(Фото) Тапанарот на „ДНК“ Ѓорѓи Ѓоргиев – Џоко, кој загина во пожарот во „Пулс“, ќе живее во спомените: На неговиот роденден поставена биста во Струмица
Со марш на сеќавањето и откривање спомен-обележје, Струмица вечерва му оддаде почит на младиот музичар Ѓорѓи Ѓоргиев – Џоко, кој на 25-годишна возраст го загуби животот во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На неговиот роденден, во големиот градски парк беше откриено спомен-обележјето посветено на Џоко, но и на сите 64 жртви од трагедијата. Настанот започна со марш на сеќавањето по булеварот „Гоце Делчев“, од каде што присутните продолжија до градскиот парк.Пред семејството на Џоко
Македонија | пред 2 часа