Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Над 270 контроли на бензински пумпи – кај дваесетина привремен недостиг од гориво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Пазарните инспектори утврдиле дека на дел од бензинските станици во државата имало привремен недостиг на гориво, но станувало збор за краткотрајни прекини во снабдувањето, кои траеле од еден до два часа.

— реклама —

Контролите биле спроведени откако на социјалните мрежи се појавија информации дека на некои бензински станици не се точи гориво, по што Државниот пазарен инспекторат излезе на терен со вонредни проверки.

— реклама —

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојкоски, за телевизија Сител изјави дека во изминатите три дена биле извршени повеќе од 270 контроли на бензински пумпи низ целата држава.

При инспекциските надзори било утврдено дека кај дваесетина бензински станици имало привремен недостиг на гориво. Сепак, како што појасни Стојкоски, прекинот траел кратко – додека се дополнат резервоарите, по што точењето продолжувало без проблеми.

— реклама —

Поради тоа, инспекторите не изрекле казни.

— реклама —

Според директорот на Пазарниот инспекторат, причината за ваквата состојба е нагло зголемената побарувачка за гориво, која во одредени моменти била и до четири пати поголема од вообичаеното.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нафтата со најголем неделен пад од 2020 година, „брент“ се спушти под 91 долар

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 2 седмици

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања