„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

гордана силјановска давкова

Screenshot-2024-05-12-at-12.39.10

Сиљановска закажа прва средба во Кабинет

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, 13 мај 2024 година, понеделник во 14:00 часот ќе ги прими ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот во Тетово и „Мајка Тереза“ – Скопје.

Македонија | пред 1 година

micotakis

Мицотакис: Ако не се почитува Преспанскиот договор ќе има проблеми

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, не го кажала зборот „Северна“ за време на нејзината заклетва, што е составен дел од уставното име на земјата, дека нејзиниот „провокативен избор“ бил да го прекрши официјалниот текст на нејзината заклетва и да ја нарекува својата земја со друго име е незаконски и незаконски.Мицотакис на мрежата Х напиша дека Силјановска Давкова со тоа го прекршила Договорот од Преспа и уставот на својата земја и ги отфрлила, како што навел, „манипулациите“ како оние со кои Силјановска го започнала мандатот. Тој ја повика Силјановска Давкова да се врати на законските обврски и на однесувањето што произлегува од нејзината улога.„Категорично изјавуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависи од искреното почитување на договорот. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава. И, се разбира, од избегнување предизвици“, рече Мицотакис.Министерството за надворешни работи на Грција вчера оцени дека при полагањето заклетва на Силјановска Давкова, која не го кажа целото име на државата туку само зборот „Македонија“, дошло до флагрантно кршење на Договорот од Преспа, на кој како што предупредува, зависат и билатералните односи меѓу Атина и Скопје.Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа во 2018 година, со што заврши 27-годишниот спор за името на Македонија. Со Преспанскиот договор, Македонија го смени името во Република Северна Македонија, а Грција за возврат не ја спречи земјата да влезе во НАТО.

Македонија | пред 1 година

radev

Радев: Бугарија не прифаќа изјави и однесувања спротивни на договорот за добрососедство

Радев денеска упати остро предупредување до политичарите во Македонија во кое наведе дека Република Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност и со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и со другите меѓународни договори што Македонија ги има потпишано.„Бугарија постојано и јасно го кажува својот став дека договорите мора да се реализираат. Потсетувам дека РСМ е земја членка на НАТО, од што произлегуваат соодветни обврски и одговорности“, вели бугарскиот претседател во контекст на вчерашната инаугурација на новата претседателка Силјановска-Давкова и завршувањето на изборната кампања.Договорот со Бугарија беше и меѓу проблематичните теми за ВМРО-ДПМНЕ во кампањата, бидејќи сите претставници на победничката партија дадоа изјави во насока на повторно преговарање на Преговарачката рамка со ЕУ, во која се вклучени и проблематичните моменти со Бугарија.Новоизбраната претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова вчера ја презеде функцијата, откако положи заклетва во Собранието. Таа кога положи заклетва рече „Изјавувам дека совесно и одговорно ќе ја извршувам функцијата претседател на Македонија“. Сиљановска и во својата предизборна кампања неколку пати изјави дека нема да ја користи придавката „Северна“ во името на државата, што беше сменето со Договорот од Преспа со Грција од 2018 година.

Македонија | пред 1 година

Siljanovska-Davkova-24.02

Силјановска Давкова се заблагодари за честитките за победа од претседателот Макрон

Победата на првата македонска жена претседател, Гордана Силјановска Давкова и ја честитаа лидери од регионот и Европа.Силјановска-Давкова благодарност за добиените честитки искажа на англиски јазик, но и на мајчиниот јазик на сите кои и ја честитаа победата.Честитки на македонски јазик за победата на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, вчера, на социјалната мрежа Фејсбук, упати претседателот на Република Франција, Емануел Макрон. Во честитка се потенцира француската поддршка за Македонија кон целосна евроинтеграција при што е наведено следново:„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели.Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател.Франција остнува на страната на Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина.“Професорката Гордана Силјановска-Давкова упати благодарност за честитиката на македонски и на француски јазик. Во одговорот на професорката Гордана Сиљановска-Давкова стои:„ Претседателе Макрон, Ви благодарам за честитките! Франција, како една од земјите основачи на ЕУ има најважна улога и одговорност за успех на европскиот проект. Вашата поддршка се надевам ќе го отвори патот на Македонија кон Европа, а она што можам да се заложам е дека ќе градам консензус за реформи кои ќе им овозможат на македонските граѓани да живеат европски. Воедно, како две пријателски земји во мојот мандат ќе работам на зајакнување на билатералните односи, особено економската, културната и научната размена.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски и Силјановска на средба со Делегацијата на Ад-хок Комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Денес 27.03.2024 година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, како и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Никола Мицевски остваријa работна средба со Делегацијата на Ад-хок Комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Македонија.На средбата се дискутираше за подготовката на изборните процеси, претседателски и парламентарни, како и запознавање на делегацијата на Ад-хок Комисијата на парламентарното собрание со моменталната политичка состојба во предизборниот процес во државата.Исто така на средбата беше посочено дека на државата и се потребни целосни реформи, како и зајакнување на демократските вредности и перспективи на Македонија.Од страна на претседателот Христијан Мицкоски беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ будно ги следи сите настани и состојби во предизборниот процес, како и спроведувањето на изборите од страна на сите засегнати институции во државата.На средбата беше констатирана добрата соработка со предизборната мисија на Делегацијата, како и ставањето во функција на сите потребни капацитети од страна на ВМРО-ДПМНЕ за фер и демократски претседателски и парламентарни избори во Македонија.

Македонија | пред 1 година

Capture-2

„Споредете ги првите луѓе на државата со оние од 90—тите и ќе видите дали чекориме напред, или назад“, вели Давкова

До каде стигнавме по 31 година самостојност?Стигнавме до Софија, наместо до Копенхаген, со повеќе уставни амандмани од години на „независност“, до државичка со енормно моќни биснис политичари и слаби институции, ПАРТИСКА држава, заразена со клиентелизам и корупција, олигархиска држава, киднапирана од неука, примитивна, провинцијална „елита“, со луксузен животен стил, без дигнитет и интегритет, поданичка кон „меѓународната заедница“, арогантна кон граѓаните, вели професорката Гордана Силјановска Давкова.„Стигнавме до нарушено начело на поделба на власта до степен на непрепознавање, до неодговорна влада, влада која не креира политики, туку дистрибуира функции и работни места на подржувачи, го политизира и контролира судството, го крши костурот на државата – администрацијата!Стигнавме до политичари - БОГОВИ, што е погубен модел за младите луѓе, со убиени надежи, визии и соништа дека ќе биде вреднувано доброто образование, диплома и знаење!Стигнавме до идиократија. Споредете ги првите луѓе на државата со оние од 90—тите и ќе видите дали чекориме напред, или назад!Ние сме трагична приказна со најсреќна власт!На 8-ми септември 1991 година, се качивме на транзицискиот брод „Република МАКЕДОНИЈА“ и запловивме кон Брисел низ разбурканиот трет бран на демократијата, што ја заплисна Централна и Источна Европа. Некои држави, по подолго или покусо патување, се закотвија во Брисел, други, уште патуваат, качени на чамци за спасување, или оставени на милост и немилост на бурите! НИЕ, осамени и без Одисеј, се соочивме со невидени сцили и харибди, обидувајќи се да избегаме од Кирка и Полифем и да останеме ОНИЕ ШТО СМЕ БИЛЕ низ вековите.Ама, неуката и поданичка (не)македонска посада, со лажен капетан и неспособни офицери, потклекна без отпор и направи НЕВОЗМОЖНИ ОТСТАПКИ пред „добрососедските“ и бриселски притисоци. Ненародно ја прекрсти Македонија во „Северна“, заборавајќи дека NOMEN EST OMEN и отвори простор за релативизирање до бришење на ИСТОРИСКАТА врска меѓу името, нацијата и идентитетот.Но, 8-ми септември не се заборава. Го помните ли филмот „Побуната на бродот Баунти“? Јас, да, но ние сме качени на „Титаник““, додава таа.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања