничи дека на 04.09.2022 во паркот во Ѓорче Петров одзел велосипед. Велосипедот бил пронајден и вратен на оштетениот. Известен бил Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Google-Maps-Street-View-two-women-fighting-Russia-1382501

Жени се степале на паркинг во Ѓорче, познат идентитетот

Женска тепачка имало во Ѓорче Петров.Во Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во 20:07 часот С.В.(49) од Скопје пријавила дека во 19:45 часот на паркинг на подрачје на Ѓорче Петров, Скопје, по претходна расправија, неа физички ја нападнала О.Ѓ.(40) исто од Скопје (женско лице).Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Мотор се запали и изгоре во Ѓорче Петров

Во пожар, целосно изгоре моторцикл. Настанот се случи во Ѓорче Петров. Минувачи го снимиле моментот кога избил пожарот, а во близина има и други возила кои не се зафатени иако огнот брзо се проширил.Според првичните информации, нема повредени лица.Со оглед дека настанот се случил на јавна површина, веројатно и полиција ќе треба да направи увид.За видео кликни тука

Скопје | пред 3 години

grabez

Фатени разбојниците од Грчец кои ограбија објект во Ѓорче Петров

Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Карпош при СВР Скопје расчистија три кривични дела „разбојништво“ сторени на подрачјето на Скопје.– На 04.08.2022 од слобода беа лишени Ш.И.(31) од с.Грчец, скопско и Л.Ј.(23) од с.Крушопек, скопско, откако со закана со огнено оружје одзедоа пари и повеќе предмети од продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје. Во службен разговор во полициска станица тие признале уште две дела кои ги сториле на 29.07 и 01.08.2022 во Скопје. На 29.07.2022 во 22.23 часот во продажен објект на ул.„Козле“ со закана кон вработените одзеле пари и предмети и на 01.08.2022 во финансиско друштво на ул.„Ѓорче Петров“ со закана одзеле пари, соопштија денеска од МВР.По документирање на случаите, појаснуваат од МВР, Ш.И. бил пренесен во Казнено-поравната установа Затвор Прилеп за доиздржување казна затвор од околу седум години, од каде претходно бил во бегство. На лицето Л.Ј. пак, му е поднесена кривицна пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена

Скопје | пред 3 години

IMG_4867

“Се фатиле за коса”: Тепачка меѓу две жени во Ѓорче Петров

На 19.07.2022 во 22.30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(52) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, била физички нападната од З.С.(46) од Скопје. Исто така, во 22.40 часот Н.С.(24) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од Ј.М.(52) од Скопје, стои во соопштение од МВР.По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 3 години

ustaven

Уставен со важна одлука за жителите на Ѓорче Петров

Уставниот суд на денешната седница одлучи да укине дел од членот 3 став 1 од Одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Ѓорче Петров во 2022 година донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров, со кој се условува оваа парична помош со брачната состојба на родителите.„Оваа Одлука е оспорена меѓу другото поради постоење на дискриминирачки услов за добивање на еднократна парична помош, односно уверение од матичната книга на венчаните при поднесување на барањето. Уставниот суд оцени дека со оваа одлука се повредува уставното право на еднаквост на граѓаните, предвидено во членот 9 од Уставот“, велат од Уставен суд.

Скопје | пред 3 години

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Сопруг ја натепал жена му во Ѓорче Петров

На 01.07.2022 во 01.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, жена од Скопје пријавила дека на 30.06.2022 околу 23.00 часот во двор од куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, поради нарушени односи, била физички нападната од нејзиниот сопруг П.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

2-1

(ФОТО) Пожар во Ѓорче Петров

Пожар во подножјето на Водно.Граѓаните велат дека веќе втор ден гори во близина на фудбалското игралиште Лавови во Ѓорче.Во Ѓорче, но и околните населби се шири непријатна миризба, а граѓаните бараат надлежните да реагираат.

Скопје | пред 3 години

IMG_5583

(ФОТО) Верниците нервозни се вратија од гробиштата во Ѓорче, затекоа фрапирачка состојба: За срамота!

Верниците со низа реакции за несреденоста на гробиштата во Ѓорче Петров. Високи треви, расфрлан отпад и полни контејнери беше она што можеше да се забележи насекаде. Задолжени за одржување се АД Бутел, кои очигледно, не си ја завршиле својата обврска пред верскиот празник Задушница.„За срамота“, „Невидена катастрофа“, „За ова ли земаат пари“, беа само дел од коментарите од разочараните верници. Дел од граѓаните реагирале и во АД Бутел, но велат дека е залудно.„Исто ви се фаќа и да вртите на сите телефони, ќе ви кажат дека само двајца работници имаат и не можат да постигнат, јас веќе се жалев пред месец дена и тоа ми одговорија, немаат луѓе“, вели еден од верниците.„Секоја година е исто, никој не презема ништо, а за контејнерите да не правиме муабет не ги чистат, чекаат да скапе или ветар да дувне да однесе по гробовите па да си исчистиме самите“, вели друг верник.„Како ние ќе одиме до гробовите змии ќе не изедат, срамота за Бутел“, коментираат други.Ова не е првпат да има вакви остри реакции за чистотата на гробиштата. И покрај тоа што верниците плаќаат за одржување, очигледно дека надлежната служба на АД Бутел знае да потфрли во својата работа.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2021-10-28-at-08.38.50

Градоначалникот на Ѓорче Петров за сообраќајката: Ова е за сериозна загриженост!

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, посочи дека сообраќајната несреќа во близина на општинската зграда остава простор за огромна загриженост. Тој изрази сочувство до семејството на загинатиот пешак. Посочи дека улиците мора да бидат безбедни за сите, од деца до највозрасни.„Сите имаме своја улога во сообраќајот, внимателноста е најважна. Како возачи, огромно внимание треба да обрнеме на другите учесници во сообраќајот, на брзината со која возиме, сообраќајните правила. Како пешаци мораме без исклучок колку ни се брза, да поминуваме улица на обележан пешачки премин. Ова е единствениот начин, сите да бидеме безбедни. Ме вознемири ова што вечерва се случи. Исто како што ве вознемири она што се случи пред „Сити мол“ пред пет месеци. Се надевам дека ваквите несреќи ќе бидат во најмал можен број односно дека ќе ги немаме. Не заборавајте, никаде не се брзаме. Најважно е безбедно да стигнеме дома, бидејќи, таму, некој не чека!“, напиша Стојкоски.„Скопје1“ објави дека загинатиот пешак е од Сарај. Полиција има на терен и се утврдува како дошло до прегазувањето.

Скопје | пред 3 години

pesak

ФОТО: Загинатиот пешак во Ѓорче Петров е од Сарај

Пешакот кој загина во сообраќајката во Ѓорче Петров бил од Сарај, дознава „Скопје1“. Животот го изгубил веднаш откако „Аудито“ го прегазило. Очевидци велат дека пешакот летнал над возилото, а автомобилот е неколку метри пред мртвото тело.Првичните и неофицијални информации велат дека имало обиди да се спаси пешакот и од страна на случајни минувачи, но неуспешно.Засега официјални информации од полицијата нема. На терен е излезена екипа, се прави увид и се чека насоки од јавен обвинител.Не е познато ниту дали пешакот поминувал на пешачки премин или претрчувал низ четирите ленти на улицата.

Скопје | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Тешка сообраќајка во Ѓорче Петров, неофицијално е прегазен пешак

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Ѓорче Петров во близина на зградата на Општината.Според првичните информации патничко моторно возило удрило во пешак.Нема повеќе информации.

Скопје | пред 3 години

IMG_4875

(ФОТО) Сообраќајка во Ѓорче, две лица во болница - едно возило излетано од патот

Автомобили со тетовски и скопски регистарски таблици се судрија во Ѓорче Петров. Несреќата се случи попладнево, на раскрсницата меѓу улиците Кузман Шапкарев и Борис Сарафов. Едно од возилата, од силината на ударот е излетано и надвор од улицата.Очевидци велат дека интервенирала и Брза помош, која двете лица од автомобилот со скопски регистрации ги пренела во болница. Тие биле повредени, а за здравствената состојба засега нема информации.Увид направи и полицијата, која ќе треба да ги утврди причините за несреќата. Локалното население вели дека на оваа раскрсница скоро никогаш не се почитуваат сообраќајните правила.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања