Промени тема
Контакт

Сиљановска-Давкова од Дубаи: Светот се менува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarygbj33q2216190cwVrxb

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати што се одржува во Дубаи, во пресрет на Светскиот самит на владите, порача дека промените во современиот свет неминовно бараат и длабока промена во образованието, со поинакво согледување на реалноста – низ очите на новите генерации. Таа истакна дека во време на забрзан развој на вештачката интелигенција, образованието повеќе не смее да се сведува на еднонасочно пренесување и меморирање факти, туку мора да се насочи кон развој на критичкото и креативното размислување.

На еминентниот собир, на кој учествуваат околу 150 врвни научници, меѓу кои нобеловци и раководители на истражувачки институции од целиот свет, претседателката оцени дека традиционалниот образовен модел е надминат и недоволен за предизвиците на Четвртата индустриска дигитална револуција. Таа нагласи дека денешните ученици и студенти припаѓаат на дигитални и аудиовизуелни генерации кои учат, размислуваат и комуницираат поинаку од претходните, додека образовните системи сè уште функционираат според модели создадени за сосема поинаков, линеарен свет.

— реклама —

Сиљановска-Давкова посочи дека образованието денес се претвора во триалог меѓу наставникот, ученикот и вештачката интелигенција, што го прави процесот на учење подинамичен и посложен. Во тој контекст, таа порача дека вештачката интелигенција не смее да биде забранета, но мора да биде јасно и одговорно регулирана, поради ризиците што ги носи, особено опасноста од зависност и создавање нови облици на нееднаквост. Според неа, клучно е да се постигне глобален консензус дека вештачката интелигенција во образованието и во секојдневниот живот мора да биде транспарентна, правична и водена од човекот.

Во своето излагање, претседателката нагласи дека образованието треба да се насочи кон области во кои вештачката интелигенција има ограничувања, како што се менталната стабилност, емоционалната интелигенција и етичкото и моралното расудување. Таа предупреди дека доколку знаењето и технологијата останат во рацете на мал број актери, постои опасност од создавање ново „дигитално селанство“, со продлабочување на социјалните и економските разлики.

— реклама —

Осврнувајќи се на состојбите во земјата, Сиљановска-Давкова оцени дека ваква промена на парадигмата е неопходна и во македонскиот образовен систем, кој, како што рече, сè уште функционира според застарени модели и бележи слаби резултати. Сепак, таа изрази уверување дека Македонија располага со значаен човечки потенцијал, посочувајќи на научници кои се меѓу најцитираните во светот и на силното присуство на жени во STEM-областите.

— реклама —

Претседателката порача дека науката не познава мали и големи држави, туку само мали и големи идеи, и упати отворен повик за меѓународна соработка. Таа истакна дека Македонската академија на науките и уметностите, како и универзитетите и факултетите во земјата, се отворени за заеднички истражувачки и развојни проекти, нагласувајќи дека токму преку соработка, размена на знаења и совети може да се изгради образование што ќе одговори на предизвиците на иднината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

siljanovska-filipce

Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала на испит“

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-libraryaqhsemj5l5gr4cKUcuq

Сиљановска-Давкова за наводите за шпионажа: „Малку сум збунета од објавите на обвинителството“

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi9gev62ero448EwMmPz

(Фото) Додека јавноста чека одговори за шпионската афера, Сиљановска-Давкова објави дека уживала на опера со „Мадам Батерфлај“

Македонија | пред 3 месеци

mickoski-i-siljanovska-1170x658-1

Мицкоски за аферата со шпионажа кај претседателката Сиљановска: „Тоа се шпионски талог и глодари од минатото“

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања