Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГРУБИ

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Груби: Ние сме Ахметисти, Ахметовскиот феномен секогаш победува

Артан Груби од ДУИ, вчера во Теарце изјави дека поддржувачите на ДУИ се поддржувачи на Ахметовскиот дух. Тој рече дека феноменот Ахметисти се студира од многу политиколози.„Вие сте приврзаници, поддржувачи на Ахметовскиот дух. Ахметовскиот дух кој денеска се студира од политиколози, читате колумни секој ден од македонски и странски автори каков е Ахметовскиот феномен кој победува војни, мир, победи и на избори, за 42 години по ред. Ахметовскиот дух цело време бараше војна, се бореше за правда, слобода и еднаквост и кога војната дојде тие избраа мир“, вели Груби.

Македонија | пред 3 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби потпишал обештетувања за четворица поранешни бранители

Потписот на првиот вицепремиер Артан Груби стои во одлуката на Владата за обештетување на четворица поранешни припадници на безбедносните сили во 2001 година. Документот што го обезбеди Алсат е од седницата на Владата на 25 мај 2022 година и освен што го задолжува Министерството за финансии да изврши исплати на четири лица, го задолжува и државниот правобранител да се откаже од извршните постапки против обештетените. Алсат ја обезбеди сумата со која е обештетен секој поранешен бранител. На секое решение за обесштетување стои потписот на првиот вицепремиер Груби.Вредност на обештетувањеСашо Величковски 541.194 денари - 8.800 евраДимче Манчов 416.588 денари - 6.770 евраМарјан Величковиќ 496.743 денари - 8.000 евраЗоран Ангеловски 362.894 денари - 5.900 евра Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

51527416724_29ef17fba6_c

Се огласи Груби за објектот на Средното медицински училиште во Тетово

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби се повлече и сега стариот објект на Средното медицински училиште во Тетово ќе остане во владение на општината.-Наоѓајќи се секогаш во служба на потребите на граѓаните, потенцирам дека барањето на родителите и учениците за потребата од користење на тие простории е апсолутен приоритет за мене и за Владата, затоа и без никакво двоумење веќе од вторник, Владата ќе го врати на нивно располагање стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово, исто како што направивме и пред една година. Ние им служиме на нашите граѓани без никаква резерва и немаме заробен ум или злобна душа да им се одмаздиме на граѓаните или институциите, тоа го докажавме во изминатите 21 година и тоа никогаш нема да се промени, напиша Груби на социјалната мрежа Фејсбук.Тој вечерва тврди дека во одлуката објектот да се отстапи на Агенцијата за катастар на недвижнисто немало никаква тенденција. Појаснува дека тоа било побарано уште кога градоначалничка на Тетово беше Теута Арифи.-Во врска со изнесените полемики денес во јавноста за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово во служба на Агенцијата за катастар на недвижности, би сакал да дадам објективно разјаснување на целата ситуација и да појаснам дека во одобрувањето на оваа одлука од страна на Владата нема никаква намерна тенденција. Ваквата одлука првично е донесена на барање на Агенцијата за катастар во 2021 година, во времето кога општина Тетово ја водеше Теута Арифи. Владата тогаш ја разгледа разумноста на ова барање за задоволување на просторните потреби на Агенцијата за катастар, која ја чуваше документацијата на несоодветни простори и даваше услуги во непристојни услови за граѓаните на Тетово и ја усвои одлуката, но на барање на општината тогаш и ги врати просториите на располагање на училиштето. Агенцијата за катастар го повтори барањето оваа година со образложение дека постојат простории кои не се користат. Без никаква намерна тенденција, исто како и во 2021 година, Владата ја усвои одлуката тие простории да преминат на користење на наведената агенција за да им служат на граѓаните на Тетово, напиша Груби.

Македонија | пред 3 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби им ја одзеде училишната зграда на гимназијалците од македонска настава

Со одлука донесена на 20 јули оваа година, а потпишана од првиот вицепремиер Артан Груби, се одзема една зграда од тетовската гимназија во која учат учениците од македонска настава и објектот му се доделува на тетовскиот Катастар, објави СДК. Македонските ученици од тетовската гимназија сега учат во два објекти од старото медицинско училиште, па ако се реализира оваа одлука , односно ако им се одземе едната зграда, тогаш околу 80 ученици ќе останат без можност за натамошно школување во гимназијата, бидејќи ќе нема каде да ја следат наставата. На ваквата одлука остро реагира градоначалникот на Тетово Билал Касами кој вели дека ова е само одмазда на ДУИ, но и на СДСМ за претрпениот пораз на последните избори за Совет на општина Тетово.„Надвор од секоја здрава логика, СДСМ и ДУИ продолжуваат со реваншизмот кон Тетово и тетовци. На одмазднички начин, Артан Груби потпишал одлука, со која старата зграда на медицинскиот училиштен центар се дава на трајно користење на Катастарот на Тетово. Како што може да се види, со оваа одлука, овој објект без потреба и без никаква претходна консултација, се дава на користење на Катастарот. Оваа одлука ја оценуваме како самоволна и како одмазда со казнување на образованиот процес и учениците од Тетово, знаејќи дека во овој објект се држи настава. Оваа одлука е злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми директно страдаат учениците, оневозможувајќи да имаат основни услови за образување“, изјави градоначалникот Касами на денешната прес-конференција.

Македонија | пред 3 години

dfasdfasdf

„Во држава изградена врз етничка основа постојат само племиња“, „На ДУИ им е во опис да шират омраза кон се македонско“, жестоки реакции за исвиркувањето

Професорката Мирјана Најчевска и пратеникот од Левица Борислав Крмов, се меѓу првите кои се јавија со реакција по видеото на кое се гледа како дел од публиката ја исвиркува водителката додека таа зборува на македонски јазик.Најчевска смета дека вака не се гради современа држава.„Државата која се базира на колективитети изградени врз етнича основа не може да биде современа демократска граѓанска држава која ги штити права на поединците. Во ваквата држава нема индивидуи. Постојат само племиња и племенска заштита“, напиша таа.Крмов смета дека е нормално за ДУИ да шират омраза кон се што е македонско.„Со големоалбанска и етно-шовинистичка матрица, ширењето омраза кон се што е македонско, на ДУИ им е во опис на работно место. Шовинизмот и омразата на ДУИ се 'борба за човекови права', додека барањето заштита на Македонците од асимилаторските политики на соседите е 'национализам'“, напиша тој.Бројни осуди имаше и од граѓаните на социјалните мрежи.

Коментари | пред 3 години

skenderbeg-prosalva

ВИДЕО: Водителката на „рамковниот фестивал“ исвиркана кога зборуваше на македонски јазик

На синоќешната прослава по повод 21-годишнина од Охридскиот рамковен договор, која се одржа на плоштадот Скендербег, водителката која читаше на македонски јазик беше исвиркана од страна на публиката.На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат свирежи додека се чита најавата на македонски јазик.Синоќа на плоштадот Скендербег беше организирана забава којашто Груби ја оцени како „Полн погодок“, под наслов „Мировен фестивал“, а беше платена 100 илјади евра од буџетот на ова Министерство.

Македонија | пред 3 години

grubi-4

„Во Тетово ќе се произведуваат електрични возила, Владата ќе субвенционира 130 милиони евра“, тврди Груби

Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила во Тетово.„На годишнината на Охридскиот мировен договор, во Сабота на 13 август, ќе го поставиме камен-темелникот на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово.На денешната седница на Владата ја одобривме државната помош за реализација на оваа инвестиција во износ од 130 милиони евра со што ќе се отворат 900 нови работни места, напиша тој.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-grubi-dui

Груби јавно го пофали Ахмети: Тој направил повеќе за Косово отколку за Македонија

Нашиот лидер Али Ахмети направил повеќе за Косово, отколку за С. Македонија и врз основа на овој факт, Ахмети не може да направи или да мисли ништо лошо за Приштина, изјави македонскиот вицепремиер Артан Груби за ТВ Еуроњус од Албанија.На гостувањето во емисијата Балкански муабети на новинарот Франко Ерго, за која Груби објави и на својот профил на Фејсбук, зборуваше за односот помеѓу високите функционери на ДУИ и за Косово.На прашањето дали преку иницијативата Отворен Балкан Ахмети и премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ, двајцата Албанци, му прават штета на Косово, Груби рече дека Ахмети направил повеќе за Косово, отколку за Македонија и дека врз основа на овој факт, Ахмети не може да направи или да мисли ништо лошо за Косово, пренесуваат медиуми на албански јазик.Освен тоа дека Ахмети направил повеќе за Косово отколку за Македонија, Груби истакнува дека во четири земји „доминираат албанските елементи“.– Косово во која било регионална иницијатива е четврта земја со Албанци, a го имате Един, мене и Али, го имате и Дритан. Во четири од шесте земји на Западен Балкан доминираат албански елементи и не можат да дозволат Косово да биде оштетено и дискриминирано, истакна Груби.Тој додаде дека Косово би имало многу можности и придобивки од Отворен Балкан.– Можете да учествувате како набљудувач, како што тоа го прави Дритан, можете да одлучите дека билатералните договори се само билатерални. Косово може да ги потпише тие договори за слободно движење на луѓе и стоки за да си помогне и да си помогнеме меѓусебно, меѓу Приштина и Скопје, Приштина и Тирана, изјави Груби.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Заев и Груби договориле деградација на Агенцијата за млади и спорт, вели Кираџиева

Заев и Груби го договориле почетокот на пропаѓањето на спортот во Македонија преку бришење на Агенцијата за млади и спорт како самостоен орган и нејзино интегрирање под раководство на Министерството за односи помеѓу заедниците, вели координаторката на Левица - Сектор спорт, Весна Кираџиева.„Со Записникот од Советот за Јавна Администрација од 13. јули 2021 година и усвоениот Интегриран извештај за државна реорганизација на седница на Владата од 08. Март 2022 година, прифатено е Агенцијата за млади и спорт да биде под Министерството за односи помеѓу заедниците. Без вршење на никаква претходна анализа во однос на спортот во Македонија, или консултација со АМС, Груби предложил, а Заев се согласил со оваа понижувачка одлука која го засега спортот во Македонија!Тоа значи дека Агенцијата за млади и спорт ќе биде деградирана од самостоен орган што досега беше случај и ќе влезе под раководството на Министерството за односи помеѓу заедниците. На Македонија ѝ е потребно Министерство за спорт кое ќе го води спортот и ќе го издигне на нивото на кое заслужува! Спортот е потребно да се надгради од ниво на Агенција, во соодветно Министерство кое ќе се грижи за напредокот, а не да се случува спротивното – спортот да се деградира на ниво на некаков орган под било кое министерство. На спортистите им е потребен претставник на Владините седници кој ќе одлучува рамноправно за националните прашања како што е и спортот, заедно со останатите Министри, а не за судбината на спортистите да одлучуваат луѓе кои воопшто не знаат што тоа значи, како што е случај токму сега.Јасна е целта на предлогот на Груби и ДУИ, а поддржани од СДСМ на Заев и Ковачевски да ја продолжат својата агенда на поделба во општеството, во кое провоцираат поделба на национална основа, а целта е профит и купување на гласови кога распределбата на буџетот и во овој дел ќе бидат поделени на национална основа, а нема да не изненади доколку видиме таква нацонал-шовинистичка поделба и на ниво на спортските федерации, за што Левица опоменува веќе некое време наназад.Го повикуваме директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовки да се држи до ставот дека ќе се спротивстави на оваа одлука!Ја повикуваме советничката за спорт на Премиерот, Силвија Митевска, да ја искористи својата советничка позиција и да го советува премиерот за тоа колкава негативна импликација ќе има оваа деградација за спортот во Македонија.Ги повикуваме сите спортски федерации, клубови, спортисти и младински организации да реагираат до Владата на Република Македонија со протестна нота и гласни реакции во јавноста против оваа владина одлука на СДСМ и ДУИ.Ги повикуваме сите политички партии, да не бидат неми набљудувачи особено опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициони партнери да го стори истото“, додава таа.

Македонија | пред 3 години

FVCqOLeXoAADSjt

Откако Рама нѐ прогласи за „идна западна Бугарија“, Груби сподели фото и напиша: Респект

Македонскиот вицепремиер и министер Артан Груби со фотографија го поздрави Еди Рама, кој Македонија ја претстави „западна Бугарија“. Кратко откако јавноста се бунтуваше за ваквиот пристап на албанскиот премиер, македонскиот вицепремиер му одадде почит.„Респект“, напиша тој споделувајќи фотографија од Рама, Ахмети и него на маса како се смејат.Во коментарите, Груби доби круни, албански знамиња, но и коментари како „Криминaлец“, „Наркос“, „Еди е одличен“.Фотографијата доаѓа неколку часа откако цела јавност се крена на нозе по коментарот на Рама, на кој македонскиот премиер Димитар Ковачевски се смееше.Сепак, останува нејасно дали коментарот на Груби каде изразува почит кон Рама се однесува на неговиот потег каде со невкусна шега ја навреди Македонија. Истиот доаѓа во моменти кога многумина бараат албанскиот премиер да биде прогласен за „персона нон грата“

Македонија | пред 3 години

grubi-4

Артан Груби наместо по компетенции вработува роднини, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби го приватизира министерството, наместо по компетенции вработува роднини, обвинува ВМРО-ДПМНЕ„Со одлука на Груби од 21.03.2022 година на работно место самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење е вработен Сезар Груби.Ова е директен непотизам, и во спротивност со Законот за спречување на корупција.Во министерството каде Артан Груби е министер, со негов потпис, се вработува неговиот роднина?ДКСК веднаш да го испита случајот и да се поништи одлуката за вработување.Груби, е синоним за тоа како врвот на ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување на своите блиски луѓе.И додека граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, со високи сметки за струја и парно, со покачени цени на горивата и основните животни намирници СДСМ и ДУИ работат за свој личен интерес“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби вели дека изјавите на директорот на Државниот завод за статистика се за жалење

Останаа уште само осум дена до објавувањето на резултатите од Пописот на населението. Првиот вицепремиер, Артан Груби, во гостувањето на тв 21 вели дека е задоволен од процесот, но не сакаше да ја коментира изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој рече дека откако ќе бидат објавени резултатите, тој ќе биде државен непријател број еден.– Има неколку изјави на директорот на Заводот, кои се за жалење. Јас знам, но ќе оставам тој да објасни. Нема потреба од вакви драми во општеството. Јас сакам да се заблагодарам за сета помош при процесот за спроведување на пописот, бидејќи навистина беше извонредна работа. Сите кои придонесоа, вклучувајќи го и премиерот Еди Рама, Албин Курти и сите министри кои беа дел од кампањата.Вицепремиерот уверува дека нема да има манипулации во однос на бројките. Албанците и останатите етнички заедници ќе излезат толку колку што се, тврди Груби.-Нема да има веќе никаков страв од страна на било која заедница околу тоа кој што е и дали Албанците се 10, 20 или 14%, како што е пропагандата во земјата. Фалсификуван е само пописот од 2002 година. Убеден сум дека сите тие тврдења ќе бидат отфрлени, ќе бидат демантирани до крајот на март, кога ќе бидат објавени резултатите. Сакам да им олеснам на граѓаните, нека бидат мирни бидејќи бројките се такви какви што се. Задоволен сум од целиот спроведен процес-рече Груби.Статистичките податоци од септемврискиот попуст, кој беше одложуван неколкупати, треба да бидат објавени на 30-ти март. Статистичката операција со 20 години задоцнување, конечно треба да го донесе вкупниот број на населението и домаќинствата.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања