Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГРУБИ

artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

Судот не одлучил дали Груби ќе добие притвор

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата поврзана со „Државна лотарија на РСМ“, за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1 т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено јавување на службено лице во судот“, велат од Кривичен суд.Судија не изрекол притвор на ексвицепремиерот Артан Груби и Перпетим Бајрами.„Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, додаваат од Кривичен суд.

Македонија | пред 1 година

artan-grubi

Полицијата влезе во домот на Груби

Полицијата од утрово врши претреси на повеќе локации поради сомнеж за организиран криминал во Лотарија.Според информации на Скопје1, претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.Како што објавивме претходно, тој не е во Македонија, но како што сам објави, во приватна посета е на Косово, а потоа ќе се врати во Македонија.Полицијата го бара и екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.

Македонија | пред 1 година

234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

Груби тврди дека не избегал никаде: Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување

Артан Груби ги демантира шпекулациите дека избегал од државата.„Денеска патував за приватна посета“, вели Артан Груби:„Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување.Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство“.

Македонија | пред 1 година

artan-grubi

Груби и натаму таргет: Вреди бараат да не биде професор, ВМРО-ДПМНЕ одговорност поради мешање во судството

Новиот извештај на американскиот Стејт департмент, кој го објави Артан Груби како личност вмешана во корупција во контекст на спасувањето на Сашо Мијалков, предизвика бурни реакции во јавноста. Коалицијата Вреди повика дека личност како Груби нема место меѓу студентите.Студентите се сегашноста и иднината на оваа земја. Тие имаат право да се образуваат од личности кои се пример за чесност, професионалност и интегритет. Последниот лик на црната листа, Артан Груби, не може да биде амнестиран со статус на Фејсбук, каде што изјави дека се повлекува од јавниот живот. Ова е недозволиво и Универзитетот во Тетово треба да се сеќава на својата генеза и да не му дозволи на слуга на Сашо Мијалков да предава. Дали Артан Груби ќе се повлече од Универзитетот во Тетово? Младите не можат да се образуваат под влијание на личност која е вмешана во судски постапки и корупција. Универзитетот во Тетово треба да го оддалечи Артан Груби и да ги заштити студентите од оваа личност на црната листа, која злоупотребила јавна функција и стана слуга на Мијалков“, вели Вреди.ВМРО-ДПМНЕ во последното соопштение ги обвини Артан Груби и неговите соработници од СДС за системско мешање во правосудството во текот на седумгодишното владеење на коалицијата. Според партијата, со притисоци врз судиите и обвинителите, судските одлуки се носеле под нивен диктат.„Артан Груби, поддржан од СДС, со години влијаел врз судството. Судиите и обвинителите се бирале во партиските штабови на СДС и ДУИ, а одлуките што ги носеле биле под негов диктат. Колку одлуки биле донесени под диктат на Артан Груби, и колку предмети се спречени да стигнат до суд? Колку пари зел Артан Груби за да влијае врз судски одлуки? Со кого ги делел парите што ги спечалил на сметка на правдата?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-12-at-14.20.20

„Артан се издвојува од другите, не носи одлуки за личен интерес“ - Бектеши го бодри Груби

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, застана во одбрана на сопартиецот Артан Груби, кој се најде на т.н. „црна листа“. Статусот на Бектеши може да се сфати и како тешење на Груби, а откако тој реши да се повлече од јавниот живот, но не и партискиот.„Тие што го познаваат Артан, добро знаат дека тој носи одлуки од општ интерес, а не од личен! Така е и оваа одлука полна со храброст, каде семејството е пред се. Артан се издвојува од многу други кога е време за големи одлуки. И покрај се, за мене и јас верувам дека и многу други кои те познаваат колегијално но и приватно, продолжуваш да бидеш вредна личност со високи доблести“, напиша Бектеши.Инаку, Груби објави ферман каде посочи дека е чист како солза, но дека ќе се повлече од јавниот живот.[caption id="attachment_316911" align="alignnone" width="696"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

Артан Груби донесе одлука: Ќе се повлечам, за да не бидам нечив политички товар

Два дена откако беше ставен на црната листа на САД, Артан Груби, поранешен вицепремиер од редовите на ДУИ, одлучи да се повлече од политиката и јавниот живот.„Целиот мој јавен живот, бескомпромисно сум посветен на еднаквоста на Албанците во Северна Македонија, за регион во мир, за целосна интеграција во НАТО, за стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави и за членство во Европската Унија. Тоа се вредности кои не се само мој двигател, туку и обврска што отсекогаш сум ја чувствувал. Нашите достигнувања, за кои сите сме сведоци, не се само заслуга на мојата посветеност и на моите колеги, туку и на искрената и континуирана поддршка од нашите пријатели од Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Фактот што денес Северна Македонија е членка на НАТО и ги започна преговорите за членство во Европската Унија е јасен доказ за оваа соработка и заедничка посветеност.Но, цената на оваа посветеност, цена која отсекогаш била во служба на вредностите и правдата, е тешка за мене и за моето семејство. Огромните напади низ годините, погрешните толкувања и нефер штрајкови ме натераа да размислувам за мојата улога во овој важен момент за земјата и за нејзината иднина. Иако одлуката нагласува дека таа не е за осуда, туку за поттикнување на подобрување на однесувањето, јас пред Бога, семејството и пријателите сум чист како солза, но со намера да придонесам за вистината, која многумина од вас гледам дека веќе ја знаете, а за да не бидам ничив политички товар, решив да се повлечам од јавниот живот и за ова го информирав Претседателот Ахмети уште од првиот ден. Ова е тешка одлука, но неопходна за мир на моето семејство и зачувување на мојот личен и политички интегритет, како и за поддршка на континуитетот на работата и посветеноста на нашиот лидер Али Ахмети. Верувајте во неговиот правилен пат, пат кој беше и останува најголема надеж за Албанците и за сите граѓани на Северна Македонија.Секогаш останувам посветен на овие вредности и ќе бидам покрај нив, како граѓанин и како поддржувач на општото добро. Со почит и огромна благодарност со сето срце за вашата поддршка низ годините, Артан Груби“, напиша ексфункционерот.

Македонија | пред 1 година

enver-artan

Две пораки од ставањето на Груби и судијата на „црна листа“: „Дечки ве знаеме што сте правеле, македонски судови што треба за да работите?“

Се повеќе реакции откако ексвицепремиерот Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети, се најдоа на т.н. „црна листа“ на САД, каде веќе е ставен ексфункционерот Сашо Мијалков. Повеќемината сметаат дека домашните институции треба најитно да реагираат.„Според сите правила, „црнава тројка“, уште вечерва, да не кажам од пред три саати, требаше да биде спроведена по наредба на дежурен јавен обвинител, затоа што очигледно дека еден давал мито, друг примал мито, а трет посредувал и остварувал корист. Мислам, извинете што вака доцна ве вознемируваме вас од правосудството, ама знаете малку, нас ни е незгодно што сте многу тивки. Тука се работи за конкретен предмет - за масовното прислушување. Крај на програмата“, напиша новинарот Кристијан Ландов.„Гледам многу политички аналфабети го минимизираат ставањето на Груби и негов судија на црната листа, па да наведеме зошто е важно. Важно е затоа што се руши деструктивниот момент на ДУИ, им се пресекува петтоколонашката и дестабилизациска акција против Македонија, им се руши и потенцијалниот наследник на Али, се руши нивниот про-европски, про-амерички наратив и монопол како недопирливи и безгрешни. Им се тргаат рацете од судството кое заедно со СДСМ се уште го контролираат и преку обвинители и судии си пуштаат луѓе да избегаат или никогаш да не одговараат. Но, најважно од се, е дека се рушат и ја губат поддршката од вечниот спонзор, Америка. Пораката не е дека само се коруптивни и криминални, што одлично го знаеме, туку дека се одвишни и непотребни повеќе, па дури и штетни. Сега и се дава ветер во грб на власта, да почне да се соочува со криминалот на оваа банда и да ги обезвласти и да им го одземе секој прилив на јавни или криминални пари. И нормално, да почне да ги апси. Има уште многу логики, но и вака е доволно.Затоа, и тоа како е важно што Груби е на црната листа. А да, им се испраќа и порака за тоа што ги чека СДСМ и да поразмислат со кого саделе или сеуште садат тикви. Сега е до власта“, напиша новинарот Ивор Мицкоски.„Ставањето на Црна листа од страна на САД на Груби и компанија носи две пораки. Дечки ве знаеме што сте праеле и не ришајте .... И Македонски судови, што треба да се случи за вие да почнете работите? Мммм?“, пишува „Приказни од Булеварот“.„Артан Груби да се јави на главна каса“, напиша новинарката Жанета Трајковска.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Имињата на „црната листа“ се пораз за нас, со оглед кој раководел и одлучувал за нашите животи, вели Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија, Владимир Туфегџиќ, го искоментира дополнувањето на американската „црна листа“ со две нови имиња - Артан Груби, поранешен вицепремиер на Македонија и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд.„Имињата на функционерите ставени на “Црната листа” на САД се пораз за нас како општество и држава во смисла на тоа кој се раководел и одлучувал со фискална мотивација за нашите животи“, напиша Туфегџиќ.Судијата Енвер Беџети беше фатен како 9 месеци го држи во фиока предметот на Сашо Мијалков за масовното прислушуавње. Груби пак, извршуваше високи функции во Владата на СДСМ и ДУИ.„Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Северна Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби“ стои во известувањето на Стејт департмент.

Коментари | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-18-9110PM

Агелер откако Груби е на „црна листа“: Политичко мешање во судството не може и нема да се толерира

Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира, напиша во официјален статус амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, по објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на на Стејт департментот.Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок, истакна амбасадорката Агелер.

Коментари | пред 1 година

Grubi-1-1536x864-1-585x329-1

Груби: Со албанскиот јазик нема компромис, нема политика, има само нација!

Артан Груби, висок функционер од ДУИ го поздрави писмото потпишано од 250 професори Албанци. Тој е на иста линија со нив и упатува порака до Уставен суд дека не смее да го чепка односно укинува Законот за јазици.„Ја поздравувам академската и националната храброст на албанските интелектуалци против систематските тенденции за поништување на какви било национални достигнувања во однос на еднаквоста во Северна Македонија. Истата грижа ја делат и студентите, учениците, граѓаните, сите без исклучок. Аматерски политички акробации, има закон, нема закон, судот ваков, судот таков, не доведе до ова ниво кое потекнува од непочитувањето на волјата на граѓаните на изборите на 8 мај од претставникот и прифаќањето на безусловно на улогата на покорност од страна на губитниците на изборите. Ние зборуваме албански јазик, и вие! Со албанскиот јазик нема компромис, нема политика, нема партија, има само нација!“, вели Груби.Со писмо на кое потпишани се универзитетски професори од албанска националност, се бара од Уставниот суд, во среда, да не се укинува службената употреба на албанскиот јазик. На него се потпишани 250 лица, бидејќи се сомневаат дека уставните судии ќе донесат политички мотивирана одлука.

Македонија | пред 1 година

artan-grubi

Артан Груби се огласи, зборува за срам

„Немате сила! Ниту знаење, ниту храброст, но уште поважно, ја немате волјата на Албанците, туку ја имате милоста на ВМРО и желбата да се потчинуватр и да им служите“, вели Артан Груби, ексфункционер од ДУИ.„Го осудувам насилството и палењето знамиња, како што го осудувам и институционалното поттикнување на тензии и селективнатс моноетничка правда и во најсилна можна форма демантирам каква било моја наводна монструозна и пропагандистичка поврзаност со настаните од 28 ноември.Срамот што си го наметнавте на себе и на вашите семејства не се покрива со никаква клевета, затоа, согласно законот, очекувам извинување од клеветникот во рок од 24 часа, во спротивно ќе го тужам за откривање на неговите лаги кои им се секојдневие“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-02.19.06

Се јави Груби: Укинување на балансерот е само почеток на рушење на еднаквоста

„Укинувањето на инструментот за етничка еднаквост наречен „Балансер“, кој е во согласност со спроведувањето на принципот на правична и соодветна застапеност, произлезен од Охридскиот договор и Уставот од 2001 година, е само почеток на рушење на еднаквоста“, вели Артан Груби, ексфункционер на ДУИ.„По оваа одлука, на ред е Бадинтер, клучниот инструмент на Охридскиот договор кој спречува мајоризација, надгласување, маргинализација и неправда во Собранието.На балансерот му претходеше отстранувањето на државното знаме од канцелариите, отстранувањето на албанскиот јазик од државните институции почнувајќи од Претседателот, отстранувањето на Албанците од работните места и раководните позиции, оддалечувањето од Европа и конечно укинувањето на законот за албанскиот јазик во овој уставен суд.Наша вина е, според опозицијата, што никогаш не го дозволивме ова и што ги направивме Албанците државотворни и горди.озиции, оддалечувањето од Европа и конечно укинувањето на законот за албанскиот јазик во овој уставен суд.Наша вина е, според опозицијата, што никогаш не го дозволивме ова и што ги направивме Албанците државотворни и горди“.

Македонија | пред 1 година

grubi

(Видео) Груби фати пат да ја бодри Албанија во Германија, иако не отиде за Македонија на Европското во 2021 година

Вицепремиоерот во заминување, Артан Груби денеска го фати патот за Германија. Целта беше да се гледа натпреварот Италија-Албанија, каде Албанија изгуби. Груби имаше и придружба, беше облечен во одело и го бодреше западниот сосед.Наспроти ова, кога Македонија играше на Европско првенство во 2021 година, Груби не отиде да ја бодри. Во јавните архиви, не се наоѓа фудбалски настан на македонската репрезентација каде тој присуствувал во последните години.Груби е поранешен навивачки водач на групата „Шверцери“.Во јавноста посебно актуелен стана во 2011-та година, кога беше еден од организаторите на инцидентите на Кале, за што и доби две години условна казна затвор. Хулиганството на скопското Кале го однесе Груби до политичките височини. Со текот на годините стана десна рака и најблизок соработник на Ахмети.

Спорт | пред 1 година

Нема фотографија

Коалиција ВРЕДИ: Пропадна легализацијата на криминалот на Груби

,,Пред да започнеме со главната тема за која ве поканивме, сакаме да ви кажеме и вам, но и на пошироката јавност дека само во последните 100 дена Артан Груби преку неговиот курбан, Прпарим Бајрами, потроши над 2,1 милиони евра пари на граѓаните за маркетинг и рекламирање на казина и коцкање во дигитални медиуми. Значи, оваа корумпирана власт во заминување, не размислува за кампањи за сензибилизирање на граѓаните за читање и образование, за заштита на животната средина и спорт, за заштита на здравјето и вработување, туку размислува како да ги поттикне граѓаните да играат што повеќе казина и игри на среќа. Следствено, се отвора сомнежот дали на овој начин оваа власт планира да ја финансира нивната пропагандна машинерија, со десетици портали под директна контрола на Артан Груби и Прпарим Бајрами.Но, да одиме по ред. ДУИ преку Арбр Адеми, кој се чини дека ја презеде улогата на адвокат и портпарол на валканите бизниси со коцкање и казино, ја обвини албанската опозиција за опструирање на законот за игри на среќа.Прво, од почит кон јавноста, сакаме да разјасниме неколку работи. Денеска не сме тука да се расправаме со ДУИ. Раководството на ДУИ сами го избраа овој пат на криминал и за оваа одлука ќе бидат казнети од граѓаните, но и од самото членство на ДУИ, на 24 април и 8 мај.Тоа што е важно за нас, е на јавноста да и се разјасни дека е безмислено да се обвинува албанската опозиција дека не даваме поддршка, кога од 64 пратеници на власта, само 51 пратеници гласале За. Ова е јасен доказ дека ДУИ и ова мнозинство, го изгубиле компасот и дека системот целосно им пропаднал.Ние како опозиција ВРЕДИМЕ, а ВРЕДИ е против коцкањето. Додека самото коцкање е анти-вредност. Но, на 24 април и 8 мај, коцкарите ќе ги изгубат изборите, а ВРЕДИ ќе победи.Овој закон за игри на среќа, кој Артан Груби експресно се обиде да го донесе со европско знаменце, за што жестоко реагираше и меѓународниот фактор, немаше никаква врска со заштитата на младите од коцкање, туку беше само обид за легализирање на криминалните договори кои Артан Груби ги склучил преку својот Курбан Прпарим Бајрами. Логично се поставува прашањето: зошто во редовите на ДУИ и кај Артан Груби има толкава загриженост поради тоа што законот не е усвоен? Паѓаат ли во вода милионските договори со српското, бугарското и црногорското подземје? Какви обврски има раководството на ДУИ кон овие кругови?Почитувани граѓани, нема поголема иронија од тоа кога ќе слушнеме како ДУИ-Лотарија кои преку интернет го внесоа коцкањето во секој дом, да ги обвинуваат другите за спречување на усвојувањето на законот. Нема поголема иронија кога ДУИ-Лотарија, која само во овој 4-годишен мандат вложи 46 милиони евра пари на граѓаните во набавка на апарати за казино, да се преправат дека ништо не знаат. Нема поголема иронија кога само во последниот ден како прв вицепремиер, Артан Груби преку неговиот курбан Перпарим Бајрами потроши 12 милиони евра за набавка на нови апарати за казино, а од друга страна го вперуваат прстот кон другите.Овде сме да повториме дека членот 10 од овој предложен закон предвидува отстранување на обложувалниците, но не и на казината на минимална оддалеченост од 500 метри од средните и основните училишта. Со законот предложен од Груби и ДУИ-Лотарија, казина може да се најдат и во училишните дворови. Овој член намерно не ги вклучува казината. Така преку овој закон ДУИ-Лотарија би им затворил прозор на некои обложувалници, но силно би им отворил врата на казината и онлајн казината во ексклузивна соработка со српското подземје. Значи, Да на Русија, преку Србија.Арбр Адеми, пред да го впери прстот кон албанската опозиција, би било добро да го праша својот сограѓанин и пријател, Перпарим Бајрами, дали гореспоменатите факти на врската ДУИ-Србија се причина за неговите чести посети на локалот „Лафајет“ во Белград?Коалицијата на албанските опозициски партии – ВРЕДИ е многу заинтересирана за вистински закон против коцкањето, закон кој ќе ги содржи следните точки:• целосно затварање на игрите на среќа, обложувалници и казина, а не како сегашниот предлог, кој вклучува обложувалници, но не и казина,• целосно затварање на онлајн казината,• детална и независна истрага за сите валкани пари на српското подземје кои со дозвола и знаење на ДУИ влегле во нашата држава преку казино бизнисот.Промената доаѓа преку коалицијата ВРЕДИ, државата ќе се развива, Албанците ќе бидат заштитени, а тие што ја имаат мувата под капа ќе одговараат за сите направени злодела", велат од Коалиција ВРЕДИ.

Македонија | пред 1 година

417513002_10161446156892138_8456261493709764993_n

(Видео) Груби го „срцкаат“ од Виетнам, Ангола, Замбиа, тој знае кој му ги нарачува и зошто

Министерот Артан Груби од ДУИ важи за политичар кој сака да се промовира на социјалните мрежи, а на некои од објавите се гледаат илјадници лајкови во знак на поддршка. Најголемо внимание привлече фотографијата со 5.500 лајкови, од промоцијата на Бујар Османи за претседателски кандидат. Од нив, 2.200 се „срциња“, но голем дел од профилите не се од Македонија туку од Виетнам, Ангола, Замбиа. Груби за „Скопје1“ посочи дека знае чие масло е тоа. „Пред месец дена, на ТВ21 беше Касами и имаше илјадници лајкови од Азија, медиумите го провалија и сега истото се обидуваат да го прават кај мене и кај нас во ДУИ преку нарачка на платени лајкови срца итн, за да го релативизираат нивното фијаско“, вели Груби за „Скопје1“.На социјалнит емрежи постојат алатки кои овозможуваат со плаќање да добиете повеќе лајкови во знак на поддршка. Таква е страницата „order.aladinseo.com“ каде има и ценовник колку се плаќа, а колку лајкови се добиваат. Може да ги нарача било кој, за било кој профил.Груби и преку социјалните мрежи се обрати до албанската опозиција.„Глас да не ви чујам, молчете, и голема благодарност на некреативните и патетични деривати на ДУИ во опозиција за сите фанови од Русија, Кина, Индија, Бангладеш, цела Азија што ми ги донесовте на профилот со парите што сте ги украле, само продолжете Ве сакам сите, освен Русофилите од опозиција“, вели Груби во објавата на социјалната мрежа „Фејсбук“, која има над 800 лајкови.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања