Земјотрес од 5,3 ја потресе северозападна Грција – почувствуван и на Крф и во јужна Албанија
Земјотрес со јачина од 5,3 степени утринава ја погоди северозападна Грција, при што потресот се почувствувал и во поширокиот регион околу туристичкиот остров Крф, како и во делови од јужна Албанија.Според првичните информации од надлежните служби во Грција, потресот се случил околу 5:32 часот по локално време, а епицентарот бил на копно, во близина на регионалниот центар Јанина, на длабочина од околу 10 километри.По главниот удар биле регистрирани и повеќе помали последователни потреси. Дел од жителите, исплашени од тресењето, се разбудиле и излегле од своите домови, додека локални медиуми јавуваат и за краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои подрачја, како и за појава на помали свлечишта.Засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета на објектите. Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата, а жителите се повикуваат на внимателност поради можни дополнителни потреси.
Свет | пред 1 ден