Над 270 контроли на бензински пумпи – кај дваесетина привремен недостиг од гориво
Пазарните инспектори утврдиле дека на дел од бензинските станици во државата имало привремен недостиг на гориво, но станувало збор за краткотрајни прекини во снабдувањето, кои траеле од еден до два часа.Контролите биле спроведени откако на социјалните мрежи се појавија информации дека на некои бензински станици не се точи гориво, по што Државниот пазарен инспекторат излезе на терен со вонредни проверки.Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојкоски, за телевизија Сител изјави дека во изминатите три дена биле извршени повеќе од 270 контроли на бензински пумпи низ целата држава.При инспекциските надзори било утврдено дека кај дваесетина бензински станици имало привремен недостиг на гориво. Сепак, како што појасни Стојкоски, прекинот траел кратко – додека се дополнат резервоарите, по што точењето продолжувало без проблеми.Поради тоа, инспекторите не изрекле казни.Според директорот на Пазарниот инспекторат, причината за ваквата состојба е нагло зголемената побарувачка за гориво, која во одредени моменти била и до четири пати поголема од вообичаеното.
Македонија | пред 23 часа