Пропадна обид за политички поени во Ѓорче: СДСМ со обвинување, кое се демантира со фотографии
Игралиштето во скопско Волково кое четири години беше заборавено, доби функционален лик. Истовремено, истото послужи и за одбид за собирање на политички поени. СДСМ објави фотографии со тврдење дека е евтин ПР на градоначалникот Александар Стојкоски. Тие тврдеа дека фарбањето не е завршено. Но на терен, состојбата е поинаква.„И по десет денови истото игралиште е оставено недовршено, најверојатно додека не се појави нова тура фотографии од градоначалникот Стојкоски како наводно работи“, обвинија СДСМ пред еден час.Ова би било неточно, дотолку повеќе што уште пред неколку денови, општинската служба за односи со јавност на Ѓорче Петров, испрати фотографии од кои се гледа дека просторот кој треба да е обоен е завршен.Акцијата беше реализирана со Александар Стојкоски, градоначалник на општината, но и ученици од училиштата „Страшо Пинџур“, „Ѓорче Петров“ и „Јоаким Крчоски“.„Активно се вклучив во акцијата на садење садници, естетско уредување на игралиштето и боење, по што ќе следи расчистување на спортското игралиште. Ова е одличен настан да ги насочиме учениците од најмала возраст да се грижат за објектите кои ги користат и да ја покренеме свеста дека чистата животна средина е здравје за сите. Преку вакви случувања децата заеднички делуваат во акција, се дружат, но се учат и на одговорност. Станува збор за проектот насловен „Младинска акција“ кој општина Ѓорче Петров го спроведува во соработка со МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / MCEC . Планираме во иднина ваквите проекти кои вклучуваат ученици да станат пракса“, објавија општиниските служби и градоначалникот.
Скопје | пред 3 години