„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пропадна обид за политички поени во Ѓорче: СДСМ со обвинување, кое се демантира со фотографии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
collage-4

Игралиштето во скопско Волково кое четири години беше заборавено, доби функционален лик. Истовремено, истото послужи и за одбид за собирање на политички поени. СДСМ објави фотографии со тврдење дека е евтин ПР на градоначалникот Александар Стојкоски. Тие тврдеа дека фарбањето не е завршено. Но на терен, состојбата е поинаква.

— реклама —

„И по десет денови истото игралиште е оставено недовршено, најверојатно додека не се појави нова тура фотографии од градоначалникот Стојкоски како наводно работи“, обвинија СДСМ пред еден час.

— реклама —

Ова би било неточно, дотолку повеќе што уште пред неколку денови, општинската служба за односи со јавност на Ѓорче Петров, испрати фотографии од кои се гледа дека просторот кој треба да е обоен е завршен.

Акцијата беше реализирана со Александар Стојкоски, градоначалник на општината, но и ученици од училиштата „Страшо Пинџур“, „Ѓорче Петров“ и „Јоаким Крчоски“.

„Активно се вклучив во акцијата на садење садници, естетско уредување на игралиштето и боење, по што ќе следи расчистување на спортското игралиште. Ова е одличен настан да ги насочиме учениците од најмала возраст да се грижат за објектите кои ги користат и да ја покренеме свеста дека чистата животна средина е здравје за сите. Преку вакви случувања децата заеднички делуваат во акција, се дружат, но се учат и на одговорност. Станува збор за проектот насловен „Младинска акција“ кој општина Ѓорче Петров го спроведува во соработка со МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / MCEC . Планираме во иднина ваквите проекти кои вклучуваат ученици да станат пракса“, објавија општиниските служби и градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

taksi

Таксист натепан пред ресторан во Ѓорче Петров

Скопје | пред 4 месеци

raskopan-volkovo

(Видео) Автомобил се преврте на патот кон Волково, кој стои раскопан повеќе од половина година

Скопје | пред 8 месеци

dzid-zgrada

(Видео) Градејќи нова, урнале ѕид од зграда: инцидент во Ѓорче, станари велат дека ова е загрозување на нивната сигурност и здравје

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2024-10-10-at-20.15.49

Шестгодишно дете е жртвата во училиштето во Ѓорче: наставничка суспендирана, четири имаат дисциплинска, директорот се повлече

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања