„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

граница

IMG_8813

Вака ќе е цела сезона: Гужва на границата со Грција, а потоа и на обиколницата километарски колони

Гужвите на македонско-грчката граница, односно преминот „Богородица“ станаа постојана слика за време на викендите. Стотици автомобили, долги колони, кои чекаат на четири ленти е сликата и од овој викенд. Според АМСМ се чека од 15 до 20 минути за да се помине границата. Во пракса, според возачите, тоа е и до 40-50 минути стоење во место.Големи гужви летниов период има и при влез во Солун. Поради градежни работи на обиколницата покрај градот, има долги колони.Гужвите се очекува дополнително да ескалираат во екот на сезоната.

Македонија | пред 1 година

IMG_4665

Гужви на границите: Колони возила за влез во Грција

Голем дел од граѓаните за продолжениот викенд се упатиле кон Грција. Од утринаваколони возила пред граничниот премин ,,Богородица”.Од АМСМ велат дека на граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути.На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Апсење на граничниот премин Богородица

На 25.05.2024 во 10.00 часот на Граничниот премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.И.Ф.(47) од Египет, со привремен престој во Република Грција, кој управувал патничко возило „киа“ со грчки национални ознаки.Имено, при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека меѓународната возачка дозвола издадена од Египет била фалсификувана.Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

GP-Bogorodica

(Видео) Викенд во Грција: нови гужви на граница

Трендот за викендите за се поминуваат кај јужниот сосед, Грција, продолжува и годинава. Стотици автомобили од утрово стојат на граничниот премин „Богородица“ каде чекаат да бидат пропуштени.Најголем број се македонски државјани, со оглед на регистарските таблици на возилата, но има и транзитни автомобили, како што се српските.На граничниот премин се чека во три колони и долги редови.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-01-at-10.43.09

(Видео) Првомајско бегство: Се оди за Грција, гужви на граници и долги колони

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во Македонија е околу 15 до 30 минути.На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-28-at-17.04.00

(Видео) Полицаец се степа со обезбедување и колеги во казино, друг бил пијан на апарати - двајцата работеле на граница

Кривична пријава против еден и дисциплински постапки уште против тројца полициски службеници.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик и пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против Н.Д., исто така, полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир. На 04.11.2023 во казино во Куманово, пријавениот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Куманово, кои извршувале службени дејствија. Н.Д., кој бил заедно со Д.П., го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против двајцата полициски службеници поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. Додека за Д.П. изречена е мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.При преземање мерки за расчистување на случајот било констатирано дека при интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полициски службеници од Полициската станица Куманово, не ги преземале сите потребни службени дејствија против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него. И против нив Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност по член 210 од Колективниот договор на МВР.

Македонија | пред 1 година

3C2773EE-781D-4313-91B0-55605F519162

(ВИДЕО) Потоп на граничниот премин “Богородица”, снимка покажува 11 километарска колона

И до десет километри колони со возила има на граничниот премин Богородица. Видео снимка објавена денеска покажува каква гужва има за време на викендот, а се чека со саати.(ВИДЕОТО ТУКА)“Добро утро “Илинденци”, убав провод”, пишува објавувачот.Од почетокот на летната сезона, постојано кружат информациите за гужва на границите. Истите се интезивираат во време на продолжени викенди.

Македонија | пред 3 години

tabanovce-i-bogorodica

Границата со Грција е „окупирана“

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути, а на ГП Богородица за влез и излез се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-11.29.45

(ФОТО) Три километри колона на македонско-српската граница: Надвор е 40 степени, асфалтот гори, а ние заглавени

Колона долга три километри има на македонско-српската граница. Србите чекаат со часови за да влезат, но и да излезат од македонска територија. Најголем дел од нив, одат за Грција, во екот на туристичката сезона. Сликата на границите со Македонија-Грција, за излез од нашата држава, е уште полоша. И таму се чека долго.„Често има и технички проблеми. Надвор е 40 степени, асфалтот гори, а ние заглавени на граница. Не стотина, туку илјадници автомобили стојат во место. Со деца, со се“, пишуваат Србите кои се жалат за долгите колони.Скоро секој петок, од јуни па до септември, гужвите на границите се редовна состојба.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-24-103412

(ФОТО) Гужва на Богородица

Гужва на граничниот премин Богородица. Колони возила чекаат за излез од државата. Од АМСМ информираат дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица каде време на чекање е околу 15 минути.„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, велат од АМСМ.

Македонија | пред 3 години

granica-carina

Апсење на Ќафасан: Цариници, полицајци и граѓани сакале да шверцуваат стока од Македонија

На граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.„Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување на стока од македонска на албанска страна избегнувајќи ги царинските давачки, спроведената истрага која го потврдила тоа“, информира албанската полиција.Според истиот извор, истрагата покажала дека полициски службеници на споменатиот премин, во соработка со царинските службеници, во замена за поголема сума пари, фаворизирале три лица да ја преминат шверцуваната стока без спроведување на постапката за царинење.Како материјален доказ се одземени три возила, девет мобилни телефони, одредена количина парични средства нелегално стекнати нелегално од корупција на работно место, значителна количина разновидна храна и пијалаци, како и друга стока.Поради пониските цени на прехранбените и други производи, како и горивото, голем број албански граѓани, но и тамошни трговци од пограничните населени места, на големо вршат набавка во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

Македонија | пред 3 години

blace-potkup

(ВИДЕО) Раководител на смена на Блаце за 120 евра пропушти шест албански државјани

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководителот на смена на граничниот премин Блаце, Шкрета Елхам, зема 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата. Елхам е познат како голем поддржувач на СДСМ и на политиките на Зоран Заев.Новинарот на ТВ Клан, во улога на патник, плати 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки.Бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници се обратил до телевизија Клан потончно шоуто „Стоп“ со информации дека му бара поткуп за услуга што треба да биде бесплатна од страна на граничарите. Тој трпел огромен притисок од македонските цариници.„Јас сум албански бизнисмен кој превезува луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската погранична полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по возило. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра“, открива бизнисменот за ТВ Клан.Екипа на емисијата „Стоп“ на граничниот премин Блаце ја сними целата постапка како Елхам, како раководител на смена, си бара и си ги зема парите – од шест патници, по 20 евра од човек.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања