„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

„Споредете ги првите луѓе на државата со оние од 90—тите и ќе видите дали чекориме напред, или назад“, вели Давкова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Capture-2

До каде стигнавме по 31 година самостојност?

— реклама —

Стигнавме до Софија, наместо до Копенхаген, со повеќе уставни амандмани од години на „независност“, до државичка со енормно моќни биснис политичари и слаби институции, ПАРТИСКА држава, заразена со клиентелизам и корупција, олигархиска држава, киднапирана од неука, примитивна, провинцијална „елита“, со луксузен животен стил, без дигнитет и интегритет, поданичка кон „меѓународната заедница“, арогантна кон граѓаните, вели професорката Гордана Силјановска Давкова.

„Стигнавме до нарушено начело на поделба на власта до степен на непрепознавање, до неодговорна влада, влада која не креира политики, туку дистрибуира функции и работни места на подржувачи, го политизира и контролира судството, го крши костурот на државата – администрацијата!

— реклама —

Стигнавме до политичари - БОГОВИ, што е погубен модел за младите луѓе, со убиени надежи, визии и соништа дека ќе биде вреднувано доброто образование, диплома и знаење!

Стигнавме до идиократија. Споредете ги првите луѓе на државата со оние од 90—тите и ќе видите дали чекориме напред, или назад!

Ние сме трагична приказна со најсреќна власт!

На 8-ми септември 1991 година, се качивме на транзицискиот брод „Република МАКЕДОНИЈА“ и запловивме кон Брисел низ разбурканиот трет бран на демократијата, што ја заплисна Централна и Источна Европа. Некои држави, по подолго или покусо патување, се закотвија во Брисел, други, уште патуваат, качени на чамци за спасување, или оставени на милост и немилост на бурите! НИЕ, осамени и без Одисеј, се соочивме со невидени сцили и харибди, обидувајќи се да избегаме од Кирка и Полифем и да останеме ОНИЕ ШТО СМЕ БИЛЕ низ вековите.

Ама, неуката и поданичка (не)македонска посада, со лажен капетан и неспособни офицери, потклекна без отпор и направи НЕВОЗМОЖНИ ОТСТАПКИ пред „добрососедските“ и бриселски притисоци. Ненародно ја прекрсти Македонија во „Северна“, заборавајќи дека NOMEN EST OMEN и отвори простор за релативизирање до бришење на ИСТОРИСКАТА врска меѓу името, нацијата и идентитетот.

Но, 8-ми септември не се заборава. Го помните ли филмот „Побуната на бродот Баунти“? Јас, да, но ние сме качени на „Титаник““, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygbj33q2216190cwVrxb

Сиљановска-Давкова од Дубаи: Светот се менува

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryesk5h62s5mth33aYbYF

Божиќна порака од претседателката: Да ги отвориме срцата и да го градиме доброто општество

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvc74dbrkinjrcKieKXn

Сиљановска пред пратениците: Кочани ја доведе државата на ѕидот на срамот

Македонија | пред 2 месеци

siljanovska-radev-1

Сиљановска-Давкова му понуди помош на Радев: Македонија подготвена да помогне по поплавите во Бугарија

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања