Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Божиќна порака од претседателката: Да ги отвориме срцата и да го градиме доброто општество

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryesk5h62s5mth33aYbYF

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат овој светол ден, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев.

— реклама —

Во честитката, претседателката истакнува дека Рождеството Христово е денот на раѓањето на Богомладенецот и Спасителот на светот, во кого се споиле божествената и човековата природа во совршено единство.

„Од срце посакувам мирот Божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели“, се вели во пораката.

— реклама —

Сиљановска-Давкова нагласува дека и по повеќе од два милениума, Божиќ нè вдахновува со неизмерна љубов, бесконечна добрина, хармонија и мир, потсетувајќи на важноста од безусловна помош, поддршка и утеха за сите на кои им се потребни.

— реклама —

„Божиќните празници ја зацврстуваат нашата вера и надеж и нè потсетуваат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела“, порачува претседателката, повикувајќи на радост во животот, грижа за заедницата и отворање на срцата за ближните.

Во завршницата од честитката, таа упатува повик за сплотеност и заедничко градење на благосостојбата на македонското општество, поздравувајќи со традиционалниот божиќен поздрав:

Христос се роди!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr1du171d13bdcYIVBNc

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Вреди сите да се бориме за Европа како наш заеднички дом

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library2lc5783s4rig05MHgus

Сиљановска-Давкова: Повторно сме пред историски испит во ова време-невреме

Македонија | пред 1 седмица

siljanovska-filipce

Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала на испит“

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryaqhsemj5l5gr4cKUcuq

Сиљановска-Давкова за наводите за шпионажа: „Малку сум збунета од објавите на обвинителството“

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања