„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Наумоски по изгубените избори доби нова функција од Владата, ќе ги замени Ване Цветанов и Дунавка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
collage

Ексградоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски си доби нова функција од Влада. Тој ќе раководи со телото каде претседател претходно беше Ване Цветанов, а прв помошник Дунавка Трифуновска. Станува збор за Советот за унапредување и надзор на ревизијата. За тоа дека повеќе не седи дома, пет месеци по изборите, тој самиот објави на социјалните мрежи. Тој напишал дека е претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, иако, неговата функција е само вршител на должноста претседател, се додека не се избере нов. Но, со оглед дека во Македонија е пракса да се бираат вршителите на должност и за претседатели, веројатно и во овој случај ќе биде исто.

— реклама —

Под објавата од Наумоски има само два коментари, најверојатно, од лажен профил со оглед дека истиот нема фотографија, а е со само четири пријатели на социјалната мрежа. Во првиот коментар се прашува: „Колку пари украде од општината, се збогати преку ноќ“, а вториот е гиф фотографија.

— реклама —

Интересно е што во текот на изборната кампања, Наумоски го користеше името Македонија на трибините, а сега, во опис го ставил новото уставно име „... на Северна Македонија“.

Наумоски е познат по тоа што молзеше крава среде кампања. Додека беше градоначалник купи БМВ и си ја зголеми платата, а пред да му заврши мандатот почна со асфалтирање на улици низ општината. Исто така, тој во текот на мандатот ја изгради, но не и заврши, градинката во Волково. Започна со реновирање и на училишта. Ветуваше базен и катна гаража, но не ги направи. Во трката за втор мандат, не доби доверба од неговите сожители.

Ако се погледне кариерата на Наумоски, од 2002 година до 2008 година постојано земал плата од државниот буџет. Откако четири години бил приправник во адвокатска канцеларија, почнал да работи во Воено воздухопловство при АРМ, па Централен регистар, во Министерството за правда, бил член на Комитетот за подобрување на постапките за заштита на човековите права при Советот на Европа. Од 2011 година до 2017 работел во осигурителна компанија, па во синдикална организација која сега веќе не постои. Потоа продолжил во приватна фирма чиј сопственик порано бил самиот тој, па работел како менаџер. По доаѓањето на СДСМ на власт, стана директор на затворот „Скопје“ во Шутка, а на локалните избори во 2017 година беше избран за градоначалник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања