Промени тема
Контакт

Скопје добива излетничко место кое ќе биде светско, Стојкоски почна со реализација на важен проект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
277505638_325029872951562_2708888280467903814_n

„Стартуваме со реализација на големиот проект „Партерно уредување на локалитетот “Крст“ во с.Кучково! Оваа атрактивна туристичко-рекреативна локација конечно ќе добие современ изглед“, објави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој додава:

„Партерно ќе се уредува површина од 5.456 m2.

Планирана е изградба на амфитеатар со вкупно радијално развиени 3 трибини кој ќе ги прими сите категории посетители од социолошки аспект и ќе обезбеди пријатен престој.

— реклама —

Во план е изградба и на две платформи чие димензионирање е според активностите и потребите на посетителите и монтажни тоалети.

При проектирањето на овој проект сериозно ќе се води сметка за постојната положба на високото зеленило за да се избегне негово уништување, а дополнително да се подобри просторот со ново зеленило.

Во оваа насока, хортикултурно ќе се уредува површина од 1.750м2.

— реклама —

Ќе биде поставена и урбана опрема, односно корпи за отпадоци, паркинзи за велосипеди, дрвени клупи, брисолеи, како и пешачки и пристапни патеки кои водат до амфитеатарот и се дизајнирани со пристапни рампи за лицата со попреченост.

Локацијата ќе биде и осветлена со поставување улични светилки-канделабри и подни ЛЕД светилки.

— реклама —

Вкупните средства претставуваат неповратни ГРАНТ средства за успешност од МСИП2-проектот на Светска Банка, кој е доделен како резултат на успешно реализиран заем од истата програма.

Продолжуваме со реализација на ветените проекти! Граѓаните заслужуваат модерна и урбана општина“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

taksi

Таксист натепан пред ресторан во Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 година

— реклама —
raskopan-volkovo

(Видео) Автомобил се преврте на патот кон Волково, кој стои раскопан повеќе од половина година

Скопје | пред 1 година

dzid-zgrada

(Видео) Градејќи нова, урнале ѕид од зграда: инцидент во Ѓорче, станари велат дека ова е загрозување на нивната сигурност и здравје

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-20.15.49

Шестгодишно дете е жртвата во училиштето во Ѓорче: наставничка суспендирана, четири имаат дисциплинска, директорот се повлече

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања